Дали би се чувствувал/а посигурно кога би знаел/а дека во текот на образовниот процес не си сам/а?
Ивона – Специјалист за студентска поддршка, е со тебе во текот на академијата давајќи ти лична и академска поддршка.
Уште на самиот почеток, на деновите на запознавање, Ивона ќе те запознае со групата и тимот на Семос Едукација, ќе ги поставите личните кариерни цели и очекувања од академијата, како и заедничките цели на групата кои доведуваат до успешни резултати од процесот на едукација.
Во текот на образовниот процес, чувствата како сигурност, припадност, поврзаност и поддршка секогаш ќе бидат со тебе. Преку различни тематски работилници, систем на пријатели, игри и состаноци, учењето ќе ти биде поинтересно, динамично, успешно и со многу моменти кои ќе ти останат доживотни спомени после академијата. Со Ивона и групата од академијата, ќе создадете простор каде што ќе учите, ќе комуницирате без проблем, ќе прашувате, ќе згрешите, ќе се охрабрите и ќе напредувате надминувајќи ги сите предизвици.
даваме поддршка на студентите во текот на целиот образовен процес
градиме систем на пријатели
остануваме поврзани и после академијата
Специјалист за Студентска Поддршка
ivona.ignatoska@semos.com.mk
+389 75 387 785, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.