Дизајнер на ентериери – работа од соништата на младите креативци

Дали поседувате извонредно чувство за комбинирање на различни нешта? Дали сте креативни, со уметнички афинитети и сакате вашата кариера да ја развиете во оваа насока? Ако одговорот на овие прашања е ДА, тогаш идеалната работа за вас е во областа на внатрешниот дизајн.

БЛОГ ОБЈАВА
Што конкретно се подразбира под внатрешен дизајн и кои карактеристики треба да ги поседувате за да остварите успешна кариера во оваа фасцинантна професија?

Да се биде дизајнер на ентериер значи да се создава изгледот и чувството на просторот, без разлика дали тоа е внатрешна просторија, зграда или некоја друга околина. Внатрешниот дизајн е архитектонско-дизајнерска дисциплина во индустрија која продолжува да расте со огромна брзина, особено интересна за оние со голема креативност, уметнички афинитети, сопствено чувство за стил и за комбинирање на различни елементи во конкретен простор.

Дизајнерите на ентериер користат техники за дизајнирање со кои обезбедуваат најдобра визуелна и физичка употреба на просторот. Тоа опфаќа уредување и декорација на внатрешните простории со користење на бои, материјали, мебел, извори на светлина, а притоа бара почитување на основните фактори на дизајнот: пропорција, состав, ритам и сл.

Покрај поседувањето на основни карактеристики и желбата за работење во оваа сфера, потребно е и соодветна квалификација за посакуваната работна позиција. Еден од начините кој ќе овозможи стекнување на потребното знаење како и сертификат во оваа област е посетата на обука. Ваквиот вид на учење овозможува влез во импресивниот свет на ентериери и добивање на професионални вештини кои се неопходни за да се успее како дизајнер во областа на внатрешниот дизајн.

Ова лето Семос Едукација во рамки на своето работење нуди Официјална AutodeskАкадемијаза внатрешен дизајн со 20% попуст и тоа ONLINE преку која се стекнуваат теоретски знаења за дизајнирање, планирање на просторот, материјали, практични вежби, како и работење со најмоќните софтверски алатки од палетата на Autodesk и Adobe. Секоја алатка и софтвер имаат свои предности и бенефити од нивното користење, па затоа најдоброто решение е комбинација од неколку, а тоа би биле AutoCAD, Revit, 3DS Max | V-Ray, Photoshop и FormIt. Со помош на овие алатки, креативниот процес на дизајнирањето е многу поедноставен, темелен и функционален, со големи можности за креативност, практичност и оригиналност кои ги задоволуваат потребите на клиентот во целост, а на дизајнерот значително му ја олеснуваат работата и дигитално ја пресликуваат идејата во финално решение.

ЗОШТО ДА ПОСЕТИШ ОФИЦИЈАЛНА ONLINE АКАДЕМИЈА ОВА ЛЕТО?

ОФИЦИЈАЛНА – Затоа што ќе изучуваш официјална програма издадена од нашите партнери Autodesk и Unity. Дел од програмата се и нашите сертифицирани тренери и инструктори. Ќе следиш официјални курсеви со вклучена официјална литература и сертификати.
ONLINE – Затоа што оваа понуда важи само ова лето и се одвива online во нашите виртуелни училници.
ЛЕТНА– За да имаш кариера од септември.
АКАДЕМИЈА – Затоа што ќе бидеш дел од долограјна, темелна и квалитетно изработена програма креирана од нашите експерти и сертифицирани инструктори во времетрање од од 6 до 8 месеци.

#interior-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

НАЈНОВИТЕ СВЕТСКИ ТЕХНОЛОГИИ ТИ СЕ ДОСТАПНИ!

Откриј ги поволностите за учење.

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР