AI веќе пишува код. Но, дали тоа е доволно? Денес секој може да генерира парче код со неколку промптови. Но вистинското прашање е: дали можеш да го разбереш, да го тестираш, да го обезбедиш и да го испорачаш како вистински продукт?
На второто издание на Tech Talks ќе разговараме за Vibe Coding, AI агенти и иднината на програмирањето. Ќе слушнете од експерти кои секојдневно работат со развој на софтвер со поддршка од вештачка интелигенција, автономни работни процеси управувани од AI агенти и современи архитектури за развој на софтвер.
Ќе дознаете зошто иднината не им припаѓа на оние што само користат AI, туку на оние што знаат како да го насочат.
Светот на софтверот се менува побрзо од кога било. Денес не е доволно само да знаеш да пишуваш код. Потребни се луѓе што знаат како да работат со AI, да го насочат и да го подобрат неговиот резултат, и од идеја да создадат вистински дигитален производ.
Токму затоа Vibe Coding станува една од најатрактивните насоки за идните софтверски професионалци. Наместо часови поминати на рутинско кодирање, фокусот се префрла на креативноста, логиката, решавањето проблеми и способноста една идеја да се претвори во функционално решение.
На овој Tech Talk ќе дознаете зошто AI нема да ги замени програмерите, туку ќе создаде нова генерација професионалци кои знаат како технологијата да ја користат побрзо, попаметно и поефикасно.
21 октомври 2026 година
18:00 часот
Семос Едукација
Настанот е бесплатен, но потребна е претходна регистрација.
На вториот Tech Talks ќе гостуваат четири реномирани професионалци.
Научете како да работите со AI, да градите реални проекти и да ги претворате идеите во дигитални производи. Иднината им припаѓа на оние што знаат да ја насочат технологијата.
Панелистите ќе споделат реални примери од своето секојдневие.
22.09.2026 | 18:00 | Семос Едукација, Скопје