На Академијата за индустриски дизајн, нема да учиш што ќе се случи утре - туку ти ќе го создаваш. Без разлика дали сакаш да стекнеш основа во индустриски дизајн, да започнеш кариера во оваа динамична област или да започнеш сопствен бизнис, оваа академија е за тебе. Оваа обука е дизајнирана да ти ги даде професионалните вештини што ти се потребни за да успееш како дизајнер на индустриски производи со најмоќните с офтверски алатки од палетата на Autodesk.
Вештачка интелигенција во индустриски дизајн?
Ќе работиш со generative design алатки за автоматско креирање форми и структури според зададени параметри. Ќе користишAI-driven user research алатки за анализа на кориснички потреби и однесување. Ќе визуелизираш идеи со AI sketching и 3D modeling алатки, и ќе добиваш инспирација преку генератори на стилови и концепти. Ќе ги комбинираш овие технологии со SCAMPER, Journey Mapping и кориснички персони за развој на функционални и визуелно привлечни производи.
Академијата за индустриски дизајн е одлична можност за сите што сакаат да ги поврзат креативноста и технологијата. Ќе научиш како се дизајнираат производи што ги користиме секој ден – од концепт до финален изглед. Ќе работиш со дигитални алатки, ќе истражуваш материјали и ќе развиеш практични вештини за моделирање, визуелизација и техничко цртање. Секој модул е внимателно осмислен за да те подготви за реални задачи и индустриски предизвици.
По завршување, можеш да започнеш кариера во дизајн, производство, инженеринг или технолошки развој. Ќе имаш основа за работа во компании, студија или како фриленсер, со можност за понатамошна специјализација. Ќе добиеш поддршка за градење на професионален профил, портфолио и подготовка за интервјуа. Академијата ти дава знаење, искуство и самодоверба да го направиш следниот чекор во твојата кариера.
Оваа академија е за тебе доколку:
Имаш креативна имагинација и сакаш визуелно да изразуваш идеи
Сакаш тимска работа и добра комуникација
Се интересираш за форми, материјали и изработка
Имаш желба да создаваш корисни и функционални производи
Внимателен/на си на детали и естетика
Те привлекува решавање на проблеми преку дизајн
Како индустриски дизајнер, можеш да работиш во многу различни и интересни области – од автомобилска индустрија, мебел и електроника, до медицински уреди, спортска опрема, пакување и UX/UI дизајн. Ќе можеш да се вклучиш во инженеринг, архитектура, визуелна комуникација или технолошки стартапи. Ќе можеш да бидеш дизајнер на производи, CAD техничар, инженерски асистент, R&D координатор, па дури и креативен директор. Оваа професија ти дава слобода да комбинираш креативност со технологија и да создаваш решенија што имаат реално влијание.
Модули | Часови |
---|---|
Основи на индустриски дизајн | 18 |
Вовед во материјали и технологии | 12 |
Конструктивна геометрија и инженерска графика | 9 |
AutoCAD | 39 |
Fusion 360 | 39 |
Inventor | 39 |
Дизајн и технологии за обработка на пластични производи | 12 |
Дизајн и технологии за обработка на метални производи (Sheet metal) | 15 |
Визуелизација | 9 |
Vault | 15 |
Генеративна вештачка интелигенција (AI) | 8 |
Иновации и дизајн на совремни производи со примена на AI | 18 |
Компјутерски симулации | 9 |
Интегративно студио - проект | 15 |
Кариера | 9 |
Бонус - Фриленс курс во вредност од 200€ | 21 |
Ќе се запознаеш со општиот поим за дизајн, со поимот и историскиот развој на индустрискиот дизајн, заедно со улогата на индустриските дизајнери, влијанијата врз дизајнот и успешноста на производите, визуелната перцепција и гешталт принципите. Застапени се овде ликовните елементи и принципи, понатаму функциите и врските на производите како и јазикот и функцијата на производите. Ќе се стекнеш со знаења за интеракцијата на корисниците со производите, пред сѐ од ергономски аспект како и за процесот на дизајнирање производи во 5 фази. Ќе ги примениш стекнатите знаења во вежби наменети за јазикот на производите, антропометриски мерки и решавање на ергономски проблем кај реален производ преку дизајн процесот.
Ќе се запознаеш со потребата од познавањето и употребата на материјалите и производните технологии во индустрискиот дизајн, како и визуелно да се запознаеш и да ги разликуваш изучените процеси. Во текот на курсот се изработува задача: Истражување на избор на материјали кај секојдневни производи.
Ќе се запознаеш со основните правила и принципи на нацртната геометрија и инженерската графика кои претставуваат теоретска основа пред практичното изучување на Autodesk софтверските алатки во Академијата, односно нацртната геометрија и инженерската графика, стандардизацијата и видови на формати, како и со основните видови на технички цртежи. Ќе ги изучиш видовите на линии кои се користат во процесот на креирање на технички цртеж, како и правилата за поставување на димензии и сите останати ознаки неопходни во инженерската графика преку соодветни примери. Презентирани ќе бидат модели на основните геометриски форми во 3Д и ортогонални проекции со цел полесна визуелизација и разбирање. Исто така, ќе се запознаеш со видовите на модели за претставување на телата, принципите за нивно моделирање и креирање на пресеци и нивно соодветно обележување со шрафури, претставување на должински толеранции и ознаки за квалитет на површинска обработка и прикажување на сите последователни операции при изработка на работилнички цртеж.
Со официјалната Аутодеск алатка AutoCAD ќе се запознаеш со AutoCAD околината и ќе креираш едноставни цртежи. Во овој модул ќе научиш да манипулираш со објекти, да организираш цртежи и команди за анализа на цртежи, да модификацираш објекти, како и да работиш со Layout-и. Ќе совладаш текстуални објекти во цртеж, котирање и шрафирање на објекти, дополнителни команди за цртање на објекти, како и печатење на цртежите и креирање на Template цртежи.
Во модулот Fusion 360, ќе ги совладаш основните и напредни вештини за 3Д моделирање во Autodesk Fusion 360. Ќе се запознаеш со интерфејсот, ќе креираш и параметризираш 2Д скици, и ќе ги трансформираш во 3Д тела. Ќе работиш со конструктивни помошни елементи, равенки, и параметри, како и со историјата на команди за прецизна манипулација на моделите. Ќе научиш како да поставиш и поврзеш компоненти, да дефинираш движење, и да работиш со скулптури и органски форми. На крај, ќе изработиш техничка документација базирана на твојот 3Д модел, подготвена за реална примена во индустрискиот дизајн.
Со Autodesk алатката Inventor ќе научиш да креираш базни и секундарни карактеристики, да креираш скици, датотеки за презентација (експлодиран поглед, анимација). Во овој модул ќе работиш со равенки, како и со понапредни 3Д алатки. Дополнително овде ќе научиш да работиш во склопови, спојување на компоненти и дополнителни алатки во склопови. За крај, ќе научиш да документираш и котираш делови и креираш погледи и цртежи, а ќе се сретнеш и со алатки за средување на 2Д цртежи.
Ќе научиш како да ги примениш различните типови на пластики во процесот на дизајн и производство на производи. Ќе се запознаеш со нивните својства, предности, и техники за обработка, со акцент на инјекционото пресување и моделирање на калап. Ќе работиш практично во Fusion 360 и Inventor, каде ќе креираш 3Д модели и ќе ги трансформираш во функционални производни решенија. Ќе научиш како да избираш соодветен материјал, да го обликуваш конструктивно, и да интегрираш елементи за врски. Модулот ќе ти овозможи да ги разбираш производните процеси и да ги примениш во реални индустриски сценарија преку дизајн на производи од пластика.
Ќе видиш како се дизајнираат и моделираат метални делови од лим – материјали кои се користат во многу производи, од апарати до автомобили. Ќе работиш со дигитални алатки за да креираш основни форми, да ги виткаш, сечеш, и да додаваш спојни елементи. Ќе видиш како изгледа делот кога е свиткан, но и кога е целосно „развиен“ – што е важно за негово производство. Ќе научиш како да направиш технички цртежи и да ги подготвиш за фабричка изработка. Овој модул е одличен вовед во тоа како се користи софтвер за да се дизајнираат реални метални производи, чекор по чекор.
Во модулот Визуелизација, ќе научиш како да создаваш визуелни претстави на производи користејќи Fusion, Inventor и Canva. Ќе се запознаеш со различни типови на визуелизација, нивните карактеристики, и ќе ги применуваш преку рендерирање, осветлување, позиционирање на камера, и текстурирање. Ќе научиш како да прилагодуваш боја и тон, да додаваш сенки, и да компонираш кадар со техники за пост-обработка, вклучувајќи типографија и фонтови. Преку практична работа, ќе ги развиеш своите вештини за визуелна комуникација и ќе ги презентираш своите дизајни на професионален начин.
Во рамките на овој курс ќе ги научиш основните и напредните функции на софтверот за управување со податоци и проекти. Курсот започнува со основни задачи во Vault и се фокусира на тоа како да се користи Vault заедно со различни Autodesk програми, вклучувајќи Inventor, AutoCAD, кои се изучуваат во академијата. Понатаму, ќе ги научиш најчестите операции во Vault, како и на организација и пополнување на Vault со проекти и датотеки. Учењето опфаќа и техники за ефикасно управување со податоци, што овозможува поедноставено следење на верзии, контрола на пристап и координација во тимот. На крајот од курсот, ќе бидеш подготвен да ги примениш стекнатите вештини за управување со проектни и инженерски податоци, обезбедувајќи сигурност, прецизност и организираност во процесот на дизајн и развој.
Во модулот Генеративна вештачка интелигенција (AI), ќе се фокусираш на креирање мулти-модална содржина со помош на напредни AI алатки, како текст, слики и видео, применливи во реални дизајн и бизнис контексти. Ќе ги истражиш генеративните технологии и нивната улога во трансформација на креативниот процес. Преку практични примери, ќе развиеш способности за интеграција на AI во дизајн размислување, со цел да создаваш иновативни и технолошки напредни решенија. Модулот ќе ти овозможи да го искористиш потенцијалот на AI за да го унапредиш дизајнот и да одговориш на современите индустриски потреби.
Во модулот AI во индустриски дизајн, ќе се фокусираш на примената на вештачка интелигенција во развојот на иновативни производи и решенија. Ќе научиш како AI го трансформира креативниот процес преку генеративен дизајн, анализи на кориснички потреби, и автоматизирано креирање на концепти. Ќе работиш со техники како SCAMPER, Journey Mapping, и кориснички персони, но со акцент на тоа како AI ги подобрува овие методи. Ќе истражуваш модерни технологии и трендови кои го обликуваат современиот дизајн, и ќе примениш AI алатки за да развиеш функционални и визуелно привлечни производи. На крај, ќе креираш иновативни концепти кои комбинираат дизајн размислување со вештачка интелигенција, подготвени за реална примена во индустријата.
Во овој курс ќе добиеш вовед во симулациите во Autodesk Inventor и Autodesk Fusion, со фокус на анализирање на механички својства, оптоварувања и перформанси на модели. Курсот започнува со основи на симулации, вклучувајќи статичка анализа, идентификација на критични точки и дефинирање на граници и оптоварувања за моделите. Понатаму, ќе слушнеш за различните типови на симулации, како што се динамичка анализа, анализа на термички ефекти и интеракција помеѓу компоненти, но главниот фокус останува на статичката анализа. Ќе научиш како да користиш алатки за визуализација на резултатите, анализа на стрес и деформации, и оптимизација на дизајнот според добиените податоци. На крајот од курсот, ќе бидеш подготвен да ги применуваш стекнатите вештини за симулација и анализа на модели во Inventor и Fusion, со цел подобрување на квалитетот, сигурноста и ефикасноста на инженерските решенија и производните процеси.
Во рамките на овој проект ќе имаш можност да ги примениш стекнатите знаења и вештини од сите претходни курсеви во еден интегриран проект, кој ќе претставува практична примена на добиеното знаење и блиско искуство со индустријата. Проектот започнува со добивање барања од “клиентот”, изработка на неколку концептни решенија, а потоа преминуваш кон креирање на 3D модели и сложени геометрии, користејќи скици, конструктивни функции, параметри и техники за уредување на геометрија во некој од изучените софтвери. На крајот се изведуваат статички анализи за да се провери дали моделот ќе издржи зададените оптоварувања, со цел оптимизација на дизајнот и подобрување на квалитетот и сигурноста на инженерските решенија. Овој интегриран проект ќе ти овозможи да го потврдиш своето знаење преку комбинирање на дизајн, управување со податоци и симулации, резултирајќи со целосно организиран, функционален и технички прецизен производен процес.
Со Кариера ќе научиш како да изработиш индивидуален кариерен план и да добиеш визија за кариерен успех. Ќе спроведеш и толкуваш SWOT анализа за утврдување на своите предности, слабости, можности и закани. Ќе научиш како да изработиш CV, мотивационо писмо како и Linkedin профил, и како да се подготовиш за интервју.
Светски IT брендови
Официјални програми според светски реномирани брендови како Microsoft, AWS, Cisco, Adobe, EC-Council и CertNexus
Акредитирани програми од МОН
Нашите академии се признаени и акредитирани од Министерството за образование и наука.
Можност за пракса и вработување
Поврзани сме со повеќе од 250+ компании – добиј шанса за практична работа и вработување уште за време на академијата.
Работа во мали групи
Персонализиран пристап во учењето – секој студент добива посветеност и поддршка.
Реални проекти
Учи преку реални проекти од индустријата – подготви се за вистински предизвици уште додека учиш.
Секогаш достапни предавачи
Нашите искусни предавачи се тука за тебе – за поддршка, менторство и совети во секој чекор од патот.
Кариерен Центар
Твојот компас за кариера – добиј професионално кариерно советување, поддршка при CV подготовка, интервјуа и вмрежување со компании.
КОН КАРИЕРЕН ЦЕНТАРНашите сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство задолжени за развојот на академијата се посветени да ти овозможат практично искуство со најнови трендови во индустрискиот дизајн. Нивна цел е нашите студенти да бидат подготвени да успеат во овој динамичен и растечки свет на индустриски дизајнер.
Autodesk Certified Instructory
Customer Quality Engineer @Johnson Matthey
3+ години искуство
Mechanical Design Engineer@Van Hool Macedonia
4+ години искуство
Career Advisor
10+ години искуство
HR manager
19+ години искуство
Конкурсот за стипендија е затворен!
Почетник
10 месеци
266 часa
Во готово / на рати
Онлајн
2-3 пати неделно
29 септември 2025
Совладување ергономија, визуелна перцепција и анализа на кориснички потреби
Избор и примена на соодветни материјали и технологии за различни типови производи
Разбирање на конструктивна геометрија и инженерска графика за техничко моделирање
Користење на AutoCAD за 2Д технички цртежи и подготовка на производна документација
Креирање и едитирање 3Д модели во Fusion со скицирање, параметри и органски форми
Дизајнирање механички склопови во Inventor со ограничувања и симулација на движење
Примена на технологии за обработка на пластика и метал: виткање, сечење и спојување
Визуелизација на производи преку рендерирање, текстурирање и креирање анимации
Запознавање со улогата на генеративна вештачка интелигенција (AI) во современиот дизајн
Развивање способности за интегриран дизајн и иновации со современи методологии
По завршување на програмата и изработка на завршен проект, ќе се стекнеш со сертификат за успешно завршена посебна програма за индустриски дизајнер.
Автомобилска индустрија
Фармацевтска индустрија
Машинска индустрија
Производство
Во просек ќе заработуваш 44.000 денари месечно (mojaplata.mk)
Голем избор на кариерни опции
Добро платена работа
Глобални можности за вработување
Технолошко окружување
Кариерниот Центар на Семос Едукација е мостот кој те поврзува со компаниите – кариерен водич уште од првиот ден на Академијата па сѐ до првите можности за вработување или пракса.
Преку индивидуални препораки, менторство, настани, кариерно советување и директна комуникација со компаниите, ти помагаме да го направиш најголемиот чекор - првото вработување веднаш по студирањето.
Специјалист за продажба
irena.smilevska@semos.com.mk
+389 75 318 194, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.
dijana.vasilevska@semos.com.mk
+389 70 349 030, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.
irena.smilevska@semos.com.mk
+389 75 318 194, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.