Од љубовта кон видео игрите до Академијата за Game Development во СЕМОС Едукација – запознајте го Стефан Мурговски од Битола и неговата приказна.
Јас сум Стефан Мурговски од Битола и сум голем фан на видео игрите уште од детството. Отсекогаш сум бил навлезен во светот на видео игрите, мислам дека се многу интересен медиум и секогаш сум сакал да ги реализирам моите идеи, карактери и светови. Го открив Семос преку социјалните мрежи и одма се запишав за Game Development курсот, и мило ми е што се запишав бидејќи многу сум задоволен и имам научено многу!
„Неуспехот не е знак дека треба да прекинеш, најмногу се учи така, и после секој неуспех стануваш подобар и подобар.“
Многу различни и интересни модули има, од секој модул стекнуваш нови вештини за понатаму. Се покрива секој дел од game development и тоа е супер.
Многу ми помогна, се имам запознаето со многу добри луѓе во последниве неколку месеци преку Семос од кои имам научено за професионалната страна на светот на видео игрите.
Продолжете напред, иако можи да изгледа тешко. И бидете креативни, тоа е најдобрата алатка.