со Кристина Тасева, студент на Академијата за вештачка интелигенција во Семос Едукација
Јас сум студентка на Компјутерски науки и бизнис на University of Warwick во Англија. Моите интереси отсекогаш биле наклонети кон информатика, математика, но и оптимизација на бизнис процесите во секојдневната работа, па затоа студирам две насоки истовремено. Вештачката интелигенција е последниот „хит“ во светот и полето кое во моментов го изучувам.
Официјалната CertNexus Академија за вештачка интелигенција на Семос Едукација е првата од таков вид во државава и веднаш „ми фати око“ откако ја разгледав програмата. Академијата беше можност да се стекнам со знаење за вештачката интелигенција во својата основа, како и за принципите и полето на нејзина примена во различни индустрии. Вештачката интелигенција има широка примена и само небото ѝ е граница, а е спој на сите мои интереси, па затоа ми се допадна и решив да ја изучувам.
Како студент кој доаѓа од технички факултет, сакам да градам иднина во еко системот на AI, па Академијата за вештачка интелигенција со својата програма ми помогна да изградам и дополнителни технички вештини со работа на реални податоци. Ова знаење е и иднината на информатичките технологии, но и на светот во целост. Уште повеќе, споделеното искуство на предавачите како професионалци кои работат во областа ми беше од непроценливо значење затоа што добивав практични совети и препораки цело време додека учев.
Кариерниот центар ги спроведува студентите кои покажале особен интерес кон работни позиции кои би биле соодветни за нив. Бидејќи јас бев една од првите кои се здобија со сертификат за вештачка интелигенција, тие ме препорачаа во AI одделот во Семос Едукација каде во моментов сум на пракса.
Во Семос Едукација навистина ми остави впечаток иновативноста да се развие нешто ново, во случајов вештачка интелигенција, која во Македонија ние моментално ја развиваме, како и посветеноста сето тоа да биде квалитетно и корисно. Поконкретно, јас сум во тимот за AI, работам на содржините кои следуваат во претстојниот период. Особено ми оставија впечаток и колегите во тимот со кои времето во канцеларија поминува во добро расположение, а на крајот од денот сите се чувствуваме продуктивно.
Како практикант во Семос Едукација го применувам стекнатото знаење во правец на развивање на нови програми за вештачка интелигенција и развој и надополнување на постоечките, како и создавање едукативни содржини за пошироката јавност. Ова е материја која брзо и значајно се менува, па следењето на трендовите и внесувањето на новини во програмите е од клучно значење. Замислата на Семос Едукација е градење заедница на корисници на AI во своето работење, но и во секојдневниот живот. Затоа, опширното познавање и разбирање на AI со кое се стекнав, ми дозволува да придонесам во сите програми кои вклучуваат или може да вклучат вештачка интелигенција.
Моите амбиции тежнеат кон создавање и ширење на IT решенија за мали и големи бизниси. Тоа подразбира развој на различни програми кои би правеле анализи или би нуделе начини за подобрување на вршењето работни обврски, со цел да се скрати времето за работа и да се зголемат ефикасноста и квалитетот.