Ако ти се допаѓа да ги трансформираш своите идеи во анимирани ликови и светови, ова би можело да биде совршена кариера за тебе.
Unity е мулти-платформски engine соодветен за почетници кој може да креира дводимензионални и тридимензионални интерактивни симулации на мобилни, десктоп, конзоли и веб страни. Unity Game Development е процес на пишување кодoви и скрипти со помош на Unity Gаme Engine. Можеш да креираш 2D и 3D компјутерски игри во реално време, интерактивни графички симулации за крајните корисници и софтверски апликации. Програмер (developer) во Unity претставува креатор на софтвер кој пишува код и скрипти, развива дизајни на производи за различни прототипови на игри и интерактивни графички интерфејси. Со Unity многу лесно ќе научиш како се прави 2D игра, тоа значи дека никогаш не е погрешно време за да станеш креатор на игри.
Еден Unity програмер ги одредува карактеристиките на играта и стратегиите на дизајнот на програмата. Ја имплементира функционалноста на играта, го одржува квалитетот на кодот и го контролира животниот циклус на производот, користејќи различни типови јазици за кодирање, програмски јазици на високо ниво како што се C# и Java. Програмерите во Unity работат и со други оперативни тимови за да ги дефинираат деловните цели и потребите на еден проект. Тие ги ажурираат и обновуваат карактеристиките и функционалноста на веќе постоечките игри, како и интерактивните 3D графички апликации на Windows, macOS и Linux.
Според Бирото за статистика на трудот (BLS), годишната просечна плата на еден програмер/ креатор на софтвер е 110.140 американски долари. Исто така, известува дека се предвидуваат работните места во оваа област да се зголемат за 22 проценти помеѓу 2020 и 2030 година. Ова е многу повисок процент во споредба со процентот од други области и укажува на многу повеќе работни места за креатори на видео игри во иднина. Врз основа на најновото истражување според ZipRecruiter, просечната годишна плата за програмерите во Unity е 98.214 долари. Оваа вредност е повисока и од многу други плати во IT индустријата. Дополнителен податок според ZipRecruiter вели дека најдобрите 10 проценти од програмерите во Unity заработуваат 132.000 долари годишно.
Да, моментално индустријата за видео игри ги надмина музичката и филмската индустрија, а доколку сакаш да се занимаваш со развој на игри, сега имаш можност бидејќи Game Development е одличен кариерен избор! Да речеме дека си некој кој сака да биде game developer, но не знае ништо за програмирање. Без грижи, не се потребни никакви специфични предзнаења. Сè се учи. Со единствената Unity Академија за Game Development, за 1 година можеш:
Почеток 26-ти септември
Добиј 15% попуст и приклучи ни се!
Семос Едукација е единствениот Unity
тренинг центар во Македонија и регионот.
Откриј ги поволностите за учење.
НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР