Microsoft Logo

Microsoft Cloud Developer (.NET)

Официјална Microsoft програма

Здраво! Ти си тука, што значи дека си паметна личност која сака сигурна кариера во IT индустријата. Единственото место во Македонија каде што ќе учиш по официјална Microsoft програма и ќе станеш Microsoft Certified Azure Developer.

Семос Едукација како Microsoft Solution Partner во соработка со Microsoft ја креираа единствената програма на овие простори за да овозможи да се стекнете со сите неопходни вештини за да станете признаен Azure Developer во светски рамки.

Ново ниво на знаење со AI

Интеграцијата на вештачката интелигенција во .NET Академијата претставува значаен чекор кон модернизација на програматa. Студентите ќе научат како да користат напредни AI алатки за да креираат интелигентни и интерактивни апликации. Преку модулот кoj вклучува интеграција на OpenAI API, студентите ќе се стекнат со практични вештини кои се неопходни за современите програмери.

АПЛИЦИРАЈ која ти носи сигурна иднина!
Избери Microsoft програма и стани Microsoft .NET Developer.

ЗАКАЖИ СРЕДБА
ПРОГРАМА

Microsoft Cloud Developer е оној кој што ги дизајнира, развива, хостира и одржува софтверските решенија, тие вештини ќе ги стекнете тука на Microsoft Cloud Developer (.NET) академијата. Со преминувањето од застарените серверски т.е On-premise околини во облак т.е cloud околини, ИТ пазарот е во дефицит на програмери од овој профил.

Усовршете ги најпознатите јазици и алатки за развивање на софтвер и сервисите на еден од светски најголемите провајдери на облак околини Microsoft Azure. Бидете подготвени за нови предизвици, дизајнирајте и развивајте монолитни и модерни микросервисни софтверски решенија. Користење на server и serverless сервиси на Microsoft Azure.

Станете професионалец во ова поле и бидете конкурентни на Македонскиот и светскиот ИТ пазар бидејќи тоа што го развивате – е битно!

За кого е наменета оваа Microsoft официјална програма?

За сите оние кои сакаат професионално да се занимаваат со програмирање и хостирање на веб решенија и да ги усовршат своите вештини од оваа област со цел да добијат поголеми можности за градење на кариера како и вработување или поголеми примања.

Оваа Microsoft официјална програма е за тебе доколку:

Си програмер што сака да се надогради

Си логичар

Сакаш постојано да се надоградуваш

Имаш желба да станеш Cloud Developer, за кој не се потребни претходни предзнаења

Зошто Microsoft Azure Developer?

Способноста вашата идеја и решение кое што е од општо добро да го преточите во код и тоа да е достапно на целиот свет, можете да го реализирате доколку сте сертифициран Azure Developer. Помогнете им на многу луѓе и бизниси без никакви ограничувања.

Со изучување на најпопуларните јазици и алатки за веб програмирање вие ќе бидете способни да развивате уникатни и модерни веб решенија, но за тоа решение да биде достапно насекаде во светот ние ќе ве запознаеме и оспособиме да работите со cloud т.е облак сервисите на Microsoft Azure. Користење на бенефитите на serverless computing сервисите на Azure кои ви даваат можност да се фокусирате на развивање на апликација, тие се грижат за целата систем администратор страна, а на вас останува кој сервис ќе го користите. Бидете дел од целосниот циклус на развивање на софтверски решенија почнувајќи од архитектурен дизајн, развивање, хостирање, анализа и одржување.

Уживајте ги сите придобивки на сертифициран Azure Developer, работете од дома, работете кога патувате или во модерна канцеларија, и што е најбитно вашиот работодавец може да биде лоциран било каде во светот.

Академијата за Cloud Developer ќе ви даде шанса да сте топ фит за сите ИТ компании на Македонско и светско ниво.

Курс Часови
55320: Programming with HTML, CSS, and JavaScript 40
55339: Programming in C# 40
55340: Developing ASP.NET Core Web Applications 40
AZ-900:Microsoft Azure Fundamentals 8
AZ-204: Developing solutions for Microsoft Azure 40
Генеративна вештачка интелигенција (AI) 8
Интегрирање на AI во .NET апликации 9
Со полагање на официјалниот Microsoft испит AZ-204: Developing solutions for Microsoft Azure, ќе се стекнете со Azure Developer Associate сертификат.
Опис на предметите опфатени во оваа програма

На оваа обука ќе се запознаете со client-side програмирање. Во текот на обуката ќе ги совладате сите три основни и битни јазици кои се користат за client-side програмирање HTML, CSS и JavaScript. Овој курс вклучува многу практични вежби и лабораториски вежби кои се примери од вистински задачи за client-side програмирање.

На оваа обука ќе ги научите основите на C# програмска структура, синтакса на јазикот и имплементациски детали, концептот на објектно ориентирано програмирање, основи на бази на податоци и мрежи. Потоа ќе го сумирате знаењето и ќе изградите апликација која користи неколку делови од .NET користејќи го Microsoft Visual Studio. Плус ќе ве научиме како да работиме со Git и GitHub за успешна работа во тим.

Основната цел на овој курс е да ве оспособи професионално да развивате ASP.NET Core веб апликација користејќи ги .NET алатки и технологии. Фокусот е на кодирањето, подобрување на перформансите и скалабилноста на веб апликацијата.

На оваа обука ќе се запознаете со Microsoft Azure Cloud. Основните концепти на cloud и сервиси кои ќе ви помогнат во понатамошната обука на оваа академија. Тука ќе се сретнете со Active Directory, виртуелни машини, профили за чување податоци, мрежи, безбедност, цени на сервисите и менаџирање со трошоци на облак т,е. Cloud.

На оваа обука ќе се сконцентрираме на дизајнирање на архитектурни решенија на облак, ќе се запознаеме со server и serverless сервиси, комбинација на повеќе Azure сервиси со цел добивање на модерна микросервисна архитектура на која ќе се имплементирани најдобрите пракси за интернет безбедност, скалабилност, редундантност, достапност и ефикасност. Имплементација на мониторинг системи.

Воведуваме бесплатна обука за вештачка интелигенција Generative AI со која ќе ти овозможиме брз влез за работа во било која индустрија и ќе те подготвиме со вештини на иднината.

Оваа обука ги опфаќа основите на вештачката интелигенција и креирањето мулти-модална содржина со помош на AI алатки, со посебен осврт на генеративната вештачка интелигенција. Што е prompt engineering? Како да напишеш ефективен промпт? Што е модел?

Ова се дел од прашањата за кои курсот за генеративна вештачка интелигенција дава одговори. Преку примери од реални бизнис сценарија, ќе се разгледуваат етичките аспекти и предизвиците при примена на AI решенија. Дополнително, ќе се анализира оправданоста на проекти за имплементација на вештачка интелигенција.

  • Основи на вештачка интелигенција
  • Креирање на мулти-модална содржина со алатки за вештачка интелигенција
  • Примери од реални бизнис сценарија
  • Етика во вештачка интелигенција
  • Предизвици при примена на решенија каде е интегрирана вештачка интелигенција
  • Оправданост на проекти за имплементација на вештачка интелигенција

Признаени професионалци со долгогодишно искуство во програмирање и работа со комплексни системи од разни области во Македонија и странство.

Христијан Шурбески

Христијан Шурбески

Microsoft Certified Trainer

SRE Team Lead @DEPT

3+ години искуство

Никола Мишевски

Никола Мишевски

Software Engineer @Open GI

3+ години искуство

Јана Таневска

Јана Таневска

Career Advisor

10+ години искуство

Violeta Vukelikj

Виолета Вукелиќ

HR manager

19+ години искуство

Со твојот упис добиваш бесплатни три курсеви во еден пакет во вредност од 500€:
1. Фриленс курс во вредност од 200€

Фриленс работењето е одличен старт по завршување на академијата.

По завршување на Академијата, ти овозможуваме фриленс курс во вредност од 200€, а ти ќе имаш можност да го слушаш бесплатно.

Содржина на курсот:
Комуникација со клиенти
Time management
Project management
Плаќање и даноци
Креирање и развивање на сопствен Фриленс профил

Со посета на курсот ќе стекнеш знаења и вештини кои ќе те претворат во успешен фриленсер!

2. Обука за Лична организација и менаџмент ориентиран кон резултати во вредност од 100€
Содржина на курсот:
Познавање и разбирање на поимот „клиенти“, надворешни и внатрешни клиенти
Разбирање на услугите што им се даваат на клиентите
Ефективни начини за комуникација, важноста на повратните информации од клиентот
Проценка на клиент, решавање на конфликти и одговорно однесување
Проценка на лична ефикасност
Организациска ориентираност кон реузултати
Ориентираност кон акција и проценка на ефикасност
Стратегија за подобрување на резултати и градење вештини
3. Generative AI во вредност од 200€
Содржина на курсот:
Основи на вештачка интелигенција
Креирање на мулти-модална содржина со алатки за вештачка интелигенција
Примери од реални бизнис сценарија
Етика во вештачка интелигенција
Предизвици при примена на решенија каде е интегрирана вештачка интелигенција
Оправданост на проекти за имплементација на вештачка интелигенција

2.670 EUR

искуство

Потребно искуство

Почетник

времетраење

Времетраење

6 месеци

часови

Број на часови

185 часови

цена

20% попуст до 27 декември

сертификат

2 официјални Microsoft сертификати и 1 диплома

плаќање

Плаќање

Во готово / на рати

обука

Тип на обука

Онлајн

динамика

Динамика

4 часа дневно во работни денови, од 17:00 – 21:00 часот

почеток

Почеток

17 март 2025

слободни места

Мали групи до 15 студенти со цел индивидуален пристап кон секој слушател

РЕЗЕРВИРАЈ МЕСТО
ШТО ЌЕ НАУЧИШ НА АКАДЕМИЈАТА?

Frontend & Backend програмирање

HTML, CSS, JavaScript

C#

ASP .NET Core Web Applications

Основи на Microsoft Azure Cloud и развивање решенија

Работа на реални практични проекти

ПО АКАДЕМИЈАТА
Каде те гледаме по завршувањето на академијата?

По завршување на оваа единствена официјална Microsoft Cloud Developer академија, ќе ги имаш сите потребни знаења и вештини за да започнеш кариера како Microsoft Azure Developer и тоа со користење на најбараниот Microsoft Azure Cloud и ASP .NET Core Web Application

Кариерниот центар на Семос Едукација ќе те поддржи во процесот за апликација за пракса или вработување во компании соработници и талент партнери со кои заедно ќе работиш на реални проекти.

КОН КАРИЕРЕН ЦЕНТАР
award

Сертификати

certificate1
ДИГИТАЛНИ БЕЏОВИ
Microsoft Certified Data Analyst
АНАТОМИЈА НА .NET DEVELOPER
работа
Каде ќе работиш?

IT индустрија

Стартапи

Компании во различни индустрии

плата
Колку ќе заработуваш?

Во просек ќе заработуваш 64.000 денари месечно.(glassdoor.com)

бенефити
Дали имаш придобивки?

IT компаниите се повеќе бараат софтверски инженери со познавање на C#/.NET и овој број расте секојдневно, а пак од друга страна постои дефицит од луѓе кои го познаваат .NET. Со самото ова, има голем простор за нови потенцијални .NET програмери да се приклучат на оваа гранка во програмирањето. Сертификацијата од Microsoft дополнително ти носи големи шанси да се вработиш веднаш по завршувањето на Академијата, или да имаш раст во својата IT кариера.

.net developer

.NET DEVELOPER

ПОВЕЌЕ ЗА АКАДЕМИЈАТА
СОРАБОТНИЦИ

110+ КОМПАНИИ ВЕРУВААТ ВО КВАЛИТЕТОТ И
ЗНАЕЊЕТО НА СТУДЕНТИТЕ НА СЕМОС АКАДЕМИИ.

Сања Гавриловска

Закажи средба со Сања!

Сања Гавриловска

Sales Specialist

mail icon

sanja.gavrilovska@semos.com.mk

working time icon

+389 75 226 875, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.

Закажи средба со Сања!

Сања Гавриловска

sanja.gavrilovska@semos.com.mk

+389 75 226 875, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.

ДАЛИ ТИ СИ СЛЕДНИОТ MICROSOFT .NET DEVELOPER?

Направи го првиот чекор!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР