Семос Компјутерски Образовен Центар е установа за образование на возрасните
за реализација на посебна програма Дизајнер за внатрешно уредување, бр.УП113 – 3507 од
22.12.2021год.
Од декември 2021 година, Семос Едукација стана акредитирана институција од
страна на Министерството за
образование и наука на Република Северна Македонија за реализација на посебната програма
Дизајнер за внатрешно
уредување.
Ако бараш професија која нуди креативна слобода, ефикасно планирање и
креирање на естетски дизајнерски
решенија за функционален и релаксиран ентериер, акредитираната Академија за внатрешен
дизајн е совршен влез во оваа
брзо растечка индустрија.
Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи
модерни информациски технологии, преку индивидуална и групна работа, практично
менторство со консултанти од реномирани компании во текот на наставата. Сето ова со цел
студентите да ги развијат своите вештини во внатрешен дизајн преку интересен, забавен и
модерен начин.
Оваа академија е за тебе доколку си:
Уметничка душа
Креативен
Можеш лесно да визуализираш
Имаш око за детали
Имаш уникатен стил на изразување
Брзо и лесно решаваш проблеми
Зошто дизајнер на ентериери?
Да се биде дизајнер на ентериер значи да се создава изгледот и
чувството на просторот, без
разлика дали тоа е внатрешна просторија, зграда или некоја друга околина.
Внатрешниот дизајн е архитектонско-дизајнерска дисциплина во индустрија која
продолжува да расте со огромна
брзина. Се очекува светскиот пазар на дизајн на ентериер да изнесува $255,4
милијарди до 2027.
Доколку си личност со голема креативност, уметнички афинитети, сопствено чувство за
стил и за комбинирање на
различни елементи во конкретен простор, сега е вистинското време да научиш преку
практично менторство со
консултанти од реномирани компании и работа на реални проекти.
Модули |
Часови |
Теорија на дизајн |
9 |
Основи на просторно планирање |
9 |
Софтверско проектирање со AutoCAD |
39 |
Студио 1 – работа на реален проект - техничка документација |
12 |
Основи на просторно планирање |
9 |
Проектирање на ентериер со SketchUp |
39 |
3Д моделирање, анимација и визуализација со 3DS Маx |
39 |
Студио 2 - работа на реален проект (3Д визуализација) |
12 |
БИМ проектирање на ентериер со Revit |
39 |
Визуализација со Photoshop |
21 |
Генеративна вештачка интелигенција (AI) |
8 |
Оптимизација на внатрешен дизајн со примена
на AI |
9 |
Кариера |
9 |
Бонус - Фриленс курс во вредност од 200€ |
21 |
Работа на финален проект |
6 |
По завршувањето на академијата ќе знаеш да ги користиш основните принципи за внатрешен
дизајн, ќе анализираш проектна програма и дефинираш просторни барања. Ќе правиш разлика
помеѓу архитектонски, градежни и структурални конструкции.
Исто така ќе можеш да моделираш ентериерни елементи и простор, како и да анализираш
елементи од некој проект. Ќе можеш да изработиш идејно решение, материјали за уредување
на ентериер, како и да моделираш елементи за уредување на истото.
Ќе бидеш подготвен да издаваш дополнителна документација како и ќе вршиш завршна
контрола на еден изведен проект. Најважно, ќе можеш успешно да комуницираш со клиенти и
деловни соработници.
Светски IT брендови
Официјални програми според светски реномирани брендови како Microsoft, AWS,
Cisco, Adobe, EC-Council и CertNexus
Акредитирани програми од МОН
Нашите академии се признаени и акредитирани од Министерството за образование и
наука.
Можност за пракса и вработување
Поврзани сме со повеќе од 250+ компании – добиј шанса за практична работа и
вработување
уште за време на
академијата.
Работа во мали групи
Персонализиран пристап во учењето – секој студент добива посветеност и поддршка.
Реални проекти
Учи преку реални проекти од индустријата – подготви се за вистински предизвици
уште
додека учиш.
Секогаш достапни предавачи
Нашите искусни предавачи се тука за тебе – за поддршка, менторство и совети во
секој
чекор од патот.
Кариерен Центар
Твојот компас за кариера – добиј професионално кариерно советување, поддршка при CV
подготовка, интервјуа и
вмрежување со компании.
КОН
КАРИЕРЕН ЦЕНТАР
Признаени професионалци и сертифицирани Autodesk инструктори, со богато
портфолио, високо професионални и компетентни за предавања во архитектурата и
внатрешниот дизајн.
Трајче Стојанов
International BIM Consultant
Autodesk Certified Instructor
CEO & Founder @ZWEI LTD
17+ години искуство
Иво Богојевски
Autodesk Certified Instructor
3D Artist @fx3x
14+ години искуство
Костандина Ангеловска
Graduate Facade Engineer @Ramboll
3+ години искуство
м-р Јасмина Антиќ
Global Career Development Facilitator (GCDF), MSc, Human
Resources Menagement and services
Head of Human Resources
15+ години искуство
Виолета Вукелиќ
HR manager
19+ години искуство
Петар Туфа
Autodesk Certified Instructor
Architect
16+ години искуство
Јана Таневска
Career Advisor
10+ години искуство
Нуман Назим
Autodesk Certified Instructor
Manager at a private company for furniture and
upholstery
12+ години искуство
Конкурсот за стипендија е затворен!
30 за 30
Жеден си за повеќе знаење? Нашата нова платформа содржи кратки АИ курсеви кои
се достапни во секое време
и можеш да ги учиш со свое темпо. Секое видео е поврзано со професија и разработува
различна тема, па можеш да
истражуваш и области кои не се дел од твоето професионално секојдневие.
Повеќе информации за платформата „30 за 30“
Co-working space
Нашата работна заедница е поубава ако си и ти дел од неа! Ги отворивме нашите
простории за со амбициозни
студенти да споделуваме идеи, искуства, да работиме заедно, да учиме едни од други и
секако, да се дружиме.
Нудиме простор за учење и работа во нашите училници и кафуле. Нашите студенти
добиваат бесплатен пристап.
Кариерен центар
Ги анализираме твоите јаки страни, ти нудиме кариерно советување и те поврзуваме со
нашите партнер компании на
кои им е потребен твојот специфичен талент. Работиме на тоа да добиеш вработување
или пракса во фирма каде
навистина се пронаоѓаш.
Студентска поддршка
Сакаме да го постигнеш својот потенцијал и затоа ние сме тука да го следиме твојот
напредок и да го проследиме
до Кариерниот Центар на Семос Едукација, да ги решаваме предизвиците со кои се
соочуваш, да те мотивираме и да
се осигураме дека ќе имаш позитивно искуство при следење на наставата..
Freelance курс
Ако сакаш да работиш за себе, сам да раководиш со своите обврски и време и да
работиш од каде било тогаш
фриленс, односно самовработување може да биде вистинскиот избор за тебе. Ние ти
нудиме курс кој ќе ти покаже
како да менаџираш проекти, развиеш свој фриленс профил и да ги изведуваш законските
и финансиските должности.
Соработуваме со светски IT брендови
Семос Едукација има склучено соработка со најголемите ИТ светски брендови што значи
дека нашите програми се
официјални и глобално стандардизирани и признаени. Тоа што ќе го научиш кај
нас можеш да го овековечиш
со тоа што ќе полагаш испит и ќе станеш светски сертифициран професионалец.
Предавачи
„Раката која дава, не се суши“ ќе ти кажат постарите, а нашите предавачи ќе ти го
дадат сето свое знаење.
Предавачите на Семос Академии се со многугодишно искуство и сите низ годините
научиле трикови како да си ја
олесниш работата, грешки за кои ќе те предупредат и несебично ќе бидат тука за
секое твое прашање или
совет дури и по завршувањето на академијата.