Успешна приказна – Марија Јоргаќиевски

Junior Software Tester во King ICT

БЛОГ ОБЈАВА
Kажи ни нешто за себе? Која е Марија Јоргаќиевски?

Здраво, јас сум Марија. Како личност сум многу позитивнa, трудољубива и одговорна, секогаш спремна за тимска работа. Дипломирана по комуникациски науки и технологии, со долгогодишно работно искуство во комуникации, едукација, продажба и маркетинг како специјалист, менаџер и тренер. Многу сум амбициозна, сакам да учам и да стекнувам нови знаења кои ќе ми овозможат да напредувам во кариерата.

Како одлучи да станеш Software Tester?

Размислував да направам некоја промена во кариерата и после кратко истражување и консултација со колеги кои веќе имаа завршено Академија во Семос Едукација, донесов одлука да се запишам на Академијата за Automation Software Tester и да ги стекнам неопходните вештини кои беа потребни за работа како Software Tester. Особено ме привлече можноста за работа во странски компании кои имаат флексибилно работно време и опции за работа од дома, што сметам дека е многу корисно во денешно време.

Опиши го твоето искуство со обуката и што најмногу ти се допадна од неа.

Академијата во Семос Едукација ми помогна да ги стекнам потребните вештини и знаења за да можам да направам кариерна промена по 14 години работно искуство. Особено ми се допаднаа предавањата од инструкторот Фисник Доко, кој на одличен начин ни го пренесуваше неговото огромно знаење од областа, но и практичните вежби после секој нов материјал, со кои можевме веднаш во пракса да го примениме наученото.

Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?

Благодарение на препораката од Кариерниот центар на Семос Едукација, успеав да започнам кариера како софтвер тестер само еден месец по завршувањето на Академијата, што е релативно брзо, за што сум им многу благодарна. Се вработив во KING ICT како Junior Software Tester.

Што би им порачала на младите луѓе и генерално на луѓето кои сакаат да работат во областа на Software Testing?

Никогаш не е доцна да се научи нешто ново, доколку сме одлучни за промена и сакаме да напредуваме во кариерата. Вложувајте во себе и своето образование затоа што со упорност, работа и труд, успехот е неизбежен.

#software-tester
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР