Од секогаш сум имал огромен интерес за применети уметности, доста сум креативен и сакам да размислувам out-of-the-box па беше сосема очекувано кога одлучив да се запишам на Академијата за Графички Дизајн на СЕМОС Едукација.
Графичките дизајнери се визуелни раскажувачи. Комбинација од уметност, креативност и технологија. Овој процес започнува со илустрации на идеи, било со рачно скицирање или со користење на дигитални програми. Графичките дизајнери се потребни за идентитетот на брендот на компанијата, книги, списанија, весници и други публикаци, пакување на производ, креативи за реклами, креации за видео игри итн.
Вештачка интелигенција во графички дизајн?
Ќе работиш со AI алатки кои го забрзуваат и подобруваат процесот на графички дизајн преку автоматизација и генерација на визуелни решенија. Ќе користиш Microsoft Designer за креирање целосни дизајни и слики, како и Stable Diffusion, Hotpot AI и Midjourney за визуелна експлорација и инспирација. Ќе примениш Designs.ai и Adobe Firefly за генерирање логоа, слики и дизајни, и за добивање идеи базирани на трендови и стилови. Дополнително, ќе креираш логоа со Logo.com и Design.com, користејќи AI за брзо и креативно визуелно брендирање.
Семос Компјутерски Образовен Центар е установа за постсредно образование за графички дизајнер, Бр. УП113 – 1523 од 19.07.2019 год.
Од јули 2019 година, Семос Едукација стана првата акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за спроведување на постсредно специјалистичко образование за квалификацијата - Графички дизајнер на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации.
Семос Едукација е првата институција во Македонија која ги издаде двете јавни исправи т.е. квалификации за Графички дизајнер и Веб дизајнер како установа за постсредно образование.
Оваа академија е за тебе доколку си:
Креативен
Брз
Снаодлив
Навремен
Тимски играч
Знаеш многу алатки
Графичките дизајнери се визуелни раскажувачи. Комбинација од уметност, креативност и технологија. Овој процес започнува со илустрации на идеи, било со рачно скицирање или со користење на дигитални програми. Графичките дизајнери се потребни за идентитетот на брендот на компанијата, книги, списанија, весници и други публикаци, пакување на производ, креативи за реклами, креации за видео игри итн.
Доколку си креативен, размислуваш out of the box и уживаш во динамика, тогаш Академијата за Графички дизајн во Семос Едукација е вистинскиот избор за тебе!
Образовна програма за специјалистичко образование за квалификација Графички дизајнер на 5б ниво од Македонската рамка на квалификации
Специјалистичкото образование, како посебен тип на постсредно образование во Република Северна Македонија, го спроведува акредитирана установа за постстредно образование исполнувајќи ги сите услови за реализирање на настава за конкретна образовна програма.
Семос Компјутерски Образовен Центар како установа за постсредно образование за квалификацијата Графички дизајнер, Бр. УП113 – 1523 од 19.07.2019 год. запишува студенти на образовната програма кои имаат завршено минимум 4-то ниво на образование во РСМ, без полагање на приемен испит.
Образовната програма содржи задолжителни модули од општо образование во струката, стручни модули и специјалистичка практика, како и изборни модули поврзани со струката.
Специјалистичката практика за квалификацијата Графички дизајнер е застапена со 40% во образовната програма.
Успешноста на специјалистичката практика во голема мера зависи од развивањето и негувањето на колаборативниот пристап на сите чинители: бизнис секторот, образовната институција, професорите и студентите во постсредното образование.
Специјалистичката практика е уникатен модел на настава, кој вклучува работа на проекти за реални клиенти од општествено одговорни практики кои го препознаваат квалитетот и талентот на студентите. Работењето на овие проекти развиваат оригинални идеи, даваат можност за иновативни методи на работа, стекнување искуство со реални клиенти, а во исто време поттикнуваат хуманост и општествена одговорност кај сите вклучени страни.
Стекнатите знаења и стручни вештини на студентите се проверуваат преку тестирања и интерни полагања. Со постигнат успех по сите наставни предмети, студентот се стекнува со Свидетелство за квалификација Графички дизајнер од Министерството за образование и наука на РСМ.
Цена на школување: 2.700 ЕУР
| Задолжителни модули | Часови |
|---|---|
| Основи на информатичка технологија | 16 |
| Комуникација со клиент | 16 |
| Kариера и претприемништво | 16 |
| Основи на маркетинг | 26 |
| Растерска графика (Photoshop) | 30 |
| Векторска графика (Illustrator) | 30 |
| Десктоп издаваштво (InDesign) | 30 |
| Основи на цртање | 26 |
| Ликовни естетски принципи | 30 |
| Дизајн процес | 30 |
| Типографија | 50 |
| Подготовка за печатење | 20 |
| Форми на графички дизајн | 30 |
| Манипулација на фотографија | 30 |
| Дигитална илустрација | 30 |
| Корпоративен идентитет | 30 |
| Дизајн на публикации | 30 |
| Портфолио на графички дизајнер | 20 |
| Генеративна вештачка интелигенција (AI) | 8 |
| Развој на концепти со AI | 12 |
| Изборни модули | Часови |
|---|---|
| Основи на фотографија | 30 |
| Движечка графика (After Effects) | 30 |
| UX/UI кориснички принципи и Adobe XD | 30 |
Специјалистичкото образование, како посебен тип на постсредно образование во Република Северна Македонија, завршува со полагање специјалистички испит што го спроведува акредитирана установа за постстредно образование.
Семос Компјутерски Образовен Центар како установа за постсредно образование за квалификацијата Графички дизајнер, Бр. УП113 – 1523 од 19.07.2019 год. им овозможува на студентите кои успешно ја завршиле програмата за постсредно образование да се пријават за полагање на специјалистички испит.
Со специјалистичкиот испит се проверуваат стекнатите стручни вештини и компетенции на кандидатот. Испитот се состои од два дела и се полага според посебни испитни програми:
Со положување на специјалистичкиот испит, кандидатот се стекнува со Диплома за специјалистичко образование за квалификација Графички дизајнер од Министерството за образование и наука на РСМ.
Квалификацијата Графички дизајнер е на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации со 60 ECVET кредити според Европската (референтна) рамка на квалификации. Благодарение на ECVET кредитите, идниот Графички дизајнер добива транспарентен и стандардизиран систем за мерење и пренос на образовни резултати, што го отвора патот за мобилност, признавање и поголема конкурентност на пазарот на трудот – дома и во Европа.
Цена на специјалистички испит: 15.000 МКД
КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИЈА 26/27 Е ОТВОРЕН, ТЕМА „МОЈОТ МИР..."
Краен рок за аплицирање е 09.04.2026 г.
Во свет што станува сè побрз и погласен, мирот е нешто што секој го пронаоѓа на свој начин...
Академијата за графички и веб дизајн распишува КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИЈА на тема „Мојот мир..." за академската 2026/27 година за една од двете стручни едногодишни програми: Графички дизајнер специјалист и Веб дизајнер.
Вкупниот фонд за стипендирање изнесува 12.000 евра за 7-те најкреативни идни стипендисти.
Во свет што станува сè побрз и погласен, каде секојдневно нè опкружуваат екрани, нотификации и нови трендови што тешко ги следиме — мирот станува нешто што секој го пронаоѓа на свој начин.
За некого е тивок момент, за друг креативна енергија, движење, пауза, организација или јасност во хаосот. Некој го наоѓа во екранот, друг подалеку од него. Мирот може да биде место, навика, идеја или одлука — и затоа секој го доживува различно.
Токму затоа „Мојот мир…" е тема што овозможува лична, но не ограничена интерпретација. Темата те повикува да размислиш, истражиш и да создадеш сопствена дизајнерска интерпретација, визуелна, концептуална или дигитална, која може да послужи на заедницата.
Ова е можност да покажеш оригинална идеја и да се изразиш креативно, од сопствена и автентична перспектива.
Кој може да аплицира?
На конкурсот може да аплицираат тековни матуранти и полнолетни лица со завршено средно или високо образование.
Кога се користи стипендијата?
Апликантот што ќе ја добие стипендијата, може да ја искористи во академската 2026/27 година, со почеток на 15.09.2026 г.
Како се аплицира и што содржи пријавата?
Апликантот треба да пополни форма на дадениот линк во која треба да избере една од категориите: Графички дизајн или Веб дизајн, и да ги достави во дигитална форма соодветните документите Проект и Есеј што мора да ги задоволува барањата наведени за соодветната категорија.
Важно! Апликантот мора да одговори на темата со оригинален и креативен проект.
Што не е дозволено?
Апликантот не смее да користи дизајни, материјали или решенија за кои не поседува авторско право. Не се прифаќаат проекти со насилна, непристојна, вулгарна и неразбирлива содржина.
За категоријата Графички дизајн, се прифаќа ПРОЕКТ што е изработен во една од следните форми:
Проектот ќе се смета за целосен кога апликантот ќе ја опише идејата за проектот во форма на ЕСЕЈ (краток текст) со максимум 200 збора. Есејот се доставува во дигитална форма во Word документ или во PDF формат.
Со цел да се објасни идејата или процесот на работа, апликантот треба да ги зачува работните материјали од проектот во случај жири комисијата да ги побара во процесот на селекција.
Ова е линкот за аплицирање: Аплицирај за стипендија
Важно: Се прифаќаат само апликации што се испратени во предвидениот рок 09.04.2026 год.
Што добиваш:
Диплома за специјалистичко образование од МОН, 60 европски кредити, Adobe сертификати за Photoshop, Illustrator и InDesign, практично портфолио, менторство од професионалци, работа со реални клиенти и креативна слобода.
Зошто е важно:
Ја зголемува вработливоста и кредибилитетот, отвора меѓународни можности, Adobe сертификатите ја зголемуваат твојата вредност, портфолиото е клуч за работа, а практичната обука обезбедува реално искуство.
Каде можеш да го примениш:
Во маркетинг агенции и дизајн студија, медиуми и продукциски куќи, ИТ компании, сопствен бизнис, фриленс работа или развој на сопствени брендови.
Работа во мали групи
Персонализиран пристап во учењето – секој студент добива посветеност и поддршка.
Реални проекти
Учи преку реални проекти од индустријата – подготви се за вистински предизвици уште додека учиш.
Секогаш достапни предавачи
Нашите искусни предавачи се тука за тебе – за поддршка, менторство и совети во секој чекор од патот.
Кариерен Центар
Твојот компас за кариера – добиј професионално кариерно советување, поддршка при CV подготовка, интервјуа и вмрежување со компании.
КОН КАРИЕРЕН ЦЕНТАРТимот на Академијата е сочинет од високо стручен кадар, компетентен и со големо искуство да предава стручни предмети од областа на графичкиот дизајн. Како докажани експерти во својата област и под нивно менторство, студентите стекнуваат практични знаења работејќи на најразлични проекти од областа на дизајнот.
MSc, Software Engineering & Telecommunication
Software Engineer & Founder @Evolutivе.mk
12+ години искуство
Phd in Historical science
Academic painter & Conservation advisor @National Conservational Center in Skopje
30+ години искуство
Graphic and Brand Designer
5+ години искуство
Career Advisor
10+ години искуство
Client Services Director @Genesis Communications
13+ години искуство
MSc, Arts (MA), Film Television and Screen Industies
Photographer
8+ години искуство
MSc, Art and design
Art Director @Idea Lab Macedonia
14+ години искуство
Microsoft Certified Trainer
System Administrator @Semos Education
14+ години искуство
Graphic Designer @Alkaloid AD Skopje
35+ години искуство
Photographer & Graphic Designer
30+ години искуство
Illustrator & Graphic designer
5+ години искуство
Почетник
10 месеци
570 часови
Во готово / на рати
Онлајн / училница
Секој работен ден по 4 часа
22ри септември 2026
Ќе научиш како да одговориш на бриф од Клиент за даден проект, применувајќи правила на комуницирање и почитување на авторски права
Ќе развиваш оригинални визуелни решенија на одредени теми (од истражување, развој на идеја, Mind Map, Mood Board, скица до решение)
Ќе дизајнираш графички решенија на дадена тема и истата креатива ќе научиш како да ја адаптираш во други димензии за различни цели
Ќе научиш да се изразиш креативно преку манипулација на фотографи, по даден бриф, користејќи напредни техники во Adobe Photoshop
Ќе креираш оригинални векторски илустраци, по даден бриф, користејќи напредни техники во Adobe Illustrator
Ќе ги применуваш типографските правила во дизајнот и ќе креираш оригинални типографски визуелни решенија
Ќе дизајнираш ново лого и адаптираш дизајн на постоечко лого, изработувајќи корпоративен идентитет со Brand Book
Ќе дизајнираш дигитална публикација (каталог, брошура, списание...), користејќи напредни техники во Adobe InDesign
Ќе научиш технички да подготвиш фајлови пред публикување за дигитално и офсет печатење, како и за дигитална употреба
Ќе го изработиш првото студентско портфолио заедно со документите за себе-промоција обезбедувајќи конкурентска предност при аплицирање за работа
Со успешно завршување на стручната програма, изработка на богато портфолио со креативни проекти, како и положување на специјалистичките испити, ќе се стекнеш со државна диплома за специјалистичко образование за квалификацијата - Графички дизајнер Специјалист oд МОН. Како дел од квалификацијата Графички дизајнер, со положување на 3 испити за компјутерски вештини, ќе се стекнеш со меѓународни сертификати Adobe Certified Professional (ACP) за Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign.
Графичкиот дизајн ти нуди разновидни кариерни патеки преку кои можеш да ја трансформираш својата кариера.
Можеш да го започнеш своето професионално патување како Junior Graphic Designer, да соработуваш со креативни тимови во маркетинг агенции, стартапи или големи компании. Но тука не завршува твојот развој, со посветеност и работа, можеш да напредуваш кон позициите како: Senior Graphic Designer, Brand Designer, Illustrator... се до највисоките позиции како Арт директор и Креативен директор.
Доколку ти треба флесибилност во работата и креативна независност, фриленсингот станува сè поприсутна опција за графичките дизајнери. Како Фриленсер ќе работиш од каде сакаш, со клиенти од целиот свет и без ограничувања.
Кариерниот Центар на Семос Едукација е мостот кој те поврзува со компаниите – кариерен водич уште од првиот ден на Академијата па сѐ до првите можности за вработување или пракса.
Преку индивидуални препораки, менторство, настани, кариерно советување и директна комуникација со компаниите, ти помагаме да го направиш најголемиот чекор - првото вработување веднаш по студирањето.
Маркетинг агенција
Печатница
Издавачка куќа
Freelancer
Во просек ќе заработуваш 62.000 денари месечно (mojaplata.mk)
Вработување во било која индустрија
Никогаш нема да ти биде досадно
Ќе се изразуваш креативно
Професија без географско ограничување
Раководител на академијата за графички дизајн
angelina.kanchevska@semos.com.mk
+389 71 223 993, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.
angelina.kanchevska@semos.com.mk
+389 71 223 993, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.