Бојана Соколоска студентка од Академијата за Веб Дизајн
Промената започнува со желба да се учи и да се проба нешто ново. Таков беше и патот на Бојана, која одлучи да ја следи својата страст кон веб дизајнот.
„Сите техники што ги учевме на Академијата ми помогнаа, но најмногу работата со WordPress, како креирање на тема од нула, така и прилагодување на готови теми. Познавањето на HTML, CSS, JavaScript и PHP ми даде самодоверба да земам готова тема и да направам измени според специфичните барања на клиентот“, вели Бојана.
„Најмногу ми помогна завршниот проект од Академијата. Тој ми покажа како целиот процес функционира – од првиот состанок со клиентот, преку креирање и прилагодување на веб страната, до финализирање и предавање на готовиот проект. Се почувствував подготвена за реални предизвици на работното место“, додава таа.
„Ако мојот пат од Rising star of the week до успешно вработување би требало да го опишам со една реченица, би рекла дека е пат исполнет со постојано учење, прифаќање на предизвици и истрајност“, вели Бојана.
„Соработката со менторите беше одлична, тие секогаш беа тука да ни го пренесат целото знаење и да ни помогнат да ги разбереме техниките до најмал детал. Има премногу забавни моменти за кои ќе се сеќавам, и тешко е да издвојам само еден!“, признава Бојана со насмевка.
„Најголемо задоволство ми носи кога сајт на кој работам оди во живо, функционира супер и клиентот е задоволен. Тоа е и мотивација да продолжам да учам и да се усовршувам“, додава Бојана.
„Бидете љубопитни, експериментирајте и не се плашете од грешки. Тие се дел од процесот и најдобриот начин да растете“, советува таа за сите кои размислуваат да започнат кариера во веб дизајн.
Подготвени сте да ја започнете својата успешна приказна во веб дизајнот? Новите генерации на Академијата за веб дизајн стартуваат во септември 2026 – запишете се и бидете дел од практичното учење, проекти и вистинска поддршка од ментори!