Ѕвездите на генерацијата 2022/23 блеснаа на вторите Semos Academy Awards
На 29.05.2024 во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) се одржаа вторите Semos Academy Awards, настан на кој на сцената блеснаа ѕвездите на секоја од Семос Академиите, стипендистите на Академиите за графички и веб дизајн 2024/2025, најактивните Талент Партнери и општествено одговорни компании.
Во динамична атмосфера проследена со измешани звуци на виолина и DJ, 200+ студенти, предавачи, вработени и партнери на Семос Едукација се забавуваа и го славеа заедничкиот успех – споделеното знаење и успешното комплетирање на студиите на Семос Академиите на генерациите септември 2022/23 и март 2023.
Свое обраќање имаше и генералната директорка на Семос Едукација, Валентина Тасева која со поздравен говор им ги честиташе академските достигнувања на студентите, а ги охрабри и стипендистите и идните студенти континуирано да се надградуваат со нови знаења и вештини, кариерно да растат и да веруваат дека можат да постигнат сè што замислиле.
Семос Едукација како прва акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука за спроведување на пост-средно формално образование, десетта годинa по ред стипендира млади таленти верувајќи и развивајќи го нивниот потенцијал. Академијата за графички и веб дизајн за новата генерација 2024/25, додели 4 стипендии во вредност од 7.200 ЕУР на апликанти на конкурсот за стипендија на тема „Културен имунитет“ кои успешно го поминаа процесот на селекција.
Делумни стипендии во вредност од по 1.000€ за Академијата за графички дизајн добија Андреа Аневска и Анастасија Трајковска, додека пак целосна стипендија во вредност од 2.600€ доби Марко Масри Грковски. Добитник на целосна стипендија во вредност од 2.600€ за Академијата за веб дизајн е Бојана Соколоска.
Во продолжение, заслужено ги именуваме наградените во секоја од Академиите:
Во категоријата Талент партнер со најактивно учество во академиите, статуетката ја понесе 351 Студио, мега успешна компанија која е го-ту тим на најголемите светски издавачки куќи како на пример Warner Music Group, Atlantic Records, Elektra Music Group, Universal Music Group, Sony Music, Columbia Records и други.
Наградата за ООП партнер ја понесе Здружението на граѓани за помош на социјално загрозените лица „Hopegivers“ Скопје за кое студентите од Академијата за веб дизајн работеа со желба и љубов на изработка на целосно функционална веб страна hopegivers.com.mk и студентите во Академијата за UX/UI дизајн успешно изработија прототипни решенија за апликација.
Честитки до сите наградени, до ѕвездените статуетки го достигнавте пиедесталот на знаењето и не се сомневаме дека ќе продолжите да блескате и на кариерните полиња. Сите наши студенти го заслужуваат епитетот „најдобри“ бидејќи го направија вистинскиот избор, да студираат на најдобрите, најтемелните, светски признаените Семос Академии. Нека вашите признанија и достигнувања бидат поттик и за идните студенти на Семос Академиите, новата генерација ентузијасти со кои од септември ќе споделуваме знаење, иновативност и заеднички успеси.
Септемвриските уписи на Семос Академиите се во полн ек, со попусти од 15% до 30 август и попуст од 20% за матуранти. Избери ја иднината со супер платена професија, аплицирај на Семос Академии