ИТ светот за мене уште е широк поим, но со сигурност можам да кажам дека од ден на ден учам и разбирам нови работи за него.
Разговараме со Филип Мицевски, студент стипендист на IT Академијата за средношколци кој заслужено си доби оскар за Најдобар студент на генерацијата на манифестацијата Semos Academy Awards која за првпат се одржа во месец март 2023.
Народски кажано "уште од мали нозе", знаев дека идеалниот пат за мене е светот на компјутерите, односно технологијата. Отсекогаш се трудев да напредувам и да учам сè повеќе за дигиталниот свет. Академијата ми овозможи да се запознаам уште повеќе со овој свет, а со наградата за најдобар студент на генерацијата, ми се отворија повеќе можности.
ИТ светот за мене уште е широк поим, но со сигурност можам да кажам дека од ден на ден учам и разбирам нови работи за него. Најмногу за тоа се заслужни одличните професори од Академијата чии предавања со задоволство ги следев.
Со целото знаење и сите вештини кои ги поседувам во моментот, спремен сум да започнам професионална работа во ИТ светот. Следен чекор за кој се подготвувам е академското искуство од октомври, за кое се чувствувам многу поспремен и посигурен во себе, по целото стекнато знаење со кое се надоградив минатата година од Академијата за ИТ средношколци. По завршување на факултетот, спремен ќе чекорам со полна пареа кон остварување на моите амбициозни цели.
Љубител сум на роботиката и на автономните мобилни роботи. Имав прилика во тој дел да се натпреварувам на RoboMac Junior 2022 на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии, каде што освоив второ место во авотонмни мобилни роботи програмирани во Arduino. Но желбата за професија која што сакам да ја работам во иднина е Веб девелопер. Таа желба стана посилна кога го поминав модулот „Веб дизајн/Веб програмирање“ кај професорот Димитар Маленков кој ми стана омилен.
Ако сте сигурни во себе дека ИТ светот е тоа што сакате да го работите и константно да го учите, оваа академија е најдобрата опција за вас доколку сте средношколци. Според мене училиштата не нè запознаваат со доволното знаење и вештини во ИТ, па Академијата е најдобрата опција која ќе ве припреми за сè што следи во ИТ светот по средното образование.