Rising star of the week – Дарко Ѓорѓиевски

Сметам дека завршниот проект за мене беше од голема корист и одлична насока за понатаму во иднината.

БЛОГ ОБЈАВА
Кој е Дарко? Зошто се одлучи токму за Software testing Aкадемијата на Семос Едукација?

Моја пасија отсекогаш биле јазиците, дипломирав на Филолошкиот факултет Блаже Конески, отсек Превод и толкување, но бидејќи секогаш сум за учење нови работи и подготвен за нови предизвици, не случајно почнав да истражувам и да се распрашувам токму на темата software testing. Програмирањето и програмските јазици се поле во кое што немав никакво претходно искуство.

Software tester е професија која во последно време зема голем замав, сметам дека тоа е поле кое ти дозволува да бидеш иновативен и креативен и дека носи многу нови предизвици. Овој податок ми беше главна мотивација да се запишам на Академијата за software tester во Семос Едукација.

Како завршниот проект ти помага во остварување на твојата цел и преземање на следниот чекор во твојата кариера?

Сметам дека завршниот проект за мене беше од голема корист и одлична насока за понатаму во иднината. Ова е само отскочна даска која би и дала сосема нов правец на мојата кариера. Преку проектот сфатив колку тестирањето на квалитетот е од суштинска важност за развојот на еден софтвер. Со помош на менторите ги согледав сите препреки и можни проблеми кои можат да се појават во текот на работата.

Што би им препорачал на оние кои сѐ уште се двоумат за отпочнување на кариера во Software testing индустријата?

Во време кога сите индустрии, компании, се стремат да го задржат својот квалитет и угледот на својот бренд, ова е идеална можност за да ги промениме нештата, првично кај себе преку Академијата а потоа и за околината. Ниту еден момент не треба да се двоумите и да испуштите можност за учење нови работи па колку и да е сето тоа непознато за вас, бидејќи академијата ќе ве научи многу со помош на врвни ментори.

#software-tester
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР