Ана Марија Букчевска, дел од тимот на Семос Едукација

Графички дизајнер во Семос Едукација.

БЛОГ ОБЈАВА
Како дојде до одлуката да се запишеш на Акредитираната Академија за графички дизајн?

Истражував за различни едукативни центри и академиите што ги нудат, а по препораки и искуства од познаници, Акредитираната Академија за графички дизајн на Семос Едукација беше најдобрата опција. Едногодишните динамични студии, искусните професори, широкиот спектар на знаење, реалните општествено одговорни проекти и сеопфатната програма ми помогнаа да ја донесам вистинската одлука и да се запишам на Академијата.

Колку си задоволна од академијата и искуството кое го доби со работење на реални проекти?

Многу сум задоволна од академијата и целото искуство што го стекнав. Програмата е добро осмислена и професорите се навистина посветени во пренесување знаење, а искуството што го стекнав ми помогна многу во понатамошните проекти.

Кој е твојот омилен проект што го имаш изработено за време на Академијата за графички дизајн?

Омилен проект ми е постерот за ГалИцко Фестивал, затоа што имав можност да работам со реален клиент, а и илустрацијата на постерот ми беше предизвик кој по целиот труд вредеше. Постерот беше избран како официјален постер за фестивалот што за мене претставува огромна чест земајќи го во обзир фактот дека се одржува во чест на DJ Ицко во неговиот роден Галичник и што е спој од музика, младост и планинарење.

Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата практикантска работа во Семос Едукација?

Кариерниот центар на Семос Едукација беше еден од главните фактори за почетокот на мојата кариера како графички дизајнер. По препораките од професорите на Академијата и професионалците од Кариерниот центар го препознаа мојот потенцијал и максимално се ангажираа за да започнам со практикантска работа.

Што е она што најмногу те инспирира во создавањето креативи?

Секоја креатива е приказна за себе 😊 Преферирам да дизајнирам пропратно со звуците на мојата омилена музика, хип хоп, евергрини, поп, зависи од расположението. Ме инспирираат и природата, боите, дизајн трендовите…често знам да спојам ретро со модерен дизајн и од тоа да излезе супер креативен проект.

Раскажи ни нешто повеќе за твоите досегашни проекти во Семос Едукација со кои се гордееш најмногу.

Најмногу се гордеам со каталогот на курсеви што имав можност да го дизајнирам, тоа беше навистина обемен проект но со добра организација и поддршка од тимовите успеав да го реализирам.

Како би ја опишала работната средина во Семос Едукација?

Работната средина во Семос Едукација е супер позитивна, има голема поддршка во тимовите и сите се пријателски настроени. Секој проект е добро осмислен, а довербата за дизајнерско решение ми е препуштена мене, за што сум особено благодарна бидејќи имам слобода да експериментирам и иновирам.

Која е твојата омилена алатка за дизајнирање?

Иако на почетокот го преферирав Adobe Photoshop, моментално омилена алатка ми е Adobe Illustrator.

Која е твојата порака до идните студенти на Акредитираната Академија за графички дизајн?

Да веруваат во себе и да инвестираат во себе, постојано да се надградуваат со нови вештини од повеќе области и да бидат упорни во постигнувањето на кариерните цели!

#graphic-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР