Test Automation Engineer во Allocate Software
Здраво Никола. Некогаш наш студент на Семос Академијата за софтвер тестер, а денес Test Automation Engineer во Allocate software. Раскажи ни нешто повеќе за твојот кариерен пат.
Дипломирав финансии на Економскиот Факултет во Прилеп, а потоа продолжив на магистерски студии на University American College – Skopje. Пред околу година, година и пол, донесов тешка одлука и одлучив да направам промена во кариерниот пат. Се запишав на Академијата за Аutomation Software Testing во Семос Едукација и тоа можеби е една од најдобрите одлуки кои што сум ги направил до денес.
Веднаш после завршувањето на Академијата, направив профил на LinkedIn и почнав да барам работа. Аплицирав на повеќе огласи и бев изненаден од тоа колку професијата Automation Software Engineer е барана во моментов. За неполни две недели, бев контактиран од Bit Software, ги поминав интервјуата и почнав со работа. Но, веќе наредната година одлучив дека е време за промена и аплицирав во Allocate Software.
Allocate Software или по ново RLDatix е компанија која што има мисија да го подобри начинот на работење во здравството. Им помагаме на организациите (болниците) да водат побезбедна и поефикасна грижа за пациентите со помош на нашите cloud-based алатки кои го подобруваат управувањето со болниците и значително ја зголемуваат безбедноста и ефикасноста во нивната работата. Во моментов RLDatix има преку 4.500 клиенти во 19 земји. Софтверот на RLDatix успешно ја нуди својата заштита на стотици милиони пациенти ширум светот. За повеќе информации, посетете ја www.rldatix.com.
Работната атмосфера во оваа компаниаја е прекрасна, мотивирачка, а работниот ден како Automation Software Engineer започнува со daily stand-up состанок. На состанокот се дискутира за тоа што е сработено, што треба да се сработи и како треба да се сработи. Потоа се прави анализа на тест планот, напишан од мануелните тестери и се разгледуваат барањата за тоа кои од тие тестови треба да се автоматизираат. Се селектираат најважните и најповторуваните сценарија и за истите се пишува код. Јас кодот го пишувам во Python и ја користам алатката Selenium која што е една од најкористените алатки за автоматизација во светот.
Семос Академијата за Automation Software Tester беше една одлична основа која што ми овозможи да влезам во IT светот, за што сум посебно благодарен. Организираноста и посветеноста на целиот тим, стручноста да се пренесе знаење и да се добие feedback од секој од нас, ми помогна да ги спојам моите лични и професионални вештини со вештините и знаењата потребни за Automation Testing. Oваа Академија ми отвори пат по кој се надевам дека успешно чекорам, секогаш жеден за нови знаења, предизвици и можности.
Програмата која беше предмет на изучување во Академијата ги опфаќа сите модули кои се потребни за старт на кариера во оваа област. Се разбира, учењето не запира таму. Самоиницијативата, желбата за успех и нови знаења се исто така многу важни, но Академијата е темел за некој кој што се впушта во IT светот, а нема IT background.
На сите оние кои сакаат да изградат кариера како Automation Software Tester, им препорачувам да бидат упорни, истрајни и вредно да работат. Секој успех носи тежок товар, секој почеток е тежок, но за да има успех мора од некаде да се почне. Овде успехот започнува од носење на правилна одлука за избор на соодветна Академија со која би се обезбедила стабилна иднина, а тоа е Академијата за Automation Software Testing во Семос Едукација.
Откриј ги поволностите за учење.
НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР