Ана Ризовска Близновски, дел од тимот на Семос Едукација

Веб девелопер во Семос Едукација.

БЛОГ ОБЈАВА

Запознајте ја Ана Ризовска Близновски, нашата амбициозна студентка од Академијата за веб дизајн, акредитирана од МОН. Како студент на генерација, со поддршка од Кариерниот центар, својот кариерен пат го започна со практикантска работа во Семос Едукација. Денес е Web Developer во нашата компанија, а воедно и предавач на Академијата за веб дизајн и Академијата за UX дизајн.

Како дојде до одлуката да се запишеш на Академијата за веб дизајн?

Долго време размислував за промена на кариера, само не знаев што точно сакам. Откако ја погледнав програмата на Академијата за веб дизајн, сфатив дека таму припаѓам. Решив да направам голем чекор и аплицирав на истата.

Колку си задоволна од Академијата и искуството кое го доби со работење на реални проекти?

Презадоволна е мал збор. Додека работевме на проектите, имав шанса да изготвам комплетен проект, од правење mockup до комплетирање на динамична веб страна. Тоа само по себе значеше квалитетна основа за сите мои понатамошни проекти.

Кој е твојот омилен проект што го имаш изработено за време на Академијата за веб дизајн?

Не можам да кажам дека имам омилен проект, бидејќи секој со себе носеше различни искуства и знаења. Но, можам да ги издвојам мобилната апликација за паркинг и веб сајтот за организирање настани (бидејќи тој е првиот дизајн изработен во Adobe XD).

Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата практикантска работа во Семос Едукација?

Професорите и координаторот на Академијата го препознаа мојот квалитет и потенцијал, па веднаш по завршувањето на Академијата, ми беше дадена шанса да започнам како практикант во Семос Едукација. Кариерниот Центар пак, го поддржа и олесни целиот тој процес.

Што е она што најмногу те инспирира во секојдневната работа?

Приказната позади нештото што го дизајнирам. Секако, работата не е работа ако не е проследена со музка и потпевнување, смеа со колегите и добра кафе пауза. Токму за време на ваквите паузи произлегуваат најубавите креативни идеи.

Раскажи ни нешто повеќе за твоите досегашни проекти во Семос Едукација со кои се гордееш најмногу.

Во април оваа година, се пушти во продукција мојот прв веб сајт, сајтот на Семос Академиите. Бидејќи сум мајка, можам слободно да кажам дека љубовта и чувството кога ќе излезе во реалност твојот прв продукт е подеднакво убаво и важно како кога ќе се роди првото дете. Вложив многу труд во овој проект. На неговиот дизајн работев како практикант, а на неговата имплементација како вработен во Семос Едукација.

Во моментов работам на дизајнот на корпоративниот сајт, како и сајтот на Кариерниот Центар. Претходно го изработив Landing page - от на секторот за човечки ресурси. (https://hr.semosedu.com)

Како би ја опишала работната средина во Семос Едукација?

Тука сум своја на своето. Ме исполнува тоа што се цени моето мислење и вреднува мојата работа. Колегите пак, навистина се второ семејство. Подготвени да ти помогнат, посоветуваат и насочат доколку е потребно.

Заслужено, беше избрана за студент на генерација на академијата за веб дизајн, која е формулата за успех?

Иако звучи клише, формулата е само МНОГУ ТРУД. Бев максимално посветена на оваа Академија, активно слушав предавања, пишував домашни задачи, работев на проекти во тим и индивидуално. Слободното време го сведов на минимум, а тоа пак на крајот на Академијата резултираше со награда за најдобар студент.

Освен како вработена во Семос Едукација, ангажирана си и како предавач на Академијата за веб дизајн, Академијата за графички дизајн и Академијата за UX дизајн. Како е да се работи со студенти на академија?

Предизвикувачки и одговорно. Секој може да знае и тоа знаење да го преточи во успешен проект. Но, според мене, споделувањето на знаењето со студентите е посебна приказна. За мене е гордост кога на крајот на модулот, сите студенти имаат изработен проект по сите критериуми кои се побарани.

Која е твојата порака до идните студенти на Академијата за веб дизајн?

Запишувањето на Академијата е само еден чекор до успехот, додека пак патот на учењето зависи само од нас. Ако сакаме, ќе успееме, а секој од нас може да успее!

#web-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР