Интервју со Марина Стојановиќ

студент на Акредитираната JavaScript Академија

БЛОГ ОБЈАВА
Здраво Марина. Кој беше твојот прв впечаток на почетокот од Академијата и какво е твоето досегашно искуство?

Секој почеток е тежок и голем предизвик, но со помош на предавачите кои се секогаш достапни, самото презентирање на материјалот низ практични примери, дополнителни вежби и домашни задачи, поддршката и професионалноста, значително се олеснува процесот на усвојување на материјалот.

Кои се твоите очекувања по завршувањето на Академијата?

По завршувањето на Академијата очекувам дека ќе поседувам соодветни знаења, способности и вештини од областа на JavaScript и дека истите понатаму ќе ги надградувам во една од најперспективните професии како веб девелопер.

Кога би можела да одбереш уште една Семос Академија за да го надополниш своето знаење, која би била таа?

Академијата за вештачка интелегенција би била мојот избор, бидејќи станува се поактуелна и применлива.

#javascript
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР