Од слушател на Академија до вработен

Теодора Јовановска – Графички дизајнер во ТРИМАКС

БЛОГ ОБЈАВА
Kажи ни нешто за себе? Која е Теодора Јовановска?

Јас сум Теодора Јовановска, имам 21 година, живеам во Скопје и сум сертифициран графички дизајнер по завршената Академијата за графички дизајн во Семос Едукација. Како личност сум многу позитивна, креативна и љубопитна. Обожувам да се изгубам во страниците на книгите, да истражувам и анализирам, како и да ги реализирам идеите и мислењата на клиентот.

Како одлучи да станеш Графички дизајнер?

Уште како мала се занимавав и создавав нешто креативно и сакав тоа да го работам, па се одлучив по завршување на средно образование да се запишам на Акредитираната Академија за графички дизајн во Семос Едукација. Сакам да создавам нови светови, од ништо да направам нешто или пак од нешто недоволно добро да направам сосема ново нешто и тоа да изгледа одлично.

Опиши го твоето искуство со обуката и што најмногу ти се допадна од неа.

Академијата во Семос Едукација ми помогна да ги стекнам потребните вештини и знаења што треба да ги поседува еден графички дизајнер. Најмногу ми се допадна изработката на сликовница за деца и се надевам дека ќе уживаат во секој миг поминат во нејзиниот шарен свет.

Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?

Благодарение на препораката од Кариерниот Центар на Семос Едукација, успеав да започнам кариера како графички дизајнер за што сум многу благодарна. По завршување на академијата, се вработив како графички дизајнер во ТРИМАКС.

Што би им порачала на младите луѓе и генерално на луѓето кои сакаат да работат во областа на Графички дизајн?

Сите оние кои имаат желба да ја откријат својата креативна страна, а потоа и да се занимаваат професионално со графички дизајн, топло им препорачувам и ги охрабрувам да се запишат на Академијата за графички дизајн во Семос Едукација.

#graphic-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР