Вработена и тренер во Семос Едукација
Елена Димовска е Data Analyst и Microsoft Certified Trainer во Семос Едукација. По завршени студии на Официјалниот Microsoft Data Science Институт, понудата дојде од Семос Едукација и со задоволство прифатив да бидам дел од тим кој постојано учи и расте.
Пренесувањето на знаење ме инспирира и мотивира секогаш да бидам во тек со најновите трендови во науката за податоци. Секое искуство со луѓе кои имаат желба да се едуцираат ме фасцинира и сакам да допринесам за развојот на еден професионалец.
Анализата на податоци е и моја професионална определба бидејќи студирав на Економскиот Факултет, департман Финансиски менаџмент и образованието го заокружив со магистратура на тема која обработуваше управување и анализа на еден од банкарските ризици. Долгогодишното професионално искуство ми е врзано со анализи на финансиски податоци, но сега сум особено горда на моите технички вештини кои ги стекнав со Microsoft Power Platform кои ми помагаат да градам решенија за креација на low-code апликации, автоматизација на процеси и анализа на податоци. Сметам дека економистите со развиен аналитичен ум мора да се надградат со технички вештини како Power BI, Power Apps, Power Automate и Power Pages.
Еден предавач кој предава обуки од областа на анализа на податоци треба да поседува пред сè аналитичен ум и желба да пренесе знаење, како и длабоко познавање во програмскиот јазик DAX, моделирање и визуализација на податоци.
Кога работиш со луѓе секогаш е динамично. Можам да ги издвојам ситуациите кога се создава кохезија во групата, сите се запознаваат и зближуваат, споделуваат искуства и учат нови вештини. Таа позитивна атмосфера секогаш ме мотивира да вложам максимум на предавањата.
Најмногу ми значи feedback во форма на успешно решение изработено во форма на креативен Power BI извештај или low-code апликација на крајот на еден курс. Тоа доволно ми зборува за посветеноста на студентите во текот на предавањата што значи дека сум успеала да го задржам вниманието и да пренесам нови знаења и вештини.
Споделувањето на знаење, запознавањето на нови луѓе и следењето на тековните случувања во светската технологија и наука.
Мојата порака би гласела: Споделувајте го своето знаење за да ја шириме заедницата на подготвени професионалци во земјата и пошироко.
Секоја обука се договара во корелација со предавачите. Се почитува концептот work-life balance како основа за континуирано задоволство како на тренерите и компанијата, така и на слушателите.
Да споделиш знаење е благородна задача и позитивните коментари од слушателите се дополнителен мотив дека сме на вистинскиот пат. Да промениш нечиј живот во позитивна насока е чест и привилегија.