Разговаравме со: Јелисавета Марковиќ, инструктор на Академијата за Software testing.
Многу луѓе не ја знаат разликата помеѓу QA и Software Testing. QA (Quality Assurance) претставува осигурување на квалитетен софтвер. Тоа не значи софтверот само да работи точно туку и како што е потребно за бизнисот.
Во продолжение, дознајте која е разликата помеѓу QA и Software Testing.
Јелисавета Марковиќ завршила Електротехнички факултет на одделот за Телекомуникација и информатички технологии на Универзитетот во Белград. Како Quality assurance & tester работи од 2014 година, на различни проекти кои опфаќаат тестирање на мобилни апликации, web страници и API тестирање. Проектите биле за странски компании чии успеси се мерат со милионски корисници. Во текот на работата се стекнала со сертификат ISTQB za Foundation i Agile Tester нивоа. Од тестер како член на тимот дошла до позиција лидер на QA тимот. Својот ентузијазам за тестирање со задоволство го дели со другите преку различни менторства и смета дека ова е идеална позиција да го дели своето знање со што повеќе луѓе.
Многу луѓе не ја знаат разликата помеѓу QA и Software Testing. QA (Quality Assurance) претставува осигурување на квалитетен софтвер. Тоа не значи софтверот само да работи точно туку и како што е потребно за бизнисот.
QA процесот всушност започнува при креирање на бизнис планот. Се пронаоѓаат евентуални пропусти во спецификацијата, се разгледуваат очекувањата од страна на крајниот корисник, а се со цел превенција на грешки при креирање и самиот тек на тестирањето на софтверот. QA има за цел превенција при појава на проблеми (issues) и повеќе е поврзано со Agile методологијата.
Software tester е фокусиран на суштината: тестирање на самиот производ, пронаоѓање на дефекти и нивно пријавување и верификација, користејќи различни методологии и програми. Тестерите го пронаоѓаат проблемот и го опишуваат за да може програмерот да знае каде е проблемот и како да го поправи. По интервенцијата на програмерот, тестерот повторно проверува дали проблемот е решен. Овој фокус на превенција не е за дефектот да исчезне туку дефектот да се детектира – зборуваме за контрола на квалитетот на производот.
QA соработува со бизнисот и дава увид на кој начин крајниот корисник може да го види производот. На тој начин QA дава свој личен печат на производот и неговите функции. QA овозможува бизнисот да направи подобра понуда за софтвер која ќе биде потполна и поквалитетна. Кога е таков софтверот, тогаш постои помала шанса при неговото креирање да дојде до пропуст. Во Software Testing -от работата е поинаква: тестерите немаат толку контакт со бизнисот и не можат толку да влијаат на самиот производ.
Сега кога ни е малку појасно во што е разликата помеѓу QA и Software Testing, може да преминеме на најчестите прашања:
“QA е како кога мало дете си игра со играчка. Детето многу брзо ќе ја расклопи и искрши играчката за да види што има внатре и од што е направена, па потоа повторно ја склопува. Исто така и QA-овците, го “растураат” производот до најситен дел, како тоа не би го правел крајниот корисник.”
Прво кафе, па потоа чита многу мејлови. 😊
На Agile проектот денот може прилично да варира, па така утрото може да започне со дневни состаноци каде го презентираме статусот од претходниот ден и планот за следниот ден. После тоа следи: креирање тестови, детектирање test data requirement, a доколку е потребно, преглед на тестови (cases) кои ги напишале други членови на тимот, давање сугестии за промени, или промена на постоечките тестови доколку има коментари при креирањето.
Доколку има потреба да се сподели знаење, одржуваме состаноци. Во случај да се појави проблем со цел негово истражување,се прекинува целиот процес и се дава приоритет доколку е итен. Се трудиме да ги репродуцираме проблемите, се пронаоѓа сценарио, околностите под кои се случува и се даваат информации на програмерите доколку е валиден проблем да го поправат. Во случај да не е, даваме објсанување за начинот на работа на производот.
Но всушност, се случи спротивното. Постојат работи кои автоматските тестови едноставно не можат да ги „покријат” или не се доволно ефикасни. Еден колега кој работи автоматика ми кажа пример дека нему му било потребно повеќе време да детектира дека едно копче кое се наоѓа во десниот долен агол, додека на тестерот му требале само неколку секунди, затоа што со едноставен поглед на таа страница брзо го воочува копчето. Значи, потребата за мануелно тестирање ќе опстои и понатаму.
Интерфејсот на ова летало ги примило броевите во одреден формат, и никој не пробал или тестирал како леталото ќе се однесува ако се впише друг број. Кога полетало, на интерфејсот се испишал некој долг број (за кој немало доволно предвидено место во меморијата) и дошло до крах на леталото. Значи, само еден број предизвикал толку голем проблем. Секогаш ќе има потреба од тестирање. Сигурна сум дека тестерите нема да исчезнат за 10 години, ниту пак за 100. Работа секогаш ќе има, иако природата ќе се менува и варира зависно од развојот на AI.
Сигурно сте ја слушнале приказната за еден генијален уметник кој го прелажал Google maps. Симон Векерт со својот уметнички перформанс го свртел вниманието на тоа како работат софтверите кои ги земаме здраво за готово и како истите влијаат на нашиот живот. Симон позајмил и најмил 99 телефони, кои ги ставил во мала црвена количка и на секој вклучил следење на локација. На овој начин, го прелажал Google maps кој прикажувал огромна гужва на делот од патот каде поминувал Симон. Патниците почнале да го избегнуваат овој дел од патот – иако на мапата бил прикажан потполн застој. Што мислите, дали на некој QA тим му паднало на памет ваква употреба на Google Maps?
Кариерните можности се разновидни како што е и самата област QA, зависно од платформата за која производот е наменет. Се бараат позиции од јуниор до сениор, постојат побарувања и за automation QA кои познаваат програмски јазици, но и за блиски стручни позиции како што се security expert, performance expert итн.
Јас започнав со mobile тестирање, па работев на web тестирање, а сега работам и на mobile и web и API тестирање. Како и во секоја друга работа, колку тестерот е поквалитетен толку е поголема платата. За automation тестер важи муабетот дека имаат подобри плати.
Откриј ги поволностите за учење.
НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР