Која е целта на општествено хуманите проекти?

„Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот.“

БЛОГ ОБЈАВА
„Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот.“- м-р Ангелина Канчевска, раководител на Академиите за Графички и Веб дизајн.
Која е целта на општествено хуманите проекти?

Десетта година по ред, студентите од Академиите за Графички и Веб дизајн работат на општествено хумани проекти за време на студиите, односно работат за Реални клиенти кои немаат можност да ја разубават својата приказна со убаво дизајнирани рекламни материјали, ново лого или ребрендирање, каталози, функционален сајт и сл. За голема почит е довербата која ни ја дава клиентот за ваков тип на проекти и покажува голема доблест кога доверува проект на студенти кои сеуште се во процес на стручно образование и едукација во соодветна област.

Донираме креативни решенија!

Под менторството на професорите, нашите студенти - главните креатори во овој процес, ги подаруваат своите креативни решенија воедно соочувајќи се со голем предизвик да одговорат на барањата на клиентот.

Оваа година наш клиент е Здружението за поддршка на лица со наследни сензимоторни невропатии СТРЕМЕЖ Скопје. Сакаме да допринесеме овие лица да добијат заслужено внимание и да креираме решенија со кои што ќе им ја олесниме видливоста во општеството.

Стремеж
Стремеж
Стремеж
Проект „Нов бренд“

Во рамки на проектот „Нов бренд“ од Академијата за Графички дизајн, по предметот Корпоративен идентитет предводен и менториран од професор Бојана Арсовска, студентите се запознаа со работата на Стремеж и во непосреден разговор со нивниот координатор Сунчица Арсовска се соочија со нивните потреби, барања и секојдневни предизвици. Од предложените дизајни, клиентот СТРЕМЕЖ одбра креативното решение на студентот Илија Биноски да стане нивен нов бренд идентитет.

Слоганот кој Илија го креираше гласи „Заедно чекориме напред!“.

Илија за СТРЕМЕЖ изработи:

  • Лого
  • Книга на стандарди (Brand Book)
  • Анимација

Го прашавме како го помина целиот процес и што му значи оваа победа.Тој ни одговори „Мојата задача да креирам визуелен идентитет беше доста предизвикувачка. Не постојат зборови со кои може да се опише чувството да бидеш „бог“ и да креираш нешто од нула што ќе биде видено од многу луѓе. Зборовите ги преточив во мисла, мислата во визија, а визијата во дизајн. Се радувам што соработував со здружение кое има за цел да креира решение и политики за подобрување на квалитетот на животот на лицата со наследни сензомоторни невропатии, а истовремено подигање на јавната и институционалната свест за оваа болест. Голема благодарност до Семос Академијата што ми даде можност и безрезервна поддршка преку учество во реален проект да креирам дело кое ќе се гледа насекаде.“

Ве оставаме да уживате во победничката презентација на Илија Биноски.
Илија ја изработи книгата на стандарди (Brand Book) на СТРЕМЕЖ во која се гледа како да се аплицира логото во сите официјални комуникации и рекламни материјали.
Со СТРЕМЕЖ не завршува тука приказната. По предметите Основи на фотографија и Дизајн на публикација студентите добија нови задачаи од своите ментори. Нетрпеливо чекаме да споделиме какви идејни решенија изготвија нашите студенти со огромен ентузијазам и желба да придонесат за надминување на проблемите/предизвиците кои ги имаат лицата со наследни сензомоторни невропатии во нивното секојдневие. Се читаме во следниот текст од серијалот „Ги спојуваме креативноста и хуманоста“.

#graphic-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

НАЈНОВИТЕ СВЕТСКИ ТЕХНОЛОГИИ ТИ СЕ ДОСТАПНИ!

Откриј ги поволностите за учење.

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР