Интервју со Сергиј Алексовски – студент на IT Академијата за средношколци

Се дружиме со најмладите меѓу Семос академците😊 Овојпат, со Сергиј Алексовски, стипендист на IT Академијата за средношколци.

БЛОГ ОБЈАВА
Здраво Сергиј. Дали чувствуваш дека оваа стипендија ти ги отвори вратите кон вистинскиот пат?

Оваа стипендија е мојот патоказ кон успехот. Таа е причината која многу ми помогна да се соочам и запознаам со програмирањето и да ги стекнам првите искувства за мојата понатамошна кариера.

Дали имаш сигурност во себе дека си го разбрал IT светот?

Секако, со IT Академијата за средношколци се реализираше мојата желба за да почнам со учење и да разберам како функционира. Со помош на Академјата, сега знам како да започнам и да се вклопам во ИТ светот.

Дали со стекнатото знаење и вештини се чувствуваш посигурен и спремен за градење на понатамошната кариера?

Секако! Се чувствувам похрабро и посамоуверено по завршувањето на Академијата и научив многу работи кои ќе ми послужат во понатамошната кариера. Академијата на Семос Едукација ме опреми со многу знаења за солиден старт во IT секторот.

Дали по Академијата твоите интереси за одредена професија се променија?

Моите интереси не се променија многу бидејќи отсекогаш ми се допаѓаше да бидам програмер и да работам во IT индустријата. Академијата ми помогна да бидам посигурен во моите интереси и во реализација на моите желби за идеалната професија за мене.

Што им препорачуваш на сите оние кои размислуваат да се запишат на IT Академијата за средношколци?

Сите кои имаат желба да се запишат на IT Академијата во Семос Едукација, им препорачувам да не се двоумат и да започнат со запознавање на IT индустријата. Во оваа академија има многу интересни модули и секој може да се пронајде во нив, на крајот ќе стекне многу знаења и ќе ја дефинира својата идна кариера. Академијата е одлична, професорите се посветени во процесот на споделување знаења и многу ми помогнаа да се насочам кон IT светот.

#it-for-high-school
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР