ISTQB Logo

Академија за Automation Software Tester

Официјална ISTQB програма

Доколку сакаш да навлезеш во областа на софтвер тестирањето, како мануелен и автоматски софтвер тестер или да се преквалификуваш, тогаш Академијата за софтвер тестирање во Семос Едукација е вистинското место за тебе.

Вештачка интелигенција во софтвер тестинг?

Во оваа академија ќе работиш со автоматизациски софтвер кој користи вештачка интелигенција во секој чекор од тестирањето. Ќе креираш различни сценарија и тестови со помош на АИ, а потоа ќе ги анализираш резултатите за да добиеш прецизни и брзи увиди. Ќе стекнеш знаење кое ќе ти овозможи секојдневно да работиш на платформа базирана на АИ, со што ќе ги оптимизираш процесите и ќе ја зголемиш ефикасноста.

ЗАКАЖИ СРЕДБА
СТРУЧНА ПРОГРАМА

Зошто Software Tester?

Тестирањето на софтвер е процес на извршување на планирани проверки на функционалноста на еден систем, програма или апликација, со сеопфатна цел за подобрување на софтверските перформанси.

Во свет каде што апликациите го обликуваат секојдневието, а секој клик е дел од корисничкото искуство, само стабилен и сигурен софтвер носи вистинска вредност.

Токму тука настапуваат Software Tester-ите – хероите зад сцената кои ги откриваат грешките во развојот на софтверските решенија и апликации, обезбедувајќи стабилност, сигурност и беспрекорно корисничко искуство. Нивната работа спречува хаос пред тој да се случи.

Побарувачката за тестери постојано расте, бидејќи тие се незаменлив дел од секоја ИТ компанија. Со клучна улога во обезбедување доверба, безбедност и квалитет, Software Testing е меѓу најбараните улоги во ИТ индустријата, со постојана потреба од квалификувани професионалци.

Со Академијата за Automation Software Testing, ќе добиеш знаења и вештини што те подготвуваат за реални предизвици и успешна кариера во оваа динамична и наградна професија.

Биди и ти дел од тој тим!

Што добиваш со оваа програма?

  • Целосно разбирање на процесот на тестирање преку комбинација на мануелно и автоматско тестирање.
  • Комплетен сет на практични и теоретски вештини за успешна кариера во Software Testing.
  • Работа со водечки алатки како Azure DevOps, Jira и Selenium – ќе научиш како да планираш и следиш активности на тимот, да управуваш со задачи и дефекти и да автоматизираш тестови.
  • Обука по официјални ISTQB и Microsoft курикулуми.
  • Подготовка за полагање на светски признаени сертификации: ISTQB Certified Tester Foundation Level (CTFL) и CTFL-Agile Tester (CTFL-AT).
  • Ќе учиш од искусни индустриски професионалци кои секојдневно го применуваат знаењето во реални проекти.

Што добиваш покрај обуката?

  • Работа на реални проекти, вежби со реални сценарија
  • Дополнителни ресурси и материјали за учење
  • Кариерно водство и препораки за вработување

Дали оваа програма е за тебе?

Апсолутно – ако се препознаваш во некое од следниве:

Си креативен, имаш око за детали и сакаш да откриваш грешки

Сакаш да работиш во динамична ИТ средина

Ако си тимски играч и придонесуваш со твојата улога за подобри резултати.

Дури и ако си почетник, оваа академија е твојата стартна точка!

Курс Часови
ISTQB Software Testing Foundation 24
The A4Q Practical Tester powered by AI 12
ISTQB Foundation Extension Agile Tester 20
55320: Programming with HTML, CSS, and JavaScript 24
55339: Programming in C# 40
A4Q Certified Selenium Tester Foundation Level Automation Testing 24
Финален проект + вежби 68
    Генеративна вештачка интелигенција (AI)
  • Основи на вештачка интелигенција
  • Креирање на мулти-модална содржина со алатки за вештачка интелигенција
  • Примери од реални бизнис сценарија
  • Етика во вештачка интелигенција
  • Предизвици при примена на решенија каде е интегрирана вештачка интелигенција
  • Оправданост на проекти за имплементација на вештачка интелигенција
8
    Кариера
  • Индивидуален кариерен план преку сопствена SWOT анализа
  • Сопствено профилирање и промовирање
9
    Бонус - Фриленс курс во вредност од 200€
21
Опис на предметите опфатени во оваа програма

Овој курс е основен и е создаден со цел на слушателите да им овозможи знаење за основните принципи на тестирање. Ќе научиш како активностите за тестирање ги поддржуваат активностите за развивање во различни модели за развој на софтвер, како и општата терминологија за тестирање. Курсот дава преглед на статичните и динамичните техники на тестирање и како истите да се применат; те запознава со менаџирање на проблеми при тест, вклучувајќи планирање на тест и проценка, тестирање врз основа на ризик и менаџирање на инциденти, како и поддршка на алатки за тестирање, опишувајќи многу видови на поддршка на алатки, придобивки и потенцијални ризици на алатките и ефективен процес за нивно вклучување во организација.

Agile тестирањето е релативно нов пристап кон тестирање на софтвер кое ги следи принципите на развој на софтвер наведени во Agile Manifesto. Тестерот на Agile проект ќе работи поразлично од тестер кој работи на традиционален проект. Тестерите мораат да ги разбираат вредностите и принципите кои ги поткрепуваат Agile проектите, и како тестерите се интегрален дел од целиот тим заедно со девелоперите и бизнис претставниците. Курсот Agile Tester Extension овозможува на софтвер тестерот знаење со кое ќе може да биде дел од Agile testing тимовите и да постигне поголеми перформанси.

A4Q Practical Tester е револуционерно решение базирано на вештачка интелигенција за развивање и применување на професионални вештини за тестирање.

Оваа иновативна програма е направена како резултат на зголемената побарувачка на индустријата за тестери кои можат ефективно да ги применат своите теоретски знаења во пракса.

Софтвер тестинг индустријата бара повеќе од само знаење стекнато преку теорија. A4Q Practical Tester ја користи моќта на вештачката интелигенција која преку симулација на реални сценарија и стручно одбраната содржина нуди сеопфатно и практично искуство за учење.

Интерактивните модули, практични вежби и AI-динамичните повратни информации во реално време ќе го продлабочат вашето разбирање, овозможувајќи ви самоуверено да ги применувате основните принципи и техники за тестирање кои се во голема побарувачка од страна на работодавците во софтвер тестер индустријата денес.

Овој курс обезбедува вовед во HTML5 и CSS3. Им помага на слушателите да стекнат основни вештини за програмирање на HTML5 и CSS3. Материјалот е фокусиран на употреба на HTML5 и CSS3 за спроведување на логика за програмирање, дефинирање и употреба на варијабли, извршување на looping и branching, развој на кориснички интерфејси, валидирање на кориснички влез, чување на податоци и создавање на добро структурирана апликација.

Програмскиот јазик C# е од клучна важност да се разбере и научи, како подоцна би можеле да го примените ова знаење за автоматско тестирање. Материјалот опфаќа основи на структурата на програмата C #, синтаксата на јазикот и концептите за објектно ориентирано програмирање.

По успешното завршување на овој курс, ќе можеш самостојно да креираш и извршуваш тестови со Selenium WebDriver. Во овој курс ќе ги споиш и искористиш сите стекнати знаења од претходните модули. Ќе можеш соодветно да ги примениш принципите за автоматско тестирање за да изградиш ефикасно и одржливо решение за автоматско тестирање, со избирање на соодветни алатки за автоматско тестирање. Ќе можеш да ги имплементираш скриптите на Selenium WebDriver кои извршуваат тестови за функционално тестирање на веб апликација.

Фриленс работењето е одличен старт по завршување на академијата.

По завршување на Академијата, ти овозможуваме фриленс курс во вредност од 200€, а ти ќе имаш можност да го слушаш бесплатно.

Содржина на курсот:
Комуникација со клиенти
Time management
Project management
Плаќање и даноци
Креирање и развивање на сопствен Фриленс профил

Со посета на курсот ќе стекнеш знаења и вештини кои ќе те претворат во успешен фриленсер!

Со Академијата за Software Tester, не само што учиш – туку градиш сигурна кариера во една од најперспективните ИТ области. Ти нуди сè што ти е потребно, од основни до напредни вештини, од учење до практична и реална примена.

  • 2 во 1 пристап: мануелно и автоматско тестирање, комплетен сет на вештини
  • Работа со реални алатки: Azure DevOps, Jira и Selenium
  • Практична обука: реални проекти, вежби и тест сценарија
  • Подготовка за сертификација: CTFL и CTFL-AT, светски признаени стандарди
  • Менторство од индустриски експерти: професионалци со реално искуство
  • Кариерна поддршка: водство, препораки и ресурси за вработување
  • Висока побарувачка: тестерите се меѓу најбараните ИТ професионалци
  • Идеално и за почетници кои сакаат стабилна ИТ кариера
КОН КАРИЕРЕН ЦЕНТАР

Признаени професионалци со долгогодишно искуство во програмирање и работа со комплексни системи од разни области во Македонија и странство.

Веле Павловски

Веле Павловски

Microsoft Certified Trainer

ISTQB Certified Trainer

Software Architect @Semos Cloud

14+ години искуство

Корина Николовски

Корина Николовски

Microsoft Certified Trainer

Software Developer @Insurance Systems Inc.

7+ години искуство

Јана Таневска

Јана Таневска

Career Advisor

10+ години искуство

Violeta Vukelikj

Виолета Вукелиќ

HR manager

19+ години искуство

Dimche Ackovski

Димче Ацковски

Senior QA Analyst @RLDatix

3+ години искуство

Ilija Levov

Илија Левов

QA Engineer @TestDevLab

4+ години искуство

Goce Simonovski

Гоце Симоновски

Quality Assurance Manager @WSAudiology

7+ години искуство

Sanja Petrov

Сања Петров

Senior QA Automation Engineer @Gamma Tech

10+ години искуство

Конкурсот за стипендија е затворен!

30 за 30

Жеден си за повеќе знаење? Нашата нова платформа содржи кратки АИ курсеви кои се достапни во секое време и можеш да ги учиш со свое темпо. Секое видео е поврзано со професија и разработува различна тема, па можеш да истражуваш и области кои не се дел од твоето професионално секојдневие.

Повеќе информации за платформата „30 за 30“

Co-working space

Нашата работна заедница е поубава ако си и ти дел од неа! Ги отворивме нашите простории за со амбициозни студенти да споделуваме идеи, искуства, да работиме заедно, да учиме едни од други и секако, да се дружиме. Нудиме простор за учење и работа во нашите училници и кафуле. Нашите студенти добиваат бесплатен пристап.

Кариерен центар

Ги анализираме твоите јаки страни, ти нудиме кариерно советување и те поврзуваме со нашите партнер компании на кои им е потребен твојот специфичен талент. Работиме на тоа да добиеш вработување или пракса во фирма каде навистина се пронаоѓаш.

Студентска поддршка

Сакаме да го постигнеш својот потенцијал и затоа ние сме тука да го следиме твојот напредок и да го проследиме до Кариерниот Центар на Семос Едукација, да ги решаваме предизвиците со кои се соочуваш, да те мотивираме и да се осигураме дека ќе имаш позитивно искуство при следење на наставата.

Freelance курс

Ако сакаш да работиш за себе, сам да раководиш со своите обврски и време и да работиш од каде било тогаш фриленс, односно самовработување може да биде вистинскиот избор за тебе. Ние ти нудиме курс кој ќе ти покаже како да менаџираш проекти, развиеш свој фриленс профил и да ги изведуваш законските и финансиските должности.

Соработуваме со светски IT брендови

Семос Едукација има склучено соработка со најголемите ИТ светски брендови што значи дека нашите програми се официјални и глобално стандардизирани и признаени. Тоа што ќе го научиш кај нас можеш да го овековечиш со тоа што ќе полагаш испит и ќе станеш светски сертифициран професионалец.

Предавачи

„Раката која дава, не се суши“ ќе ти кажат постарите, а нашите предавачи ќе ти го дадат сето свое знаење. Предавачите на Семос Академии се со многугодишно искуство и сите низ годините научиле трикови како да си ја олесниш работата, грешки за кои ќе те предупредат и несебично ќе бидат тука за секое твое прашање или совет дури и по завршувањето на академијата.

15% попуст

искуство

Потребно искуство

Почетник

времетраење

Времетраење

10 месеци

часови

Број на часови

229 часови

сертификат

1 диплома од Семос Едукација; Меѓународно признаен сертификат ISTQB (опционално)

плаќање

Плаќање

Во готово / на рати

обука

Тип на обука

Онлајн

динамика

Динамика

3 пати неделно
17:30 - 21:30

почеток

Почеток

1 октомври 2025

слободни места

Мали групи до 15 студенти со цел индивидуален пристап кон секој слушател

working time icon

Сања Гавриловска:

РЕЗЕРВИРАЈ МЕСТО
ШТО ЌЕ НАУЧИШ НА АКАДЕМИЈАТА?
HTML & CSS

Ќе ја направиш првата веб страница со HTML&CSS.

C-Sharp

Ќе креираш веб страници со објектно ориентираното програмирање.

Selenium

Ќе пишуваш тест скрипти во повеќе програмерски јазици.

Agile пристапи

Принципи на Agile развој на софтвер и различни Agile пристапи кои се користат.

Тест артефакти

Тест артефакти како и алатки кои се користат за тестирање.

Основни принципи

Основни принципи на софтвер тестирањето.

Улоги и вештини

Улоги и вештини на еден тестер во Agile проекти.

Вовед во тестирање

Вовед во автоматско тестирање.

Интернет технологии

Интернет технологии за автоматско тестирање на веб апликации.

Подготовка на скрипти

Подготовка на скрипти за тестирање.

award

Сертификати / Дигитални Беџови

По завршување на секој од курсевите секој учесник добива соодветен официјален сертификат за посета на курсевите ISTQB и Microsoft. Дополнително, опционално можеш да полагаш официјален ISTQB испит и да се стекнеш со официјален и меѓународно признаен сертификат.

certificate1
certificate2
certificate3
Azure Data Scientist
АНАТОМИЈА НА SOFTWARE TESTER
работа
Ќе можеш да работиш како:

Junior Manual Tester

Junior Automation Tester

QA Engineer (entry-level)

работа
По 8 месеци ќе бидеш подготвен за работа во:

ИТ компании

Стартапи

Банки

Телекомуникациски компании

Е-трговија

плата
Колку ќе заработуваш?

Просек на годишно ниво е $83.850 (glassdoor.com).

бенефити
Дали имаш придобивки?

Во големите ИТ компании во Македонија, над 60 тестери на софтвер работат на проверка на квалитетот.

Побарувачката на software testers е меѓу најголемите на пазарот на трудот.

Најсекси професија на 21 век.

Software Tester

SOFTWARE TESTER

КАРИЕРЕН РАЗВОЈ

Кариерниот Центар на Семос Едукација е мостот кој те поврзува со компаниите – кариерен водич уште од првиот ден на Академијата па сѐ до првите можности за вработување или пракса.

250+ КОМПАНИИ ВЕРУВААТ ВО КВАЛИТЕТОТ И
ЗНАЕЊЕТО НА СТУДЕНТИТЕ НА СЕМОС АКАДЕМИИ.

Преку индивидуални препораки, менторство, настани, кариерно советување и директна комуникација со компаниите, ти помагаме да го направиш најголемиот чекор - првото вработување веднаш по студирањето.

ИНТЕРВЈУА & УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ
ШТО КАЖАА ЗА НАС
Сања Гавриловска

Закажи средба со Сања!

Сања Гавриловска

Sales Specialist

mail icon

sanja.gavrilovska@semos.com.mk

working time icon

+389 75 226 875, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.

Закажи средба со Сања!

Сања Гавриловска

sanja.gavrilovska@semos.com.mk

+389 75 226 875, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.

ДАЛИ ТИ СИ СЛЕДНИОТ AUTOMATION SOFTWARE TESTER?

Откриј ги можностите веднаш!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР