Министерство за образование и Наука лого

Академија за Продажни Вештини

Продажбата е твојата иднина? Ние ќе ја финансираме.
Продолжи со Академијата и плаќај по вработување

Без оглед дали си почетник или продавач со искуство, оваа академија ќе ти помогне да напредуваш понатаму. Ќе стекнеш практични вештини за комуникација, презентација, водење преговори и затворање продажби. Ќе научиш како да ги користиш дигиталните алатки, LinkedIn и AI за генерирање на нови клиенти, како да ги анализираш резултатите од продажбата и да ја подобриш ефикасноста. Ќе развиеш личен пристап кон продажбата, ќе ги разбереш потребите на клиентот и ќе се позиционираш како професионалец кој гради долгорочни партнерства.

Сакаш да започнеш или да ја надградиш својата кариера во продажбата?

Семос Едукација нуди кредитирање за 6 учесници на Академијата за продажба.

Прочитај повеќе за критериумите за аплицирање во секцијата Конкурс за кредитирање на Академијата.

ЗАКАЖИ СРЕДБА АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА
ШТО ЌЕ НАУЧИШ НА АКАДЕМИЈАТА?

Како функционира целиот продажен процес – од lead до затворање

Како да креираш и презентираш продажна понуда што нуди вредност

Вештини за комуникација, преговарање и справување со приговори

Како да користиш дигитални канали и алатки (AI, CRM, LinkedIn)

Креирање на сопствена стратегија за lead generation и outreach

KPI, ROI и анализа на метрики за подобрување на резултатите

Како да се позиционираш како професионалец во продажбата

СТРУЧНА ПРОГРАМА

Оваа академија е внимателно осмислена како севкупна, практично ориентирана програма која ги опфаќа сите клучни аспекти на продажбата — од темелно разбирање на продажниот процес, преку градење на силни комуникациски и преговарачки вештини, до користење на дигитални алатки и личен развој. Учесниците ќе работат на сопствени и однапред зададени сценарија, ќе учествуваат во симулации и ќе добијат менторска поддршка при изработка на сопствени продажни стратегии.

Академијата комбинира:

  • ✔️ Предавања од експерти со долгогодишно практично искуство
  • ✔️ Работа на сопствено сценарио и реални задачи
  • ✔️ Кариерна поддршка за твојот следен чекор во продажбата

Оваа академија е за тебе ако си:

Продавач или агент кој сака да ја унапреди својата кариера

Маркетинг или бизнис развој професионалец што работи со клиенти

Сопственик на бизнис што сака да ја подобри продажбата

Почетник кој сака да изгради кариера во продажбата

Менаџер што сака подобро да води продажен тим

Фриленсер или консултант што сака да научи да продава своја услуга

Цена на школување: 2.100 ЕУР

Задолжителни модули Часови
Основи на современа продажба 4
Познавање на производот/ услугата и пазарот 32
Работа од дома: Задача (Case Study) бр. 1 20
Презентација на зададената задача (Case Study) бр. 1 4
Комуникациски вештини и градење доверба 16
Продажна психологија и разбирање на клиентот 12
Презентациски вештини 8
Вештини за преговарање и затворање на продажба 20
Продажба преку дигитални канали 32
Работа од дома - Задача (Case Study) бр. 2 16
Презентација на зададената задача (Case Study) бр. 2 4
Lead Generation и Prospecting 32
Работа од дома: Генеративната вештачка интелигенција (AI) 8
АИ како алатка во продажбата 12
Анализа на метрики во продажбата 32
Личен развој и градење успешна кариера во продажба 8

Програмата започнува со запознавање со основите на современата продажба, разликите помеѓу B2B и B2C пристапот, фазите на продажниот циклус, улогата на продавачот како консултант, како и разбирањето на пазарот и конкурентите. Потоа, се навлегува подлабоко во комуникацијата со клиентите, градењето доверба, активно слушање, справување со приговори и развивање на убедливи продажни презентации.

Во делот за продажна психологија, учесниците ќе учат како размислува купувачот, кои се мотивите зад одлуките, и како да го прилагодат својот пристап според профилот на клиентот. Ќе се истражуваат техники од влијание и убедување, како и препознавање на сигнали за купување.

Особено внимание се посветува на продажбата преку дигитални канали, користење на алатки како CRM, LinkedIn и AI технологии, развој на содржина и понуди преку е-mail маркетинг, следење на резултати и анализа на ефективноста. Учесниците ќе научат како да креираат сопствени outreach кампањи, како да генерираат и квалификуваат потенцијални клиенти и како да одржат долгорочни односи со купувачите.

На крај, академијата завршува со фокус на личниот развој – градење на личен бренд, кариерно планирање, вмрежување, поставување цели и справување со предизвици. Овој модул им помага на учесниците да се позиционираат како сериозни професионалци во продажбата и да продолжат да се развиваат и по завршувањето на програмата.

Стекнување на Диплома за специјалистичко образование за квалификација Графички дизајнер од Министерството за образование и наука на РСМ

Специјалистичкото образование, како посебен тип на постсредно образование во Република Северна Македонија, завршува со полагање специјалистички испит што го спроведува акредитирана установа за постстредно образование.

Семос Компјутерски Образовен Центар како установа за постсредно образование за квалификацијата Графички дизајнер, Бр. УП113 – 1523 од 19.07.2019 год. им овозможува на студентите кои успешно ја завршиле програмата за постсредно образование да се пријават за полагање на специјалистички испит.

Со специјалистичкиот испит се проверуваат стекнатите стручни вештини и компетенции на кандидатот. Испитот се состои од два дела и се полага според посебни испитни програми:

  • стручно-теоретски дел
  • практичен дел

Со положување на специјалистичкиот испит, кандидатот се стекнува со Диплома за специјалистичко образование за квалификација Графички дизајнер од Министерството за образование и наука на РСМ.

Квалификацијата Графички дизајнер е на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации со 60 ECVET кредити според Европската (референтна) рамка на квалификации. Благодарение на ECVET кредитите, идниот Графички дизајнер добива транспарентен и стандардизиран систем за мерење и пренос на образовни резултати, што го отвора патот за мобилност, признавање и поголема конкурентност на пазарот на трудот – дома и во Европа.

Цена на специјалистички испит: 15.000 МКД

Конкурс за кредитирање на Академијата

Продажбата е твојата иднина? Ние ќе ја финансираме.

Продолжи со Академијата и плаќај по вработување

Сакаш да започнеш или да ја надградиш својата кариера во продажбата? Семос Едукација нуди кредитирање за 6 учесници на Академијата за продажба.

Критериуми за аплицирање

За да учествуваш во изборот за кредитирање на шест студенти на Академијата за продажба, испрати твое:

  • CV
  • Писмо за мотивација и
  • Есеј на тема „Како би продал/а нешто во што навистина веруваш?“

Упатства за есејот:
  • Максимум 1000 зборови
  • Да биде оригинален текст со лично размислување
  • Може да содржи сопствена приказна, измислена продажна ситуација или реален пример од секојдневието
  • Опиши го твојот пристап кон продажбата
  • Како ја градиш довербата со клиентите
  • Зошто токму тој производ или услуга
  • Како би изгледала твојата продажна стратегија

Важно: Есејот мора да биде твоја оригинална креација и без навредлива или недозволена содржина.

Откако ќе ги поднесеш документите ќе бидеш поканет/а на интервју и тест за основна дигитална писменост.

Финалната одлука за избор на шестте кандидати што ќе добијат можност за кредитирано учество на Академијата за продажба ќе биде донесена откако ќе се разгледаат сите апликации.

По завршување на Академијата, Семос Едукација ќе ти помогне да најдеш работа во рок од 12 месеци, а ти ќе ја отплатуваш академијата на рати откако ќе се вработиш.

260 часа структурирана, модерна и практична едукација

Поддршка од предавачи со реално искуство во продажба

Работа на лични проекти и сценарија

Сертификат за завршена Академија

Пристап до Кариерниот центар на Семос Едукација:

  • Преглед и подобрување на CV и LinkedIn
  • Подготовка за интервјуа
  • Поврзување со компании и можности за вработување
КОН КАРИЕРЕН ЦЕНТАР

Предавачите на Академијата за продажба се искусни професионалци со долгогодишна практика во својата област, кои комбинираат длабоко теоретско знаење со реално работно искуство. Тие доаѓаат од различни индустрии и успешно работеле како продажни менаџери, консултанти, лидери на тимови и експерти за дигитален маркетинг, B2B и B2C продажба. Нивната мисија е да го пренесат своето знаење и вештини на учесниците преку динамична, практично ориентирана настава.

Академијата вклучува и специјализирани гости — успешни продавачи и лидери кои ќе споделат инспиративни приказни и докажани стратегии од своето искуство.

30 за 30

Жеден си за повеќе знаење? Нашата нова платформа содржи кратки АИ курсеви кои се достапни во секое време и можеш да ги учиш со свое темпо. Секое видео е поврзано со професија и разработува различна тема, па можеш да истражуваш и области кои не се дел од твоето професионално секојдневие.

Повеќе информации за платформата „30 за 30“

Co-working space

Нашата работна заедница е поубава ако си и ти дел од неа! Ги отворивме нашите простории за со амбициозни студенти да споделуваме идеи, искуства, да работиме заедно, да учиме едни од други и секако, да се дружиме. Нудиме простор за учење и работа во нашите училници и кафуле. Нашите студенти добиваат бесплатен пристап.

Кариерен центар

Ги анализираме твоите јаки страни, ти нудиме кариерно советување и те поврзуваме со нашите партнер компании на кои им е потребен твојот специфичен талент. Работиме на тоа да добиеш вработување или пракса во фирма каде навистина се пронаоѓаш.

Студентска поддршка

Сакаме да го постигнеш својот потенцијал и затоа ние сме тука да го следиме твојот напредок и да го проследиме до Кариерниот Центар на Семос Едукација, да ги решаваме предизвиците со кои се соочуваш, да те мотивираме и да се осигураме дека ќе имаш позитивно искуство при следење на наставата.

Freelance курс

Ако сакаш да работиш за себе, сам да раководиш со своите обврски и време и да работиш од каде било тогаш фриленс, односно самовработување може да биде вистинскиот избор за тебе. Ние ти нудиме курс кој ќе ти покаже како да менаџираш проекти, развиеш свој фриленс профил и да ги изведуваш законските и финансиските должности.

Соработуваме со светски IT брендови

Семос Едукација има склучено соработка со најголемите ИТ светски брендови што значи дека нашите програми се официјални и глобално стандардизирани и признаени. Тоа што ќе го научиш кај нас можеш да го овековечиш со тоа што ќе полагаш испит и ќе станеш светски сертифициран професионалец.

Предавачи

„Раката која дава, не се суши“ ќе ти кажат постарите, а нашите предавачи ќе ти го дадат сето свое знаење. Предавачите на Семос Академии се со многугодишно искуство и сите низ годините научиле трикови како да си ја олесниш работата, грешки за кои ќе те предупредат и несебично ќе бидат тука за секое твое прашање или совет дури и по завршувањето на академијата.

20% попуст до 15ти октомври

искуство

Потребно искуство

Почетници или лица со искуство во продажба

времетраење

Времетраење

10 месеци

часови

Број на часови

260 часови

плаќање

Плаќање

Во готово / на рати

обука

Тип на обука

Онлајн / училница

динамика

Динамика

3 пати неделно

почеток

Почеток

3ти ноември 2025

working time icon

Дијана Василевска:

РЕЗЕРВИРАЈ МЕСТО АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА
award

Дипломи / Сертификати

По завршување на програмата и изработка на завршен проект, ќе се стекнеш со сертификат за успешно завршена посебна програма за продажба.

АНАТОМИЈА НА SALES MANAGER
Каде те гледаме по завршување на академијата?

Како самоуверен продавач што гради долгорочни односи со клиенти

Како B2B/B2C професионалец што ги користи дигиталните алатки и AI

Како лидер или идeн менаџер на продажен тим

Како стратешки партнер во продажбата, а не само „агент“

Како личност со јасен личен бренд и силна кариерна визија

графички дизајнер

SALES MANAGER

КАРИЕРЕН РАЗВОЈ

Кариерниот Центар на Семос Едукација е мостот кој те поврзува со компаниите – кариерен водич уште од првиот ден на Академијата па сѐ до првите можности за вработување или пракса.

250+ КОМПАНИИ ВЕРУВААТ ВО КВАЛИТЕТОТ И
ЗНАЕЊЕТО НА СТУДЕНТИТЕ НА СЕМОС АКАДЕМИИ.

Преку индивидуални препораки, менторство, настани, кариерно советување и директна комуникација со компаниите, ти помагаме да го направиш најголемиот чекор - првото вработување веднаш по студирањето.

Дијана Василевска

Закажи средба со Дијана!

Дијана Василевска

Раководител на Академијата за Продажба

mail icon

dijana.vasilevska@semos.com.mk

working time icon

+389 70 349 030, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.

Закажи средба со Дијана!

Дијана Василевска

dijana@semos.com.mk

+389 70 349 030, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.

ДАЛИ ТИ СИ СЛЕДНИОТ ПРОДАЖЕН МЕНАЏЕР?

Откриј ги можностите веднаш!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР