ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА

На 21.11.2025 година, во прекрасниот амбиент на Сули Ан, ја отворивме завршната изложба на студентите од Академиите за Графички дизајн и Веб дизајн – генерација 2024/2025.

На изложбата беа претставени финалните проекти на студентите, создадени за реални клиенти – од фотоманипулации, постери и визуелни идентитети, до интерактивни веб решенија. Секое дело раскажува своја приказна, покажува личен напредок и вложен многу труд.

Посебен дел од вечерта беше свечената доделба на дипломи, свидетелства и пофалници за студентите кои успешно го завршија своето образование. Овој момент беше убав потсетник дека зад секој проект стојат талент, амбиција и многу часови учење и практика.

Настанот беше посетен од ментори, колеги, пријатели, семејства и гости кои со своето присуство ја направија вечерта уште посебна. Благодарни сме на сите кои дојдоа да ги поддржат младите креативци и да ја прослават нивната работа.

Со оваа изложба, уште една генерација талентирани дизајнери го започнува својот професионален пат – подготвени, самоуверени и со портфолија кое вреди да се види.

Семос Академии – Знаење што те менува.

#graphic-design #web-design
СЛИЧНИ ПОРТФОЛИЈА

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР