Веб девелопер во Семос Едукација.
Запознајте ја Ана Ризовска Близновски, нашата амбициозна студентка од Академијата за веб дизајн, акредитирана од МОН. Како студент на генерација, со поддршка од Кариерниот центар, својот кариерен пат го започна со практикантска работа во Семос Едукација. Денес е Web Developer во нашата компанија, а воедно и предавач на Академијата за веб дизајн и Академијата за UX дизајн.
Долго време размислував за промена на кариера, само не знаев што точно сакам. Откако ја погледнав програмата на Академијата за веб дизајн, сфатив дека таму припаѓам. Решив да направам голем чекор и аплицирав на истата.
Презадоволна е мал збор. Додека работевме на проектите, имав шанса да изготвам комплетен проект, од правење mockup до комплетирање на динамична веб страна. Тоа само по себе значеше квалитетна основа за сите мои понатамошни проекти.
Не можам да кажам дека имам омилен проект, бидејќи секој со себе носеше различни искуства и знаења. Но, можам да ги издвојам мобилната апликација за паркинг и веб сајтот за организирање настани (бидејќи тој е првиот дизајн изработен во Adobe XD).
Професорите и координаторот на Академијата го препознаа мојот квалитет и потенцијал, па веднаш по завршувањето на Академијата, ми беше дадена шанса да започнам како практикант во Семос Едукација. Кариерниот Центар пак, го поддржа и олесни целиот тој процес.
Приказната позади нештото што го дизајнирам. Секако, работата не е работа ако не е проследена со музка и потпевнување, смеа со колегите и добра кафе пауза. Токму за време на ваквите паузи произлегуваат најубавите креативни идеи.
Во април оваа година, се пушти во продукција мојот прв веб сајт, сајтот на Семос Академиите. Бидејќи сум мајка, можам слободно да кажам дека љубовта и чувството кога ќе излезе во реалност твојот прв продукт е подеднакво убаво и важно како кога ќе се роди првото дете. Вложив многу труд во овој проект. На неговиот дизајн работев како практикант, а на неговата имплементација како вработен во Семос Едукација.
Во моментов работам на дизајнот на корпоративниот сајт, како и сајтот на Кариерниот Центар. Претходно го изработив Landing page - от на секторот за човечки ресурси. (https://hr.semosedu.com)
Тука сум своја на своето. Ме исполнува тоа што се цени моето мислење и вреднува мојата работа. Колегите пак, навистина се второ семејство. Подготвени да ти помогнат, посоветуваат и насочат доколку е потребно.
Иако звучи клише, формулата е само МНОГУ ТРУД. Бев максимално посветена на оваа Академија, активно слушав предавања, пишував домашни задачи, работев на проекти во тим и индивидуално. Слободното време го сведов на минимум, а тоа пак на крајот на Академијата резултираше со награда за најдобар студент.
Предизвикувачки и одговорно. Секој може да знае и тоа знаење да го преточи во успешен проект. Но, според мене, споделувањето на знаењето со студентите е посебна приказна. За мене е гордост кога на крајот на модулот, сите студенти имаат изработен проект по сите критериуми кои се побарани.
Запишувањето на Академијата е само еден чекор до успехот, додека пак патот на учењето зависи само од нас. Ако сакаме, ќе успееме, а секој од нас може да успее!