Доколку си заинтересиран за кариера како JavaScript Developer на веб апликации, оваа Академија е вистинската програма за тебе. Во текот на програмата ќе стекнеш вештини и компетенции за развивање на веб апликации користејќи Open Source технологии и алатки (Linux, HTML & CSS, JavaScript, React.js, Node.js and MongoDB, third party API), а сето тоа во функција на понатамошно образование и брз влез во IT индустријата.
Ново ниво на знаење со AI
JavaScript академијата воведува интеграција на напредни алатки за вештачка интелигенција за подобрување на искуството на секој слушател, каде студентите ќе се занимаваат со практични модули во кои ќе имплементираат вештачка интелигенција директно во сопствените веб апликации. Ќе учат како да интегрираат и користат API na голем јазичен модел (LLM) во една веб апликација, како да интегрираат дата база за добивање на фокусирани одговори, како и потребните постапки за како да креираат чатбот апликација.
Избери JavaScript Академија за сигурна IT кариера.
ЗАКАЖИ СРЕДБАСемос Компјутерски Образовен Центар е установа за образование на возрасните за реализација на посебна програма JavaScript Девелопер,бр.УП113 –3511 од 22.12.2021 год.
Од декември 2021 година, Семос Едукација стана акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за реализација на посебната програма JavaScript девелопер на веб апликации.
Оваа академија е за тебе доколку си:
Љубопитен
Адаптибилен
Креативен
Упорен
Трпелив
Ориентиран кон детали
Со запишувањето на JavaScript академијата, ти ќе имаш можност да научиш да работиш со Linux оперативниот систем. Исто така, ќе знаеш како да направиш веб страница со помош на HTML & CSS и JavaScript, и тој код да го верзионизираш во Git. Со помош на Node.js ќе употребуваш вградени, локални и надворешни модули и ќе работиш во датотечен систем. Ќе креираш MongoDB бази на податоци и REST протоколи за изработка на веб сервиси. Ќе вршиш интеграција со надворешни сервиси (third party API) и ќе оспособиш околина на опслужувачот за JavaScript веб апликација.
Модули | Часови |
---|---|
Основи на веб програмирање |
42 |
Front-End развој на веб апликација со JavaScript технологија |
72 |
Back-End развој на веб апликација со JavaScript технологија |
75 |
Генеративната вештачка интелигенција (AI) |
8 |
Интеграција на AI во развој на веб апликација |
12 |
Практична изработка - „Развој на веб апликација“ |
30 |
Кариера |
9 |
Воведуваме бесплатна обука за вештачка интелигенција Generative AI со која ќе ти овозможиме брз влез за работа во било која индустрија и ќе те подготвиме со вештини на иднината.
Оваа обука ги опфаќа основите на вештачката интелигенција и креирањето мулти-модална содржина со помош на AI алатки, со посебен осврт на генеративната вештачка интелигенција. Што е prompt engineering? Како да напишеш ефективен промпт? Што е модел?
Ова се дел од прашањата за кои курсот за генеративна вештачка интелигенција дава одговори. Преку примери од реални бизнис сценарија, ќе се разгледуваат етичките аспекти и предизвиците при примена на AI решенија. Дополнително, ќе се анализира оправданоста на проекти за имплементација на вештачка интелигенција.
Признаени професионалци со долгогодишно искуство во програмирање и работа со комплексни системи од разни области во Македонија и странство.
MSc, Cloud Computing
Software Engineer / Founder @Beyond Basics
23+ години искуство
Java Software Engineer @Valtech
7+ години искуство
PhD, Informatics science
University professor @FON University
30+ години искуство
Senior Full Stack Developer @SemosCloud
5+ години искуство
Global Career Development Facilitator (GCDF), MSc, Human Resources Menagement and services
Head of Human Resources @Semos Education
13+ години искуство
Full Stack Developer @Kimicom
2+ години искуство
Software Engineer @Polar Cape
4+ години искуство
Global Career Development Facilitator (GCDF), MSc, Human Resources Menagement and services
Head of Human Resources
15+ години искуство
Junior Java Engineer @Valtech
1+ година искуство
HR & Career Center Manager @Semos Education Serbia
6+ години искуство
Full Stack Developer @ASEE
3+ години искуство
UI/UX Designer & Engineer @Semos Cloud
15+ години искуство
Software Developer @Panther
3+ години искуство
React Developer @2Coders Studio
3+ години искуство
HR manager
19+ години искуство
Senior Software Engineer @Anant Corporation
8+ години искуство
Front End Angular @Beelivio
3+ години искуство
Career Advisor
10+ години искуство
Конкурсот за стипендија е затворен!
Почетник
10-12 месеци
248 часови
Во готово / на рати
Онлајн/Во живо
3 часа неделно
17 март 2025
Ќе научиш како да го користиш Node.JS - околина за развивање апликации на сервер со JavaScript.
Ќе научиш да пишуваш код што користи програмска логика и податочни структури.
Ќе научиш како да користиш HTML I CSS за креирање на веб документи.
Ќе се запознаеш со Linux оперативниот систем.
Ќе научиш како да креираш и користиш MongoDB бази на податоци со Node.js.
Ќе научиш како да користиш Javascript библиотека React.js за front-end програмирање.
Ќе научиш како да користиш Express.js рамка за изработка на веб апликации.
Кариерниот центар на Семос Едукација ќе те поддржи во процесот за апликација за пракса или вработување во компании соработници и талент партнери со кои заедно ќе работиш на реални проекти.
По завршување на програмата и изработка на завршен проект, ќе добиеш државен сертификат од МОН за успешно завршена програма JavaScript девелопер на веб апликации. Дополнително, најдобрите студенти се стекнуваат и со пофалница од Семос Едукација.
Freelancer
IT индустрија
Во просек ќе заработуваш 89.210 денари месечно.
JavaScript е најчесто користена технологија кај IT професионалците.
Професија без географски ограничувања.
Еден од најпопуларните програмерски јазици.
Раководител на Семос JavaScript академијата
dijana.vasilevska@semos.com.mk
+389 70 349 030, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.
dijana.vasilevska@semos.com.mk
+389 70 349 030, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.
Откриј ги можностите веднаш!
НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР