Махир Шаботиќ од Академијата за Веб дизајн
Махир е студент на Академијата за Веб дизајн во Семос Едукација, млад човек со јасна цел да ја претвори својата креативност во професионална вештина која носи конкретни резултати.
„Уште од почетокот имав желба својата креативна страна да ја искористам за градење на мојата иднина. Сакав да работам нешто што ќе ми донесе не само задоволство, туку и конкретни знаења. Токму затоа Семос Едукација беше вистинското место за мене,“ вели Махир.
За Махир успехот не е случајност, туку резултат на напорна работа, дисциплина и континуирано учење.
„Моето мото гласи: успехот е резултат на дисциплина, не на случајност. Секој ден се трудам да работам на себе, да учам и да ги надградувам своите вештини,“ споделува тој.
Овој став го мотивира да вложи време и труд во секое предавање, секој проект и секоја нова алатка што ја учи.
Она што Махир најмногу го ценел на Академијата за Веб дизајн е начинот на одржување на предавањата, но и луѓето со кои учи.
„Целокупниот концепт на предавањата ми остави најголем впечаток не само поради тоа што се структурани и практични, туку и поради амбициозните луѓе со кои работиме. Тука стекнав нови пријателства, а предавачите се максимално посветени да ни помогнат да научиме колку што можеме повеќе,“ вели Махир.
Тој ја нагласува и поддршката што ја добива од наставниците, кои се секогаш достапни за објаснување, совет или нов предизвик.
Махир истакнува дека Академијата му дава повеќе од само знаење - му дава увереност и практична основа што ќе му користи во иднината.
„Академијата ми дава практично искуство, менторска поддршка и мотивација. Овие три работи заедно ме водат кон професионален успех и лична исполнетост. Не се работи само за учење теорија, туку за вистинско практично искуство што го применувам со задоволство,“ објаснува тој.
На крај, Махир испраќа искрена порака до сите кои размислуваат да се запишат:
„Трудете се да наоѓате уникатни начини за учење. Како што секој има свој стил на работа, така треба да најдете свој начин на учење и разбирање. Истражувајте, пробувајте и не се плашете да грешите - така растете.“
Ако и ти сакаш да ја развиеш својата креативност, да научиш како се создаваат функционални и визуелно привлечни веб-решенија и да ја насочиш својата иднина во дигиталниот свет, Академијата за Веб дизајн во Семос Едукација е одлично место да го направиш првиот чекор.