Настан посветен на студентите од Семос Академиите, генерација 21/2022 година
Беа доделени и 10 стипендии во вредност од 10.000 илјади евра за нова генерација студенти на Академиите, во рамки на годинашниот проект за Општествено Одговорни Практики „Година на дарување”.
Покрај, тимот на Семос Едукација, на церемонијалната вечер присуствуваа неколку стотини студенти од 15-те Академии на Семос Едукација и претставници од над 88 талент - партнери компании со кои соработуваат овие Академии. Наградите ги освоија најистакнати студенти од генерацијата 2021/2022 година, за усовршување на својата наобразба на Академиите: JavaScript Академија акредитирана од МОН, Академија за човечки ресурси акредитирана од МОН, Академија за Внатрешен дизајн акредитирана од МОН, помеѓу наградените има и студенти од Академијата за графички дизајн акредитирана од МОН-специјалистичко образование, Академии за веб дизајн, UX/UI дизајн, Game Development, вештачка интелигенција, човечки ресурси во IT сектор, дигитален маркетинг, индустриски дизајн, софтвер тестинг, ИТ Академија за средношколци, и единствениот Microsoft Data Science Институт во Македонија.
Две награди отидоа и во рацете на талент партнер компаниите, од кои, една за најактивно учество во академиите JavaScript и Automation Software Tester, за „IT Labs“ и награда за најдобар партнер на проекти од општествено одговорни практики за „ЈП Лајка“, Скопје.
Модератор и домаќин на настанот беше тв новинарката Миланка Рашиќ, која донесе свежина во духот на холивудските оскари и меѓудругото рече: „Ова се вторите најважни Academy Awards годинава, кои јас ги пренесувам во живо“. Со поздравен говор до присутните се обрати сопственичката и извршна директорка на Семос Едукација, Валентина Тасева: „Изборот за кариера е еден од најважните избори зa секој човек, избор кој никогаш не е доцна да се направи, бидејќи знаењето и упорноста секогаш ќе ве доведат до посакуваната цел. Вие го направивте вистинскиот избор.“, истакна Тасева.
Семос Едукација, имаат и зошто да прославуваат, земајќи предвид дека повеќе од 27 години споделуваат знаење и досега успеаја да креираат успешни приказни за над 120.000 слушатели. Променија многу животи и над се, придонесоа за развој на дигиталната писменост на многу генерации. Како прв ИТ едукативен центар во државава, воспоставија нова димензија во дигиталната писменост. Инспирирани од подемот на најактуелните и најбрзо растечки професии на иднината, со над 50 сертифицирани предавачи, 400 ИТ курсеви и 15 Академии, со доквалификација, преквалификација и квалитетна едукација направија кариерни трансформации, кај многу луѓе, кои денес се професионалци во големи компании, сопственици на свои бизниси, успешни индивидуалци, а некои од нив и со светска кариера. Опфатија повеќе од 24 земји и успеаја да ја стават Македонија на мапата на земји со квалитетен ИТ кадар кој високо котира и во меѓународните компании.