Со БИМ технологија до целосен животен циклус на една зграда

Глобален тренд или потреба во АИГ секторите

БЛОГ ОБЈАВА

Следејќи ги глобалните трендови во АИГ (Архитектурата, Инжинерството и Градежништвото), Семос Едукација во својот богат каталог курсеви го воведе и курсот за Autodesk BIM Specialist, перспективна насока за сите оние чија професија налага употреба на БИМ технологиите или едноставно себеси се гледаат во овие индустриски гранки.

Со цел подобро да ве запознаеме со БИМ технологиите и нивната примена, поразговаравме со Трајче Стојанов, Autodesk сертифициран инструктор во Семос Едукација.

Трајче, како лиценциран архитект и долгогодишен предавач на Autodesk курсевите во Семос Едукација, опиши ни кратко што се случува во светот со БИМ технологијата, зошто е толку популарна и неопходна во градежната индустрија?

БИМ технологијата е во фокусот на AECO (Architecture / Еngineering / Construction / Operation) индустријата, особено последнава деценија бидејќи со нејзина помош се решаваат наталожените проблеми со брзината и квалитетот на градење, пробивањето на буџетите, неоптималните трошоци при употребата на зградите итн. Бенефитите се значајни, па често и државите се решаваат со закон да наметнат употреба на БИМ барем во јавните проекти. Мора да се каже дека Македонија прилично доцни во примената на оваа технологија, но верувам дека ситуацијата драстично ќе се промени во наредниот период.

Со БИМ апликацијата можеме да го проектираме целосниот животен циклус на една зграда. Можеме ли некако детално да го објасниме ова?

БИМ технологијата е повеќе од софтверска апликација но софтверот е во нејзината срж бидејќи со помош на софтвер се креираат и манипулираат БИМ моделите. Засегнатите страни, инволвирани во фазите од животниот циклус на зградите, активно користат разни БИМ апликации во своето работење и соработуваат во една колаборативна средина. На пример, проектантите користат апликации од типот на Autodesk Revit за да создадат БИМ модел, во pre-construction фазата се користат апликации од типот на Autodesk Navisworks за пронаоѓање на грешки во моделот но и за организација на градење. БИМ моделот од изведениот објект, понатаму може да се користи од страна на апликациите за Facility Management.

За кого е наменета оваа БИМ технологија освен за архитекти, проектанти и урбанисти?

Сите инволвирани страни во процесот на инвестирање, проектирање, градење и одржување на објекти, имаат бенефит од БИМ технологијата. Покрај можноста сите да комуницираат во една колаборативна средина и со тоа да нема губиток на информации, односно неусогласеност, БИМ технологијата нуди поголем квалитет, брзина, поголема интелигентност на моделите и системите. Бенефитите се толку големи што различни целни групи формираат сопствени препораки и стандарди за работа во БИМ. На оваа тема има многу што да се зборува, но сепак само би додал дека БИМ технологијата во поново време се комбинира и со други дигитални технологии, како ГИС, ВР, СмартСити итн. за решавање на проблеми од многу поголем размер. 

Колку е барано да имаш познавање на БИМ во своето портфолио за клиенти? 

Некогаш да се биде БИМ писмен значеше да се има конкурентска предност, но денес БИМ технологијата е широко прифатена (во развиените земји). Тоа значи дека таму, БИМ технологијата се изучува на факултетите, па компаниите добиваат кадар спремен за работа. Секогаш на цена се оние кои се чекор понапред. Дигиталните вештини никогаш не биде толку ценети како денес.

#interior-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

НАЈНОВИТЕ СВЕТСКИ ТЕХНОЛОГИИ ТИ СЕ ДОСТАПНИ!

Откриј ги поволностите за учење.

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР