Интревју со Гала Секуловска, студент на Академијата за човечки ресурси
Јас сум свежо дипломиран психолог и секогаш сум имала голем интерес за тоа како се одвиваат процесите во организациите и како истите функционираат. Мојата одлука за запишување на ХР Академијата во Семос Едукација беше многу лесна, главно поради реномираното искуство на сите предавачки, одличните искуства на претходните слушатели и исцрпноста на програмата.
Академијата за човечки ресурси ме наоружа со сите потребни знаења за да можам многу полесно да започнам со кариера во ХР одел. Преку многубројните и разновидните практични примери и вежби кои ги споделуваат предавачите и останатите членови на групата, се учи за тоа како треба и како не треба да постапува еден ХР специјалист и за малите детали кои се често изоставувани, а се многу важни.
Сите предавачи на академијата се врвни професионалци со долгогодишно и широко искуство во областа на човечките ресурси. Тие преку практични примери и длабински дискусии ни го споделуваат своето знаење кое е неспоредливо со работите кои се учат од книга, а нивната посветеност на секој поединечен член од групата многу помага во разрешувањето на сите дилеми и добивање одговори на сите можни прашања.
Мојата препорака за сите идни студенти е без дилеми да ја зграпчат шансата за проучување на човечките ресурси преку академијата за HR во Семос Едукација, постојано да се вклучуваат во дискусиите и да ги поставуваат сите прашања кои им паѓаат на памет за да можат целосно да го впијат знаењето од предавачите.
По завршувањето на Академијата за Човечки Ресурси, Гала Секуловска ја започна својата кариера во компанија Leoron како дел од нивниот HR тим. Со стекнатите вештини и практично искуство од академијата, таа успешно се справува со сите предизвици и напредува во својата професионална кариера.
Благодарение на знаењето добиено во Семос Едукација, Гала чекори по својот кариерен пат со јасна визија и подготвеност за успех!