Отворен ден во Академијата за графички и веб дизајн

Семос Едукација организира отворен ден за сите заинтересирани лица кои сакаат да се запознаат со едногодишните стручни студии за Графички дизајнер и Full Stack Веб дизајнер и со отворениот конкурс за стипендија за 2023/24 год на темa “Ликот на иднината”.

ЗА НАСТАНОТ

Семос Академија за графички и веб дизајн, приказна која трае 17 години...

Aгенда:

  • Најпрво ќе те информираме за отворениот конкурс за стипендија, правилата и начинот на аплицирање. Краен рок на апликација е 4 мај 2023 год, а ти си на потег и имаш шанса креативно да се изразиш да аплицираш и добиеш целосна или делумна стипендија.
  • Ќе дознаеш повеќе за професиите графички дизајнер - специјалист и Full Stack веб дизајнер. Каков профил на личности се, каде сé можат да работат, колку заработуваат и сл...
  • Ќе дознаеш повеќе за нашите вредности, зошто сме најдобри и по што се разликуваме од сите други (акредитација, богато портфолио со проекти од општествено одговорни практики, можност за започнување на кариера...)
  • Ќе ги дознаеш начините за упис во новата академска 2023/24 година, попусти, поволности и најраната уплата до 30 јуни 2023 год.

ДОМАЌИНИ на овој настан ќе бидат студентите од генерација 2022/23 кои ќе ги споделат своите искуства од студирањето и ќе ги презентираат своите проекти. Ќе се запознаеш дополнително со дел од тимот на Академијата за графички и веб дизајн.

Со нетрпение те очекуваме 😊

И се гледаме, овој пат во ЖИВО!

ДАЛИ СИ ТИ СЛЕДНИОТ ГРАФИЧКИ ИЛИ FULL STACK WEB ДИЗАЈНЕР?

Дојди на отворениот ден!

РЕЗЕРВИРАЈ МЕСТО