Двете страни на една успешна приказна

Низ призмата на Дино Јанаќиев и маркетинг агенцијата Represent Communications

БЛОГ ОБЈАВА

Поттикнати од потребите на компаниите кои се долгогодишни соработници на Семос Едукација и слушателите кои завршиле сертифицирана обука или академија, нашиот тим дојде до идеја за развивање на Кариерниот центар.

Во овој текст со вас ќе ги споделиме со вас двете страни на една успешна приказна. Главните улоги во нашата приказна се агенцијата за интегрирани комуникации Represent Communications и Дино Јанаќиев кој своето знаење го стекна со посета на Официјалната Академија за графички дизајн акредитирана од Министерство за образование и наука.

Како Кариерниот центар ги спои двете страни – компанијата и кандидатот?

Едноставно и во три чекори ја постигнавме посакуваната цел:

  1. Разговаравме и откривме како изгледа идеалниот кандидат за компанијата.
    Со цел да заштедат време кое би го потрошиле во процесот на регрутација, како и да бидат сигурни во компетенциите на кандидатот, тимот на Represent Communications го сподели потребниот профил на кандидат со Кариерниот центар на Семос Едукација.
  2. Ги селектиравме и препорачавме најдобрите.
    Нашиот тим од Кариерниот центар од големата дата база на потенцијални кандидати заедно со тренерите селектираше кандидат којшто е најсоодветен на потребите на агенцијата.
  3. Успешна приказна и две задоволни страни.
    Тимот на Represent Communications направи селекција од препорачаните кандидати и се одлучи да вработи еден, во случајов Дино којшто покажа висока иницијатива, креативност и подготвеност.

Како Кариерниот центар стана мост помеѓу Represent Communicationsи Дино Јанаќиев?

Комуникацијата со Кариерниот центар на Семос Едукација нѝ овозможи вработување на графички дизајнер веднаш, нешто што многу нѝ требаше, а моравме да делуваме брзо. Во комуникација со лица задолжени за оваа проблематика, во рок од 1 ден, ние разменивме барање и добивме предлог на потенцијални кадри со препорака директно од тренерот. Бевме најавени кај слушателите дека ќе ги комуницираме за што повторно брзината во комуникацијата беше клучна за да можеме во рок од 3 работни дена да стигнеме до посакуваниот нов член на нашиот тим и му понудиме вработување. -
Наташа Божиновска Миркова, Директор на Represent Communications

Нема да згрешам ако кажам дека Кариерниот центар на Семос Едукација целосно беше покрај мене по патот кој води до почеток на кариера како графички дизајнер. Дојдов со желба за учење и минимално предзнаење во областа, а си заминав со неколку понуди за работа и едно вработување за кое првиот чекор и конекцијата помеѓу мене и компанијата ги направи Кариерниот центар и ми овозможи солиден почеток во областа. -
Дино Јанаќиев, графички дизајнер

Зошто се одлучивте за Семос Едукација и Кариерниот центар?

Поради тоа што знаевме дека Семос Едукација има што да понуди, притоа е единствениот едукативен центар во Македонија кој овозможува сертификација на слушателите што го потврдува квалитетот на едукацијата. Препораката од тренерите на Кариерниот центар е нешто кое искрено го цениме бидејќи доаѓа од стручен аспект. И за крај, она што најмногу го цениме од Кариерниот центар на Семос Едукација беше брзината на соработката и едноставноста во процедурите за склучување соработка. -
Наташа Божиновска Миркова, Директор на Represent Communications

Јас велам, „Зошто да не Семос Едукација?“. Програма која е градена со години, усовршувана и составена од сѐ што е неопходно за да во една академска година се постават темелите на еден графички дизајнер. Потоа, квалитетен кадар на предавачи кои се максимално посветени да го пренесат своето богато искуство во полето на креативата, бидејќи не говориме само за графичкиот дизајн. И на крај Кариерен центар кој е спремен да ни овозможи солиден старт во индустријата. А позитивните искуства и импресии на студентите од претходните генерации се можеби и еден од круцијалните фактори кои мене лично ме донесоа во Семос Едукација без двоумење. -
Дино Јанаќиев, графички дизајнер

Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим и на тие кои бараат работа како графички дизајнери?

Да се обратат кај најдобрите 😊. Процесот на селекција знае многу често да биде долг и заморен, притоа да не се стигне до посакуваниот кадар. Кога знаете дека можете да им се обратите на тие кои ја спроведуваат обуката кон слушателите преку врвни светски програми, а воедно се единствен Едукативен центар кој следи строго контролиран процес на едукација поради партнерствата со светски познати имиња како Microsoft, Cisco, Oracle, AWS, Adobe и многу други, како слушателите би можеле на крајот да се здобијат со сертификат за програмата која ја посетиле, веднаш ви е јасно дека квалитетот е тој кој го трасира патот до знаењето на тие кадри.  -
Наташа Божиновска Миркова, Директор на Represent Communications

Да се запишат на Академијата за Графички дизајн акредитирана од МОН на Семос Едукација, и да остават Кариерниот центар да ги вработи. -
Дино Јанаќиев, графички дизајнер

#graphic-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

НАЈНОВИТЕ СВЕТСКИ ТЕХНОЛОГИИ ТИ СЕ ДОСТАПНИ!

Откриј ги поволностите за учење.

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР