Semos Academy Awards 2025

Ѕвездите на генерацијата 2023/24 блеснаа на третите Semos Academy Awards

БЛОГ ОБЈАВА

На 14 мај 2025, во новите простории на Семос Едукација, свечено се одржа третата по ред церемонија на Semos Academy Awards – вечер на инспирација, признание и трансформација. Настанот го одбележа крајот на академската 2023/2024 година и претставуваше емоционално патување исполнето со аплаузи, благодарност и гордост за сè што заеднички постигнавме.

Настанот започна со инспиративен говор од водителката Катарина, која нè потсети на мисијата на Семос Едукација – да создава средина каде што студентите имаат можност да го трансформираат својот живот преку образование. Свое обраќање имаше и извршната директорка Валентина Тасева, која ја нагласи важноста на посветеноста, партнерството и заедничкиот успех во градењето на иднината.

Свое обраќање имаше и генералната директорка на Семос Едукација, Валентина Тасева која со поздравен говор им ги честиташе академските достигнувања на студентите, а ги охрабри и стипендистите и идните студенти континуирано да се надградуваат со нови знаења и вештини, кариерно да растат и да веруваат дека можат да постигнат сè што замислиле.

Семос Едукација како прва акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука за спроведување на пост-средно формално образование, десетта годинa по ред стипендира млади таленти верувајќи и развивајќи го нивниот потенцијал. Академијата за графички и веб дизајн за новата генерација 2025/25, додели 4 стипендии во вредност од 7.200 ЕУР на апликанти на конкурсот за стипендија на тема „Културен имунитет“ кои успешно го поминаа процесот на селекција.

Во рамките на свеченоста беа доделени и три стипендии за Академијата за графички дизајн за новата генерација 2025/26, во вкупна вредност од 5.000 евра, на тема: „Последиците од нашите навики“. Стипендии добија:

  • Ивана Антевска – делумна стипендија од 1.000 €
  • Ерика Златковска – делумна стипендија од 1.000
  • Борис Ливрински – целосна стипендија од 2.700

Во продолжение, гордо ги претставуваме ѕвездите на генерацијата 2023/24 – најдобрите студенти од секоја од академиите:

  1. Академија за веб дизајн – Кристијан Васиќ
  2. Академија за графички дизајн – Дорис Маринковиќ
  3. UX/UI дизајн (МОН акредитирана) – Весна Илиевска (септ. 2023), Јана Величкова (март 2024)
  4. Data Science Институт – Санела Никодиноска
  5. JavaScript Академија – Демјан Анатоли Голубов и Ангел Спасов
  6. Game Development Академија – Филип Тосковски и Милко Тренчевски
  7. Академија за софтвер тестер – Душан Тофчески и Амра Ибраими
  8. Академија за внатрешен дизајн – Ангела Петреска и Гордана Кадинец
  9. Академија за дигитален маркетинг – Ивана Конзулова и Бранкица Бошковска
  10. Академија за човечки ресурси – Ирена Касапоски Стојанова и Благица Каракашева
  11. Microsoft Cloud Developer (.NET) – Симеон Паунов
  12. Академија за вештачка интелигенција – Елена Шајноска
  13. Академија за визуелни ефекти – Симеон Костовски
  14. Академија за сајбер безбедност – Антонино Царисти
  15. Академија за индустриски дизајн – Игор Зафировски

Посебни признанија беа доделени и на нашите партнери:

  • Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – за најдобар студентски проект од областа на општествено одговорни практики (Академија за графички дизајн)
  • Ad Value – Талент Партнер со најактивно учество во академиите

Овој настан уште еднаш потврди дека образованието менува животи, а заедницата на Семос Едукација останува посветена на креирање нови успешни приказни, генерација по генерација.

Септемвриските уписи на Семос Академиите се во полн ек, со попусти од 20% до 30 јуни на сите академии. Избери ја иднината со супер платена професија, аплицирај на Семос Академии

#semos-academies
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР