Кариерен Центар - Мостот меѓу компаниите и студентите како во Македонија така и во Србија

Во овој блог, ќе можете да прочитате што ни раскажаа Јана од македонскиот тим и Ивана, од спрскиот тим - менаџери на Кариерниот Центар во Семос Едукација.

БЛОГ ОБЈАВА

Кариерениот Центар е мост помеѓу студентите и компаниите соработници и ги поддржува студентите во нивниот професионален развој по завршувањето на академија со тоа што ги подготвува за интервју и ги препорачуваа на компаниите на кои им е потребен кадар за работа.

Ивана, ти си веќе 3 години дел од Кариерниот Центар, од кои една во Белград, Србија каде Семос Едукација има свои канцеларии, но и Семос Академии 😊 Можеш ли да ни раскажеш повеќе за тоа која е целта на Кариерниот Центар, од една страна за студентите од Академии, а на друга страна за компаниите соработници?

Кариерниот центар настана многу спонтано како резултат на барањата на компаниите и слушателите кои посетуваат обуки/академии во Семос Едукација. Токму заради тоа, Кариерниот центар претставува мост кој ги поврзува компаниите и нашите слушатели. Нашата цел е да бидеме партнери кои ќе ги поддржат компаниите соработници во пронаоѓање на нови членови на нивниот тим. Од друга страна, ги поддржуваме и слушателите кои покрај тоа што посетуваат технички обуки, добиваат дополнителна поддршка за апликација во компании и препорака од наша страна.

Јана, Кариерниот Центар во Македонија, веќе брои 100+ компании соработници. Што е уникатно за Кариерниот Центар, што бројот на компании се повеќе и повеќе се зголемува?

Во однос на Кариерниот Центар би рекла дека уникатно е тоа што ги препознава потенцијалите на нашите слушатели,а воедно и потребите на компаниите. Со тоа ги вмрежуваме оние кои бараат работа или пракса и оние кои ја нудат истата.Во тој поглед се трудиме да секогаш сме достапни и отворени за разговори, идеи, па дури и критики – се со цел да го подобриме нашиот квалитет.

Исто така како Кариерен Центар им нудиме на компаниите со кои соработуваме можност за дообука и развој на нивните вработени.

Ивана, Семос Академиите веќе трета генерација/трет упис стартуваат оваа есен во Србија. Можеш ли да ни кажеш колку е голема веројатноста за вработување по завршување на академија?

Академиите во Србија, почнаа пред една година и веќе имаме три генерации слушатели. Она што навистина ме радува е што им овозможивме на слушателите да работат на проекти и да го изградат своето портфолио со што ги однесовме чекор напред во остварување на нивната цел. Дел од нив успеаа да се преквалификуваат и да се вработат, додека има и такви чија цел беше доквалификација и кои успеаа да напредуваат во кариерата. Имајќи ги во предвид посветеноста на нашите тренери и квалитетот на програмите кои ги нудиме заедно со поддршката од Кариерен центар, би можела да заклучам дека постои голема веројатност за пракса/ вработување после академиите во Семос Едукација. Но сепак да не заборавиме дека успехот зависи и од тоа колку слушателите се трудат да ја остварат својата цел.

Јана, колкав е просечниот број на вработени по академија, преку кариерен центар и како компаниите ги препознаваат студентите од Семос Едукација?

Просекот на вработливост зависи од тоа за која Академија станува збор. Најчесто повеќе од 50% од слушателите на Академиите по завршувањето успеваат да си обезбедат место за пракса или вработување во фирмите со кои соработуваме. Компаниите кои ни се соработници ги препознаваат слушателите по нивните квалитети кои ги истакнуваат во текот на своето студирање и работата на реалните проекти во текот на Академиите. Исто така можат да ги запознаат доколку на некоја од Академиите се Талент партнери и директно учествуваат во истите со задавање на проект и тековно следење на неговото изработување.

За крај, прашање до двете: Која е пораката од Кариерниот центар до сите студенти, а која е пораката до компаниите?

Ивана: На нашите сегашни и потенцијални слушатели, би им порачала дека колку и да се чини тешко, ништо не е невозможно. Доволно е само да бидете истрајни во остварување на вашите цели и да верувате во себе. Компаниите, од друга страна се соочуваат со многубројни предизвици меѓу кои предизвикот да пронајдат обучени кадри кои би се вклопиле во нивниот тим. Ние во Семос Едукација ги разбираме нивните потреби и тука сме да ги поддржиме во надминување на предизвиците. И ние самите се соочуваме со истите, но за среќа ги имаме нашите слушатели кои неретко стануваат членови на нашиот тим.

Јана: На слушателите би сакала да им кажам дека секоја промена е тешка, но дека не треба да се разочаруваат доколку имаат неколку НЕ во животот. Сепак тоа е еден круг кој константно се врти и менува и секогаш кога една врата се затвора, друга се отвара. На компаниите би им препорачала да останат отворени за соработка и да продолжат да ги препознаваат квалитетите во нашите слушатели. Сепак не секогаш го наоѓаат она кое го бараат, но затоа ние како Семос Едукација сме тука да им помогнеме да ги исполнат и пронајдат своите идни колеги во светот на IT. Се што треба да направат е да станат наши компании соработници! 😊

#semos-academies
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР