Rising Star of the Week:

Борис Ливрински од Академијата за Графички дизајн

БЛОГ ОБЈАВА

Борис Ливрински секогаш ја чувствувал љубовта кон дизајнот и визуелната креативност, но долго време не беше сигурен како сериозно да се посвети на тоа. По препораки од студенти кои веќе студирале на Семос Едукација, одлучи да му даде шанса и да започне својот пат во академијата.

„Од секогаш ги сакав дизајнот и визуелната креативност, но не бев доволно решителен за сериозно да им посветам внимание. Сега сум среќен што направив чекор напред,“ вели Борис.

Мото што го води напред

За Борис, напредокот е секогаш важно да се мери со својот претходен резултат. „Не важно дали е најдобро, важно е дали е подобро од претходното,“ споделува тој, додавајќи дека ова му помага да се фокусира на учење и раст, наместо на споредба со другите.

Најголем впечаток од Академијата

Борис го издвојува позитивниот и пријатен амбиент, како клучен за неговото учење:
„Времето поминува пребрзо, а тоа значи дека уживам во процесот. Ништо не е форсирано, и не постои страв при комуникација со професорите. И најмногу ми се допаѓа слободата што ја имаме да работиме, дизајнираме и споделуваме сопствени и различни мислења.“

Професионален развој

Академијата за Борис не е само учење на алатки за дизајн, таа е подготвка за реалниот професионален свет:
„Секој професор ни споделува совети, упатства и трикови од своето искуство. Покрај дизајн, учиме како реално се работи со клиенти, како се комуницира и како се развива професионален пристап.“

Порака до идните студенти

Борис има едноставна, но моќна порака:
„Во Семос Едукација секогаш можеш да бидеш ТИ. Единствената критика што ќе ја добиеш е со цел да станеш подобар, побрз и посмел професионалец. Искористи ја слободата да прашаш сè, бидејќи тука секогаш има кој да ти одговори.“

Ако бараш јасен правец и практично знаење во графичкиот дизајн, Академијата за Графички дизајн во Семос Едукација е средина во која се гради сигурна основа и сопствен стил.

#graphic-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР