ПРАШАЊА

Семос Академиите имаат два уписни рока во годината – март и септември. Доколку не сте се запишале во саканиот рок или местата биле пополнети, слободно дојдете во просториите на Семос Едукација секој работен ден од 9:00 – 17:00, разговарајте со некој од нашите раководители кои ќе ве насочат и запишат за следниот почеток.

Семос Академиите нудат два типа на настава:
  • Онлајн настава преку Microsoft Teams платформа и секој час е одржан онлајн со предавачот, со што се овозможува индивидуален пристап кон сите студенти без снимени материјали. Предавачот е секогаш на располагање за сите студенти кои ја слушаат Академијата.
  • Настава со физичко присуство каде секој час е одржан во просториите на Семос Едукација при што се овозможува индивидуален пристап кон сите студенти во живо. Предавачот е секогаш на располагање за сите студенти кои ја слушаат Академијата.

Семос Академиите нудат неколку видови на програми, каде студентот по успешно завршување на академија добива различни Дипломи или Сертификати:
  • Формално специјалистичко образование. По успешно завршена Академија, студентот ќе добие Специјалистичка диплома од МОН за целосна квалификација.
  • Акредитирани програми за образование на возрасните. По успешно завршена Академија, студентот ќе добие Сертификат од МОН.
  • Сертифицирани програми од Вендор според официјална програма и литература. По успешно завршена Академија, студентот ќе добие Сертификат од Вендор

Секоја академија во зависност од програмата, нуди различни испити од Вендор за стекнување на меѓународно признати сертификати кои се однесуваат на совладани вештини. Точни информации ќе добиете во секоја академија посебно.

Секоја академија има различна цена со можности за рани уплати, прочитајте во делот за цена на бараната Академија. Начинот на плаќање може да биде:
  • на рати со кредитна картичка на Стопанска Банка АД Скопје каде каматата ја покрива Семос Едукација
  • со дебитни и кредитни картички од други банки согласно договорените услови со банките
  • во готово во просториите на Семос Едукација
  • со договор склучен на нотар за плаќање до 12 рати во готово, картичка или безготовинско плаќање
  • можност за онлајн плаќање преку веб страната на Семос Едукација

Поттикнати од забрзаниот развој на IT и креативната индустрија, ние сме тука да ги препознаеме твојот талент и пасија и да ти го олесниме патот до остварување на твоите лични и професионални цели.

За таа цел, секоја година се отвораат конкурси за целосни и делумни стипендии во Семос Академиите.

За стипендиите може повеќе да прочитате во програмата на секоја Академија, во делот СТИПЕНДИЈА.

НЕ ГО ПРОНАЈДЕ ТВОЈОТ ОДГОВОР?

Пиши ни или јави ни се!

КОНТАКТ