Академијата беше можност да се стекнам со знаење за вештачката интелигенција во својата основа, како и за принципите и полето на нејзина примена во различни индустрии.
Вештачката интелигенција (AI) е област од компјутерските науки што претставува создавање интелигентни машини кои анализираат податоци и прават предвидувања како човечки суштества.
Од паметни апликации до автономни возила—машините веќе учат, одлучуваат и креираат самостојно. Биди дел од најголемата револуција на нашиот век и започни ја својата кариера во светот на вештачката интелигенција. Посетувајќи ја академијава ќе станеш сертифициран АИ инженер, подготвен за најплатените работни позиции во технологија.
Научи да ја водиш револуцијата, не само да ја следиш!
Академијата за АИ е дизајнирана да те подготви да програмираш и употребуваш алгоритми за вештачка интелигенција (АИ) и машинско учење (ML), кои подоцна практична работа ќе ги примениш на реални проекти. Ќе анализираш бизнис проблеми, применуваш различни пристапи за надминување на истите со цел да направиш одржливи решенија. Покрај принципите и алгоритмите, ќе користиш и готови алатки и open source кодови за развој, тестирање и имплементирање на твоите решенија.
Содржината на оваа академија внимателно ја дефиниравме да биде прилагодена за оние кои започнуваат со програмирање, како и за оние кои веќе имаат ИТ искуство. На почетокот на академијата ќе се фокусираш на структурите кои се потребни за создавање на AI и ML програми во Python програмски јазик. Академијата има брза прогресија и набру, преку следните модули, ќе научиш да создаваш и подесуваш програми базирани на машинско учење. Менторите се тука во чекор со твојот напредок и ќе ти помогнат практично да го извежбаш своето знаење.
Оваа академија е за тебе доколку:
Имаш желба да програмираш
Имаш познавање на математика и статистика
Се интересираш за најновите технологии
Анализа на ситуации те привлекува
Имаш критичко размислување и цениш предизвик
Сакаш оптимално да решаваш секојдневни проблеми
Вештачката интелигенција е двигател на модерниот бизнис. Денес, најголемите и најиновативни компании – од корпоративни гиганти до стартапи – активно бараат AI експерти кои знаат како да ги трансформираат нивните податоци во паметни решенија. Позиции како Machine Learning Engineer, Data Scientist, AI Product Developer и Big Data Analyst се меѓу најбараните и најплатените во светот. Компаниите нудат високи плати, флексибилно работење, можности за глобална кариера и учество во проекти кои го менуваат светот.
Со Академијата за вештачка интелигенција, ќе стекнеш знаења и практични вештини кои директно одговараат на потребите на пазарот – од градење ML модели, до анализа на податоци и развој на AI решенија. Оваа академија е твоето образование за горенаведените улоги. Биди меѓу најсовремените и позиционирај се како професионалец кој ги решава најголемите деловни предизвици со помош на вештачка интелигенција.
CertNexus е глобален провајдер на стандардизирани технолошки сертификати и ингеренции со кои можат да се стекнат ИТ професионалци од различни области. Тие своите програми ги темелат на најригорозни светски стандарди за професионален развој, а соодветните испити за сертификација се општоприфатени ширум светот. Семос Едукација е екслузивен партнер на CertNexus во нашиот регион, се со цел да обезбедиме интегритет и квалитет.
Модули | Часови |
---|---|
Python за вештачка интелигенција | 46 |
CAIP boosted со AI и ML | 56 |
Проект 1 | 20 |
Deep learning за NLP (Transformers архитектура и напредни LLM модели) | 48 |
Проект 2 | 20 |
Финален проект | 20 |
Планирање и развој на кариера | 9 |
Бонус - Фриленс курс во вредност од 200€ | 21 |
Модулот „Python за вештачка интелигенција“ ти нуди сеопфатен вовед во програмирање со Python, со фокус на неговата примена во областа на вештачката интелигенција. Ќе ги научиш основните концепти на програмирање во Python, ќе работиш со датотеки и ќе користиш вградени модули за да го поедноставиш кодирањето. Во овој модул ќе се запознаеш со клучните библиотеки за развој на AI, вклучувајќи ги NumPy за нумерички пресметки, pandas за манипулација со податоци и scikit-learn за машинско учење. Ќе имаш пристап до практични примери преку кои лесно ќе можеш да ја визуелизираш теоријата.
Ќе работиш со проширена верзија на курсот CAIP, кој го надградивме за да ти понуди подлабоко теоретско и практично знаење. Овој модул ќе те води низ основните принципи, апликации и техники, и ќе те подготви за имплементација на ВИ решенија во различни професионални средини. Ќе се фокусираш на автоматизација на процеси, намалување на трошоци и подобрување на оперативната ефикасност. Ќе стекнеш напредни знаења за инженеринг на податоци, избор на алгоритми, тренирање модели и обезбедување етички резултати при примена на ВИ.
Првиот проект на кој ќе работиш e составен од внимателно избрани лабораториски вежби. Преку практична работа, ќе ги зацврстиш твоите теоретски знаења и со поддршка од менторот ќе ги разрешиш сите нејаснотии пред да продолжиш понатаму со академијата.
Овој модул има за цел да ти понуди сеопфатно разбирање на transformer моделите и нивната примена во Natural Language Processing (NLP) и компјутерска визија. Ќе ја истражуваш архитектурата, тренирањето и деталното прилагодување на transformer-ите, вклучувајќи ги BERT, GPT, RoBERTa и T5. Ќе работиш на практични имплементации користејќи Hugging Face, Google Trax и OpenAI, со фокус на задачи како машински превод, сумирање на текст, семантичко означување на улоги и генерирање слики. На крајот од модулот, ќе бидеш подготвен да избираш, тренираш и пушташ во употреба transformer модели за различни AI проекти, користејќи најсовремени техники и алатки.
При изработка на вториот проект, ќе го примениш твоето знаење за NLP на практичен начин, а ќе го поврзеш и со знаењето и искуството што ќе го стекнеш работејќи на првиот проект. На крајот од овој проект, ќе бидеш целосно подготвен/a да се справиш со сериозни задачи кои вклучуваат вештачка интелигенција.
За да ги споиш двете целини на академијата, на крајот ќе изработиш завршен проект. Овој проект ќе го вклучува севкупното знаење што ќе го стекнеш низ академијата, со цел да развиеш иновативно решение креирано од почеток до крај. Ќе биде целосен проект кој ќе ти помогне да потврдиш дека ги разбираш сите концепти и техники што си ги изучувал/a. Преку него, ќе ги расчистиш сите прашања што може да се појават додека работиш, со поддршка од менторите. Ќе добиеш реално сценарио и можност за соработка со учесници од другите академии, за да искреираш целосен производ кој ќе одговара на AI потребите на некој бизнис.
Фриленс работењето е одличен старт по завршување на академијата.
По завршување на Академијата, ти овозможуваме фриленс курс во вредност од 200€, а ти ќе имаш можност да го слушаш бесплатно.
Содржина на курсот: |
---|
Комуникација со клиенти |
Time management |
Project management |
Плаќање и даноци |
Креирање и развивање на сопствен Фриленс профил |
Со посета на курсот ќе стекнеш знаења и вештини кои ќе те претворат во успешен фриленсер!
Ќе станеш сертифициран AI инженер (CAIP)
Ќе добиеш меѓународно признат сертификат кој ја потврдува твојата експертиза и те позиционира за врвни технолошки улоги.
Ќе влезеш во една од најбараните професии во светот
Улоги како Machine Learning Engineer, AI Developer и Data Scientist се меѓу најбараните и најплатените во глобалната ИТ индустрија.
Ќе имаш пристап до високи плати и глобални можности
Компаниите нудат 2–3 пати повисоки плати од просечните ИТ позиции, флексибилно работење и можност за работа на интернационални проекти.
Ќе работиш на реални проекти од првиот ден
Ќе изработиш три практични проекти, вклучувајќи и завршен проект, преку кои ќе градиш портфолио со реални решенија.
Ќе ги совладаш алатките што ги користат водечките компании
Ќе работиш со Python, scikit-learn, Hugging Face, OpenAI и Google Trax – технологии што ги користат Google, Meta и Microsoft.
Ќе научиш да решаваш реални бизнис проблеми со AI
Ќе стекнеш вештини за автоматизација, оптимизација и анализа – способности кои се директно применливи во секоја индустрија.
Ќе работиш со најсовремени AI архитектури
Ќе ги истражуваш и применуваш модели како BERT, GPT, RoBERTa и T5 за NLP и компјутерска визија.
Ќе добиеш менторство од искусни AI инженери
Менторите ќе ти помогнат да ги совладаш предизвиците, да го продлабочиш знаењето и да стекнеш самодоверба.
Ќе се позиционираш како лидер во технолошката револуција
Вештачката интелигенција го менува светот – оваа академија те подготвува не само да ја следиш револуцијата, туку и да ја водиш.
Microsoft Certified Trainer
Msc in finance, economy, and banking
Specialist for Data Analysis @Semos education
15+ години искуство
Lead Anti Abuse Analyst @Proton
3+ години искуство
AI Engineer @Pisstaccio,
Software Developer @Asseco
2+ години искуство
Ph.D. in Computer Science
Senior computer vision engineer @Pano.ai
8+ години искуство
Career Advisor
10+ години искуство
Machine Learning Engineer
4+ години искуство
Advanced Back-End Engineer @Loka
4+ години искуство
HR manager
19+ години искуство
Data Scientist @Innovation Dooel
3+ години искуство
AI/ML Engineer @CRMTRACKER
4+ години искуство
Доколку се приклучиш на Aкадемијата за вештачка интелигенција, ќе научиш како да ги да ги применуваш најновите принципи и технологии во оваа област:
Да програмираш во Python и да го користиш за развој на апликации базирани на вештачка интелигенција.
Да работиш со библиотеки како NumPy, pandas и scikit-learn за анализа и обработка на податоци.
Да градиш, тренираш и тестираш модели за машинско учење со реални податочни сетови.
Да имплементираш ML модели во продукциска средина и да ги одржуваш по нивната интеграција.
Да подесуваш карактеристики и да трансформираш податоци за подобра ефикасност на ML алгоритми.
Да користиш Hugging Face и OpenAI за имплементација на напредни NLP решенија.
Да обработуваш природен јазик (NLP) преку задачи како машински превод, сумирање текст и семантичка анализа.
Да примениш transformer архитектури како BERT, GPT и RoBERTa за обработка на текст и слики.
Ова сертификација е доказ за тоа дека сте работеле на практични вежби (hands-on labs), стекнале широко разбирање на модели за вештачка интелигенција и сте спремни да развиете уникатни решенија за потребите на секое бизнис претпријатие. Certified Artificial Intelligence Practitioner (CAIP) е единствената сертификација на пазарот која ги сертифицира CAIP како да дизајнираат и имплементираат решение за вештачка интелигенција користејќи машинско учење.
Во просек ќе заработуваш 97.300 мкд (mojaplata.mk)
Голема побарувачка на пазарот на труд (од 2015 до денес - 344%)
Добро платена работа
Future Proof кариера во светски размери
Кариерниот Центар на Семос Едукација е мостот кој те поврзува со компаниите – кариерен водич уште од првиот ден на Академијата па сѐ до првите можности за вработување или пракса.
Преку индивидуални препораки, менторство, настани, кариерно советување и директна комуникација со компаниите, ти помагаме да го направиш најголемиот чекор - првото вработување веднаш по студирањето.
Раководител на Семос Академијата за вештачка интелигенција
dijana.vasilevska@semos.com.mk
+389 70 349 030, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.
dijana.vasilevska@semos.com.mk
+389 70 349 030, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.
Откриј ги можностите веднаш!
НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР