Поразговаравме со Маја Нацевска

Алумни студент на Академијата за внатрешен дизајн на Семос Едукација

БЛОГ ОБЈАВА

Неколку реченици за себе.

Моето име е Маја Нацевска и сум дипломиран Историчар на уметност. Поради условите во кои живееме, бев приморана да пронајдам други интереси и професии кои се во допир со тоа што го учев и моите афинитети. Откако знам за себе, креативноста е нешто што ме исполнува и прави среќна, па така пред 2 години мојата нова животна приказна започна токму со Семос Едукација.

Како го поврзуваш твоето претходно занимање со дизајн на ентериер?

Уметноста е дел од мојот живот во многу различни форми. Од школувањето, работа на проекти поврзани со културното наследство, преку сликање, рачна изработка на секаков вид додатоци, работа како make-up artist, креирање на мој бренд за изработка на dream catchers и секако уживањето во разместување и одново уредување најпрво на мојата соба, а сега и на мојот стан. Сето она што сум, природно ме насочи кон внатрешниот дизајн и воопшто не се каам што го одбрав овој пат .

Што те мотивираше да ја започнеш својата приказна токму со нас?

Со почетокот на пандемијата, туризмот замре. Работам професионално како туристички водич за дојдовен туризам и тоа ми беше тежок период. Туристи нема, прекуграничниот проект со Косово за Културно Наследство тогаш привршуваше и одеднаш се најдов со многу слободно време и многу прашања, меѓу кои „што понатаму “? Отсекогаш сум сакала да започнам нова приказна и токму ова време ми даде простор да истражам што точно сакам. Така започна мојот пат со Академијата за Внатрешен Дизајн на Семос Едукација.

Кој беше најинтересниот и омилен дел од наставата?

Дефинитивно курсот за 3DsMax кој ни беше пренесен од страна на Јулија Груевска. Тоа е сложен и тежок програм кој бара посветеност, меѓутоа Јулија ни го пренесе на еден лесен, забавен и релаксиран начин, дополнет со многу повторување и зборување за работите што не ги знаеме, трикови и насоки поради што веднаш знаев дека крајниот проект ќе го работам во 3DsMax.

Каде те однесе патот по самото завршување?

Ми отвори нови хоризонти и ми даде конкретни насоки и идеи за понатамошен раст. Се впуштив во водите на дигиталниот свет и фриленс работата која зема се поголем замав. Денес работам како фриленсер на проекти поврзани со внатрешен дизајн и графички дизајн.

Што им препорачуваш на сите кои сакаат да се запишат на Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација?

Моја препорака е дека секој кој сака да се стекне со големо знаење и да започне еден ваков пат, дефинитивно не треба да се мисли. Јас ја завршив Академијата во време кога уште бевме дома поради Ковид и знам дека после долго размислување кој пат да го започнам, го избрав правилното за себе. Со знаењето кое го стекнав на Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација , се чуствувам спремна за следното поглавје во мојот живот и секој предизвик кој доаѓа со една ваква професија.

И секако, би сакала да ве посоветувам да поставувате милион прашања ( вели Маја низ смеа 😊). Јас мислам дека можеби на моменти бев и досадна, но тоа ми ја даде самодовербата и можноста целосно да ги разберам работите. Професорите се отворени за дискусија и во ниеден момент нема да ве остават без одговори и неразјаснета материја.

Кои се твоите идни очекувања и желби кои би сакала да ги споделиш со нас?

Очекувања и желби имам милион, но секогаш оставам времето и текот на работите да го кажат своето. Би рекла дека моментално најголемиот предизвик и желба ми е да растам на кариерно поле и секако секојдневно да имам причина и можност за искрена насмевка и радост. 😊

#interior-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР