Академија за човечки ресурси

HR Академија – за следните генерации на HR лидери

Одделот за човечки ресурси е функционално јадро на секоја компанија, а HR професионалците-неопходен дел од секој успешен бизнис. HR Академијата е креирана со практичен пристап и работа на менторски принцип, a предавачите на Академија имаат големо искуство во HR менаџментот.

Добро е да знаеш:
82% од студентите по завршување на Академијата за човечки ресурси се вработуваат и ја почнуваат својата кариера во HR индустријата.

Ново ниво на знаење со AI

Со новите AI вештини додадени на академијата, ќе научите како AI може да автоматизира рутински HR задачи, да ги подобрите одлуките и перформансите и да анализирате податоци за подобрување на HR практиките. Ќе откриете и како AI може да помогне во регрутирање и селекција на кандидати, управување со таленти, следење на перформансите и подобрување на ангажманот и задржувањето на вработените.

Избери HR Академија и стани HR професионалец во новото време!

ЗАКАЖИ СРЕДБА
ПРОГРАМА

Главната цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини, компетенции, максимално практично знаење за еден HR професионалец и вклучување на пазарот на труд. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа и/или обезбедување на самовработување.

Програмата нуди можност за напредување во кариера на повисоки нивоа како и препознатливост на квалификацијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување.

Оваа академија е за тебе доколку си:

Емпатичен

Се грижиш за луѓето

Имаш јак интегритет

Сакаш да воспоставуваш ред и правила

Трпелив

Авторитативен

Лидер

Имаш одлични комуникациски вештини

Модули Часови
Стратешки HR менаџмент 20
Правни аспекти 20
Регрутација и селекција 20
Мотивација на вработени и задоволство од работа 20
Развој на вработени 20
Перформанс менаџмент 20
Плати, наградување и финансиски аспекти 20
HR аудит и HRIS 20
Аналитика во HR 20
Генеративна вештачка интелигенција (AI) 8
AI во HR: Примена, придобивки предизвици
  • Вовед во AI, основни концепти и примена во HR:
    • Основни концепти на AI и нејзината улога во денешната HR функција
    • Примери и истражувања за успешни примени на AI во HR функциите.
  • “A” рамка на примена на AI во HR
    • AI решенија во делот на привлекување и селекција на таленти во организацијата
    • AI решенија во делот активирање и развој на талентите во организацијата
    • АI решенија во делот на задржување на талентите во организацијата
  • AI решенија за унапредување на перформансот на HR професионалците.
    • Оваа програма ќе обезбеди комплетен преглед на примената, придобивките и предизвиците на вештачката интелигенција во HR.
9
Опис на предметите опфатени во оваа програма

Менаџмент на човечки ресурси претставува процес на управување со организациската функција која подразбира обезбедување, селекција, едукација и тренинг, распоредување и прераспоредување, водење, негување, мотивирање, оценување и контролирање и слични аспекти на управувањето со човечкиот капитал на организацијата.

Стратешкиот менаџмент со човечки ресурси ги идентификува идните потреби од менаџмент со човечки ресурси по анализирање на моменталните човечки ресурси во компанијата, надворешниот пазар на работна сила и идното деловно опкружување со човечки ресурси во кое ќе работи компанијата. Курсот Стратешки менаџмент е вовед во областа на управување и развој на човекови ресурси и ја опфаќа целосно оваа функција во организацијата. Стратешкиот пристап е главен акцент како дел од комплетниот бизнис развој на една организација. Во овој курс се обработуваат актуелните трендови и барања на современиот менаџмент.

Работата на менаџерот за управување со човечки ресурси е да биде поддршка и на менаџментот и на вработените, и да биде линк, посредник, помеѓу нив на начин на кој и двете страни ќе бидат задоволни. Тоа не е нималку лесна работа затоа што никогаш не е однапред предвидлива, затоа што се работи со различни луѓе, кои се секој посебна индивидуа со свој посебен карактер и темперамент, со свој начин на однесување и реагирање, а дополнителна потешкотија се промените во внатрешната организација на фирмата и честите промени во законските регулативи.

Одделот за човечки ресурси има обврска да ги информира работниците за промените во компанијата и за новите мерки и закони кои се преземаат во врска со работата и работните односи, особено ако тие претставуваат закана за вработувањата. Во секој случај Менаџерот за управување со човечки ресурси мора да ги применува законските регулативи, и одредбите од колективните договори за да не ја доведе компанијата во неповолна ситуација и токму тој аспект од управувањето со човековиот капитал се обработува во овој курс на Академијата.

Во една организација мора да бидеме многу внимателни при вработувањето на луѓе. Ова е лесно да се каже, но треба многу работа и внимание за да се реализира. Постојат работи кои треба да се научат за да можеме соодветно да го реализираме процесот на регрутација и селекција на кадар и со тоа да имаме ефективно враќање на инвестициите.

Целта на сите нас е да ги имаме вистинските луѓе на вистински работни места во вистинско време. Курсот Регрутација и селекција е насочен кон процесите на регрутација и селекција во организацијата, како и на процесот по завршување на селекција и воведување на нововработениот во работата.

Сè што доведува до активност, ја насочува и го определува нејзиниот интензитет и времетраење се нарекува со заедничко име мотивација. Мотивацијата е плод на заедничката соработка на две научни дисциплини: менаџментот и психологијата.

Со менаџментот се навлегува длабоко во суштината на работењето и водењето на претпријатијата, а со психологијата се навлегува во тајната на човечкото однесување. Бидејќи претпријатијата се пред сé создадени, составени, водени и одржувани од луѓето, јасна е потребата да се разбере:

  • Како луѓето функционираат?
  • Зошто работат?
  • Кои се нивните потреби?
  • Што сакаат да постигнат во животот?
  • Кои се нивните цели?
  • Што ги мотивира?
  • Како да бидат попродуктивни?
  • Како да бидат иновативни и инвентивни?
  • Како да го дадат својот максимум?
  • Како да се надградуваат?
  • Како да бидат најдобриот ресурс кој го има претпријатието?

Во овој курс ќе ги осознаете основните теории за мотивација на вработените и нивна примена во праксата.

Развојот на вработените е основа за задржување на талентите и остварување на професионален развој. Инвестицијата во вработените има голема улога во денешно време. Секој напор за постигнување на целите е голема предност пред конкуренцијата и го гради реномето на организацијата.

Развојот на вработени опфаќа работа со вработените на нивната кариера. Курсот за развој на вработени се фокусира на иновативни идеи и практики за развој и усовршување на вработените, како и за начин на поставување на „организација која учи”. Дел е посветен на обука на вработените, коучинг и менторство.

Теми на овој курс се:

  • Анализа на потребите од развој на вработени
  • Обука на вработени, коучинг и менторство
  • Управување со таленти
  • Управување со знаење
  • Поставување на интерни програми за обука, како и интерни обучувачи
  • Планирање на наследници на вработени (замена) во случај на отсуство или напуштање на работното место

Менаџерите изведуваат евалуација на работниот учинок со години. Вработените посетуваат обуки со години. Вработените во организациите со векови поминуваат долго време на работа. Процесите, како што се планирање, буџетирање, продажба, наплата со години се извршуваат во организациите. Но многу често овие активности се спроведуваат затоа што мора да се спроведуваат, а не заради тоа што тие директно придонесуваат за остварување на посакуваните резултати на организацијата.

Процесот на менаџирање на перформансот или работниот учинок нè потсетува дека не е исто да бидеш зафатен и да оствариш резултат. Овој курс се однесува на следењето на деловната ефикасност на вработените, што е една од најслабите точки во повеќето организации. Овој курс ќе обезбеди знаења за вистинско воспоставување на систем за следење на ефикасноста, споделување на најдобрите практики во поставувањето курс за управување со работна изведба и учинок, како да се дефинира моделот на компетенции, како и практичните процедури за имплементација во пракса.

Управувањето со ефикасноста има за цел брзо и ефикасно воспоставување на систем за да се добие поголема ефективност и да се спречи флуктуација на вработените.

Еден од предусловите за одговорно и посветено работење на вработените е финансиската надокнада за нивниот вложен труд. Основната плата е надокнада за секојдневното работење, а паричните награди-бонуси се исплаќаат на вработените во зависност од остварениот учинок. Бонусите се исплаќаат за ефективно остварени резултати и не се однесуваат на секојдневното работење за кое вработениот добива основна плата.

Од исклучителна важност е финансиската надокнада на вложениот труд биде прецизно и праведно одредена според позитивните норми и закони. Токму поради тоа, во овој курс ќе се запознаете со различните типови на плати и наградување на вработените. Дел е посветен на законските барања, структурите на плати, но се работи и на нефинансиско наградување.

Теми во овој курс се:

  • Плата, придонеси и административни аспекти
  • Системи за наградување на вработени
  • Буџети за вработени
  • Пресметување на поврат на инвестиција од обука
  • HR аудит и HRIS

Ревизија на процесот за човечки ресурси претставува темелна анализа на процесот на управување со човечки ресурси со цел да се добие детална и структурирана слика за начинот на управување со човечките ресурси со јасни показатели за критичните точки. Овој курс нуди систематизирано знаење за тоа како да го анализираме квалитетот на управување со човечките ресурси, имплементирани во секој сектор во компанијата, проследено со работа на студии на случај од практиката.

Другиот дел се занимава со информациски системи за управување и развој на човечки ресурси, дефинирање на потреба, видови и избор на информациски системи за управување и развој на човечки ресурси.

Воведуваме бесплатна обука за вештачка интелигенција Generative AI со која ќе ти овозможиме брз влез за работа во било која индустрија и ќе те подготвиме со вештини на иднината.

Оваа обука ги опфаќа основите на вештачката интелигенција и креирањето мулти-модална содржина со помош на AI алатки, со посебен осврт на генеративната вештачка интелигенција. Што е prompt engineering? Како да напишеш ефективен промпт? Што е модел?

Ова се дел од прашањата за кои курсот за генеративна вештачка интелигенција дава одговори. Преку примери од реални бизнис сценарија, ќе се разгледуваат етичките аспекти и предизвиците при примена на AI решенија. Дополнително, ќе се анализира оправданоста на проекти за имплементација на вештачка интелигенција.

  • Основи на вештачка интелигенција
  • Креирање на мулти-модална содржина со алатки за вештачка интелигенција
  • Примери од реални бизнис сценарија
  • Етика во вештачка интелигенција
  • Предизвици при примена на решенија каде е интегрирана вештачка интелигенција
  • Оправданост на проекти за имплементација на вештачка интелигенција

Учи од професионалци кои што имаат 15+ години искуство во оваа област и се пионери во фелата на човечки ресурси во земјава:

Билјана Шамакоска Ангелова

Билјана Шамакоска Ангелова

HR Director @Hi-Tech Corp

18+ години искуство

Билјана Чкламовска

м-р Билјана Чкламовска

MSc, Еconomics

Head od Legal/HR and Complience officer @Novomatic

26+ години искуство

Ана Салтирова Давидовски

Ана Салтирова Давидовски

NLP Trainer and Coach

15+ години искуство

Искра Трајкоска

м-р Искра Трајкоска

MSc, Business Administration (MBA)

Training & People Development Manager @Damilah

16+ години искуство

Марина Ажиевска

Марина Ажиевска

Deputy Director of Accounting and Finance @GEING Krebs und Kiefer International & others Ltd

16+ години искуство

Ника Ивановска

м-р Ника Ивановска

MSc, Organizational Sciences and Management

HR Manager @Upshift

6+ години искуство

Јана Таневска

Јана Таневска

Career Advisor

10+ години искуство

Violeta Vukelikj

Виолета Вукелиќ

HR manager

19+ години искуство

Конкурсот за стипендија е затворен!

Со твојот упис добиваш бесплатни три курсеви во еден пакет во вредност од 500€:
1. Фриленс курс во вредност од 200€

Фриленс работењето е одличен старт по завршување на академијата.

По завршување на Академијата, ти овозможуваме фриленс курс во вредност од 200€, а ти ќе имаш можност да го слушаш бесплатно.

Содржина на курсот:
Комуникација со клиенти
Time management
Project management
Плаќање и даноци
Креирање и развивање на сопствен Фриленс профил

Со посета на курсот ќе стекнеш знаења и вештини кои ќе те претворат во успешен фриленсер!

2. Обука за Лична организација и менаџмент ориентиран кон резултати во вредност од 100€
Содржина на курсот:
Познавање и разбирање на поимот „клиенти“, надворешни и внатрешни клиенти
Разбирање на услугите што им се даваат на клиентите
Ефективни начини за комуникација, важноста на повратните информации од клиентот
Проценка на клиент, решавање на конфликти и одговорно однесување
Проценка на лична ефикасност
Организациска ориентираност кон реузултати
Ориентираност кон акција и проценка на ефикасност
Стратегија за подобрување на резултати и градење вештини
3. Generative AI во вредност од 200€
Содржина на курсот:
Основи на вештачка интелигенција
Креирање на мулти-модална содржина со алатки за вештачка интелигенција
Примери од реални бизнис сценарија
Етика во вештачка интелигенција
Предизвици при примена на решенија каде е интегрирана вештачка интелигенција
Оправданост на проекти за имплементација на вештачка интелигенција

1.840 EUR

искуство

Потребно искуство

Почетник

времетраење

Времетраење

10-12 месеци

часови

Број на часови

197 часови

цена

10% попуст до 16 септември

сертификат

Државен сертификат од МОН

плаќање

Плаќање

Во готово / на рати

обука

Тип на обука

Онлајн/во живо

почеток

Почеток

Прва група: 04.10.2024
Втора група: 18.10.2024

слободни места

Мали групи до 15 студенти со цел индивидуален пристап кон секој слушател

РЕЗЕРВИРАЈ МЕСТО
ШТО ЌЕ НАУЧИШ НА АКАДЕМИЈАТА?
бизнис процес

Ќе научиш повеќе за бизнис процесите, бизнис климата и опкружувањето

регрутација

Ќе научиш да планираш процес на регрутација и селекција

евалуација

Ќе научиш како да правиш евалуација на работната изведба

HRIS

Ќе научиш како да правиш проценка на потребата од HRIS

мотивација

Ќе научиш како да поставуваш системи за мотивација на вработените

менторство

Ќе научиш како да воведеш и користиш менторство во компанијата

работна околина

Ќе научиш како правилно да го применуваш Законот за работни односи и колективни договори

наградување

Ќе научиш како да изготвуваш планови за плати, наградување на вработените

ПО АКАДЕМИЈАТА
Каде те гледаме по завршувањето на академијата?

Кариерниот центар на Семос Едукација ќе те поддржи во процесот за апликација за пракса или вработување во компании соработници и талент партнери со кои заедно ќе работиш на реални проекти. 

КОН КАРИЕРЕН ЦЕНТАР
award

Сертификати

По успешно завршување на програмата ќе се стекнеш со сертификат за успешно завршена програма за управување и развој на човечки капитал.

certificate1
АНАТОМИЈА НА HR МЕНАЏЕР
работа
Каде ќе работиш?

Финансиски сектор

Градежна индустрија

Производство

Трговија

IT комапнии

плата
Колку ќе заработуваш?

Во просек ќе заработуваш 69.000 денари месечно (mojaplata.mk)

бенефити
Дали имаш придобивки?

Влијателна позиција

Добра плата

Безбедна работа

Во позиција да влијае на човечките животи на добро

Работа со многу луѓе

Брзо растечка индустрија во подем

HR Manager

HR MANAGER

ПОВЕЌЕ ЗА АКАДЕМИЈАТА
СОРАБОТНИЦИ

110+ КОМПАНИИ ВЕРУВААТ ВО КВАЛИТЕТОТ И
ЗНАЕЊЕТО НА СТУДЕНТИТЕ НА СЕМОС АКАДЕМИИ.

УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ
ВИДЕО ПРИКАЗНИ
Aнета Секуловска

Закажи средба со Анета!

Анета Секуловска

Business Development Executive

mail icon

aneta@semos.com.mk

working time icon

+389 70 357 591, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.

Закажи средба со Анета!

Анета Секуловска

aneta@semos.com.mk

+389 70 357 591, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.

ДАЛИ ТИ СИ СЛЕДНИОТ HR МЕНАЏЕР?

Откриј ги можностите веднаш!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР