Откриј која професија е вистинска за тебе

Време е за Discovery Days во Семос Академии!

БЛОГ ОБЈАВА

Дали некогаш си се прашувал/а која професија навистина ти прилега? Дали размислуваш за промена на кариера, сакаш да се дообучиш или како студент/ка да направиш прв вистински чекор во професионалниот свет?

Ако одговорот е „да“, тогаш Discovery Days во Семос Академии се токму за тебе.

Од 5-ти до 12-ти февруари 2026 во просториите на Семос Едукација, те очекуваат бесплатни настани во живо на кои ќе имаш можност да:

  • Дознаеш од искусни професори и алумни студенти што значи вистински да работиш во конкретната професија.
  • Слушнеш практични примери и совети за тоа кои вештини и знаења се потребни за успех.
  • Разбереш како изгледа патот до кариера во IT, креативната индустрија, HR, AI и Data Science.

Ова не е класична презентација или теоретски курс – ова е реален разговор со љуѓе кои веќе работат и успеале во својата област. Ќе видиш што значи да си UX/UI дизајнер, VFX артист, Fullstack JavaScript Developer, HR професионалец или AI експерт, и како тоа изгледа во секојдневниот живот.

За кого е настанот?
  • За оние што размислуваат за промена на професија
  • За оние што сакаат да се дообучат или унапредат
  • За студенти кои бараат јасна насока
  • За сите што сакаат да направат информиран кариерен чекор

Настаните се бесплатни, со задолжителна регистрација. Резервирај го своето место на: https://akademii.semosedu.com/events.html

За присутните ќе има и специјални попусти, дополнителни подароци и изненадувања.

Време е да дознаеш, слушнеш и разбереш која професија е вистинската за тебе – пред да го направиш следниот голем чекор во твојата кариера.

Се гледаме на Discovery Days во Семос Едукација.

Повеќе информации: https://akademii.semosedu.com/events.html

#DiscoveryDays
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР