Од Академијата за Дигитален Маркетинг до вработување во SilverLeads

Ивана Јорданоска: "Моето „да“ кон нова кариера во дигитален маркетинг"

БЛОГ ОБЈАВА
Што беше најголемиот „aha!“ момент додека учеше на Академијата?

Дефинитивно кога работевме на реални проекти и требаше самите да направиме стратегија за социјалните медиуми. До тој момент мислев дека е доволно само убав дизајн и креативен текст. А тогаш сфатив – без анализа, цели, избор на публика и мерење резултати – нема вистински маркетинг. Тогаш ми стана јасно колку е сè поврзано и добив самодоверба дека можам да работам реална работа.

Имаш ли некој „fail to fun“ момент што сега ти е забавен?

Copywriting! Си мислев: „Ова ќе ми биде најлесно, знам да пишувам.“ А кога требаше да напишам реклама – ништо не звучеше добро. 😅 Сфатив колку е важно да знаеш што точно сакаш да постигнеш со текстот. И научив дека постои голема разлика меѓу copywriting и content writing. Денес токму пишувањето ми е најинтересниот дел!

Како реагираа твоите блиски кога им кажа дека менуваш кариера?

На почетокот – изненадување. Не знаеја што точно значи дигитален маркетинг. Ама кога им објаснив дека е и анализа, рекламирање, SEO, стратегија – добив поддршка. Тоа многу ми значеше.

Кој е најнеочекуваниот совет што го доби од менторите?

Менторката ни рече: „Техничкиот дел ќе го научиш – ама важно е да размислуваш како маркетер.“ Тој совет ми го смени начинот на гледање. Не е поентата само што правиш, туку зошто. Почнав да ја гледам пошироката слика.

Што би им препорачала на тие што се двоумат дали да сменат кариера?

Да не чекаат „совршен момент“ – затоа што таков нема. Ако нешто ти е интересно, пробај! Запишувањето на Академијата за графички дизајн во Семос Едукација ми беше прв мал чекор, но таму добив сè: знаење, поддршка и самодоверба. Таму за првпат навистина поверував дека можам – и тргнав.

#digitalmarketing
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР