По вокација дипломиран криминолог, а моментално практикант во Одделот за човечки ресурси во ТАВ Македонија. Јас сум личност која има огромна желба за работа со луѓе.
По вокација дипломиран криминолог, а моментално практикант во Одделот за човечки ресурси во ТАВ Македонија. Јас сум личност која има огромна желба за работа со луѓе.
Барајќи нови кариерни предизвици и водена од желбата за работа со луѓе, без многу двоумење ја одбравАкредитираната Академија за човечки ресурси на Семос Едукација која се покажа како вистинска можност за мене. Тука запознав навистина прекрасни луѓе, одлични предавачи и колеги. Динамични предавања, вежби, дискусии, несебично споделени искуства и совети беа нашето секојдневие, кое што продолжи и по завршувањето на академијата. Со задоволство можам да кажам дека оваа академија ми донесе огромно знаење кое што денес секојдневно го применувам во мојата практична работа.
Мојата претходна работна позиција беше во секторот за продажба, а денес со гордост можам да кажам дека сум дел од Одделот за човечки ресурси на ТАВ Македонија, што сосема случајно (или пак не 😊), произлезе токму од едно познанство од академијата. Во ТАВ Македонија која управува со Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид и која е дел од светскиот бренд ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, го практикувам наученото на Семос Академијата за човечки ресурси, а истовремено стекнувам нови знаења и вештини користејќи го богатото меѓународно знаење што го поседува ТАВ.
На сите вас кои размислувате за промена на својата кариера, можам само да ви кажам дека ова е еден предизвик кој ќе ви донесе многу знаење и ќе ве натера да размислувате како никогаш претходно, што топло ви го препорачувам.
На Академијата научив многу корисни работи во теорија и уште повеќе во пракса што беше одлична основа за почетокот на мојата кариера.