Кристина Павлеска од Академијата за UX/UI дизајн
Кристина Павлеска е студентка на Академијата за UX/UI дизајн во Семос Едукација. Таа е љубител на уметноста, создавањето и постојаното учење, а токму тие страсти ја доведоа до UX/UI дизајнот како професионална насока.
„Образовно доаѓам од преведувачката област, а професионално мојот пат се движеше од преведување и техничка поддршка до бизнис менаџерска улога во IT секторот. Тоа ми овозможи да ги согледам работните процеси од повеќе агли и да изградам силно чувство за комуникација, корисничко искуство и решавање проблеми, вештини кои денес природно ги применувам во UX/UI дизајнот,“ ни раскажува Кристина.
Со текот на времето, таа сфатила дека сака да премине во област каде креативноста и желбата за создавање се директно поврзани со технологијата и практичните решенија. UX/UI дизајнот го препозна како современа форма на креативно размислување, каде естетиката и функционалноста одат рака под рака и создаваат реална вредност.
„Одбрав да учам во Семос Едукација затоа што тука се нуди структуриран пристап, менторска поддршка и средина во која можам да се развивам со јасна цел.“
Нејзиното мото е инспиративно и едноставно:
„Љубопитноста и ентузијазмот не се нешта што со време исчезнуваат, туку нешта што свесно се негуваат и кои нè движат напред.“
Овој поттик ја води секој ден низ нови предизвици и проекти, со желба за учење, развој и креација.
„Најголем впечаток ми остави професионализмот. Предавачите се искусни и знаат што прават, но уште поважно, знаат како ефективно да го пренесат своето знаење. Вистинскиот раст, според мене, се случува само кога средината е плодна и насочена кон студентот, а токму тоа го нуди Семос Едукација.“
Кристина додава дека прашањата и предизвиците се решаваат навремено, секој е достапен за поддршка, а атмосферата ја мотивира да вложи максимум, без непотребен притисок, но со јасни очекувања.
„Академијата ми помага да ги развивам моите природни афинитети преку практични и конкретни вештини, под водство на искусни предавачи. Ми помага да размислувам подлабоко, поструктурирано и критички, што директно го подобрува квалитетот на мојата работа.“
Кристина ја опишува UX/UI дисциплината како процес кој не е само технички, туку и ментален, каде што креативното и аналитичкото размислување заедно создаваат функционални решенија.
„Растот започнува надвор од комфорната зона. Дозволете си да нурнете во процесот на учење и откривање нови светови, без двоумење околу одлуки кои ве движат напред интелектуално, професионално и технички. Но најважно од сè уживајте во процесот. Кога учењето е задоволство, резултатите доаѓаат природно. And don’t forget to rock ’n’ roll!“
Ако и ти сакаш да ја развиеш својата креативност, да создаваш решенија што носат вистинска вредност и да учиш од искусни ментори, Академијата за UX/UI дизајн во Семос Едукација е твојот идеален прв чекор.