Кој е Фисник Доко професионално и кое е значењето на титулата тренер за Microsoft и ISTQB обуки?
Во текот на децениското постоње, Семос Едукација склучи бројни партнерства со некои од најуспешните компании на домашната бизнис сцена. Кариерниот развој на вработените е приоритет за сите кадри чија кариера започнала токму од обуките кои ги нуди овој Едукативен центар. Една од компаниите кои својата доверба во поглед на регрутација на стручни кадри ја доделија на Кариерниот центар на Семос Едукација е и Aitonix.
Тренер во Семос Едукација со над 20 сертификати за Microsoft курсеви (програмирање, бази на податоци и Azure), како и тренер за ISTQB курсеви за софтверски тестер. Во индустријата сум софтвер архитект со повеќегодишно искуство во дизајнирање на архитектурата, развој и тестирање на софтверски решенија.
Новите технологии се предизвик за мене, па затоа се трудам да ги следам новите трендови, моментално Big Data и Data Science.
ISTQB (International Software Testing Qualifications Board) е меѓународна асоцијација од членови професионалци – софтвер тестери, кои ги креираат рамките и содржината за курсевите за софтверски тестер. ISTQB e лидер за обуки и сертификација која е меѓународно прифатена. Обуките обезбедуваат целосно и структурирано знаење на концептите на тестирање на софтвер почнувајќи од запознавање со областа, поимите, принципите, техниките, па сѐ до детално запознавање на сите фази, нивоа и типови на тестирање на софтвер.
Quality assurance е фокусиран на управување на животниот циклус на софтверското решение и потврдување дали софтверот ги исполнува стандардите за квалитет. Тестирањето е дел на quality assurance. Тестирањето софтвер помага за да се увиди квалитетот на софтверот, обезбедува доверба во квалитетот на софтверот и го подобрува истиот.
Во традиционална секвенцијална методологија тестирањето најчесто се извршува по завршување на фазата на развој, тестерите најчесто се одвоени од програмерите и најчесто се вклучуваат во проектот покасно. Во агилна методологија тестерот е вклучен во проектот по добивање на user сторијата, проверува дали може да се тестираат истите, учествува во естимација, заедно со програмерот пишуваат unit тестови, и потоа прави exploratory тестирање. Обемот на regression тестирање е многу поголем отколку во традиционалната методологија.
Мануелните тестирања се извршуваат мануелно од страна на човек, а автоматските тестирања се извршуваат со помош на алатка, скрипта или софтвер. Оваа одлука зависи од повеќе фактори: деталноста на спецификацијата, барањата на проектот, областа и типот на проектот, временските рокови, буџетот и интерните фактори на компанијата. Мануелното тестирање најдобро одговара на следните сценарија: exploratory тестирање, usability тестирање и error guessing. Автоматското тестирање е најпогодно за regression тестирање, load тестирање, performance тестирање.
Софтвер тестерот мора да ги знае принципите, фазите, нивоата и типовите дефинирани според силабусот на ISTQB. Треба да знае функционално и нефункционално тестирање, статично и динамично тестирање, black box и white box тестирање, дизајнирање на ефикасни тест случаи, извршување на истите, пишување детални извештаи за дефекти и exploratory тестирање.
Голема предност е ако софтвер тестерот има познавања на технологиите за развој, бази на податоци и типовите на апликации. Треба да се знаат методологиите на проектен менаџмент, алатки за управување со тестирање и алатки за нефункционално тестирање.
За успешно тестирање треба да се имаaт и следните нетехнички вештини: аналитички вештини, познавања на природата на бизнисот, јасни цели, независност, внимание на деталите, критички поглед и добра комуникација со тимот.
Побарувачката за софтвер тестери во Македонија последниве 2-3 години е доста голема. Имаме многу успешни приказни од слушателите кои ги посетиле ISTQB обуките, истите започнале со мануелно тестирање и потоа продолжиле и со автоматско тестирање. Поради големиот број на странски компании кај нас кои имаат многу сериозни проекти, оваа професија се извршува на високо ниво и според светските стандарди. На пазарот кај нас има повеќе простор за автоматско тестирање, затоа и има прилив од програмери во тестери.
На првата национална конференција за проектен и IT менаџмент презентираше за планирање и управување на тестирање со Team Foundation Server, што беше идејата на оваа презентација? Целта беше управување на животниот циклус на апликациите со Team Foundation Server и користење на придобивките на интегрираното множество на алатки за управување со софтверски проекти, од планирање и развој до тестирање и поставување на продукција.
Во презентацијата имавме и реална демонстрација на Team Foundation Server 2018 за агилен проект, планирање на капацитет на тестерите во тимот, креирање на тест планови, тест случаи, управување и извршување на мануелни тестови и пријавување дефекти директно од пребарувачот.
Квалификуван софтвер тестер освен горенаведените знаења и вештини треба да ги има и следниве: пишување на детален тест план; контролирање и мониторирање на активностите за тестирање; пишување извештаи за тестирањето; автоматизирање на тестирањето; искуство со алатки за автоматски тестови; сертификат за ISTQB Foundation Level и сертификат за ISTQB Agile tester.
Откриј ги поволностите за учење.
НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР