„Ако можеш да го замислиш, можеш и да го оствариш.”
Јас сум Андреј Блажевски, имам 22 години и мојата желба и амбиција да растам со голем тим од професионалци го насочија мојот пат кон СЕМОС Едукација.
„Ако можеш да го замислиш, можеш и да го оствариш.”
Секој од нас е посебен и креативен на свој начин. Сметам дека нема пречка доколку нешто навистина сакаме да постигнеме.
Професионалниот тим, посветеноста на професорите, вниманието и насоките што ми беа посветени низ целиот процес за да се изградам како UX/UI дизајнер.
Постојано учиме, созреваме и се надградуваме. Така, и самата Академија ме научи соодветно да го препознавам секој проблем, за истиот да пронајдам соодветно решение и постојано да изучувам нови работи.
Ве охрабрувам да бидете слободни и да ја покажете вашата креативност. Прашувајте — тимот на СЕМОС ви стои на располагање. Бидете активни, бидете свои, верувајте во себе и следете ги вашите соништа.