Здраво! Ти си тука, што значи дека си паметна личност која сака професионално да се занимава со анализа на податоци и сакаш да ги усовршиш своите вештини од оваа област, со цел да добиеш поголеми можности за градење на кариера, вработување или поголеми примања. Единственото место во Македонија каде што ќе учиш по официјална Microsoft програма и ќе станеш Microsoft Certified Data Analyst
Семос Едукација како Microsoft Solution Partner во соработка со Microsoft ја креираа единствената програма на овие простори за да овозможи да се стекнете со сите неопходни вештини за да станете признаен Дата Аналитичар во светски рамки.
ЗАКАЖИ СРЕДБАМожностите за Дата Аналитичар како професија која е една од најбараните на денешницата, се зголемуваат со огромна брзина, како одговор на експоненцијално зголемување на бројот на податоци кои се генерираат секојдневно и потребата од нивна сеопфатна анализа. Компаниите сѐ повеќе вработуваат Дата Аналитичари со цел да решат значајни бизнис проблеми.
Ако сакаш професионално да се занимаваш со анализа на податоци и да ги усовршиш своите вештини од оваа област со цел да добиеш поголеми можности за градење на кариера како и вработување или поголеми примања оваа официјална програма е вистинскиот избор.
Оваа Microsoft официјална програма е за тебе доколку:
Имаш желба за учење
Си математичар
Знаеш Excel (pivot табели, sub totals, формули и функции)
Си логичар
Сакаш да решаваш проблеми
Имаш чувство за бизнис
Способноста правилно да се анализираат податоците, да се разбере резултатот од нивната анализа, како и да се донесат правилни одлуки врз база на направената анализа е клучна вештина во денешно време.
Со изучувањето на основите на анализа на податоци, вклучувајќи визуализација, описна статистика и користење на логиката за пребарување на сетови на податоци, ќе бидете подготвени да ги анализирате податоците од било кој облик и од било која индустрија. По завршување на оваа академија, ќе знаете како да ги анализирате податоците во контекст на различни организации и индустрии и да бидете оние кои ќе го прикажат резултатот од анализата со што ќе се донесат вистински бизнис одлуки.
Испит | Курс | Часови |
---|---|---|
DP-080: Querying Data with Microsoft Transact-SQL | 24 | |
Analyzing Data with Excel and Essential Statistics | 32 | |
PL-300 | PL-300 Microsoft Power BI Data Analyst | 32 |
Analyzing Data with Python | 36 | |
Испит PL-300: Microsoft Power BI Data Analyst |
Фриленс работењето е одличен старт по завршување на академијата.
По завршување на Академијата, ти овозможуваме фриленс курс во вредност од 9000 денари, а ти ќе имаш можност да го слушаш бесплатно.
Содржина на курсот: |
---|
Комуникација со клиенти |
Time management |
Project management |
Плаќање и даноци |
Креирање и развивање на сопствен Фриленс профил |
Со посета на курсот ќе стекнеш знаења и вештини кои ќе те претворат во успешен фриленсер!
Признаени професионалци, интернационални експерти од областа, како докажани Microsoft сертифицирани предавачи. Со повеќе од 18 години искуство и со обучени над 80 data scientists, како во земјава така и во странство. Тоа се првите Microsoft сертифицирани тренери во Македонија кои пред 5 години се стекнаа и со титулата Microsoft Data Scientist.
Microsoft Certified Trainer
Microsoft Certified Trainer
Microsoft Certified Trainer
Конкурсот за стипендија е затворен!
Почетник
4 месеци
124 часови
1.824 EUR
Во готово / на рати
Онлајн
22 септември 2024
Како да пишуваш TSQL queries за да направиш извештаи за анализа на податоците и бизнис интелигенција
Напредни техники применети за анализа на податоци во Excel и статистичка анализа на податоци во Excel
Како да анализирате податоци со користење на Microsoft Power BI – водечка алатка во оваа област
Анализа на податоци со Python
По завршување на оваа единствена официјална Microsoft Data Analyst академија, ќе ги имаш сите потребни знаења и вештини за да започнеш кариера како Microsoft Data Analyst и тоа со користење на најбараната алатка Power BI и програмскиот јазик Python и најкористениот клауд сервис PowerBI.com кој нуди поддршка на целиот процес за анализа на податоци.
Кариерниот центар на Семос Едукација ќе те поддржи во процесот за апликација за пракса или вработување во компании соработници и талент партнери со кои заедно ќе работиш на реални проекти.
Банка и финансиски институции
IT индустрија
Маркетинг
Медицина
Производство
Гејминг
Осигурителни компании
Во просек ќе заработуваш 66.593 денари месечно.(plata.mk)
70% од сертифицираните Data Analysists наоѓаат работа веднаш после првиот месец по сертифицирањето. Во моменот оваа професија е во подем и расте многу брзо а можностите за работа се неограничени на светски размери.
Раководител на академијата за Data Analyst
simona.miladinovska@semos.com.mk
+389 78 270 762, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.