Од Академијата за Човечки ресурси до вработување во GEMAK
„Тој момент дојде кога сфатив дека моето знаење како психолог – разбирањето на мотивацијата, однесувањето и меѓучовечките односи - кога ќе се спои со добро структуирани HR стратегии, административни процедури и договори, може да создаде реална и значајна промена во организацијата. Формуларите и политиките сами по себе се важни, но нивната вистинска вредност се гледа тогаш кога се користат како алатка за градење доверба, подобрување на културата и поттикнување на професионалниот развој на луѓето. Тогаш ја почувствував суштината на HR - дека оваа професија е мост меѓу бизнис целите и човечките потреби, и дека токму во таа точка се креира разликата што ја прави една компанија успешна и одржлива.“
„Академијата ми даде одлична основа - не само теоретски, туку и преку реални примери, симулации и алатки што веднаш можев да ги применам. Плус, мрежата на контакти и поддршката од менторите ми дадоа сигурност дека можам да влезам во HR секторот подготвена и со самодоверба.“
„Да, тоа беше кога работевме на вежба за изработка на годишен HR план што вклучуваше стратегија за регрутација, обуки и задржување на талентите. Сфатив дека вистинската сила на HR-от е во предвидливоста и планирањето - кога однапред ги мапираш потребите, буџетот и времето, регрутацијата станува многу повеќе од реакција на празно работно место. Тогаш разбрав дека HR-от е како архитект на човечкиот капитал во компанијата.“
„Бев искрено возбудена, но и горда. Тоа беше потврда дека целиот труд, вложеното време и учење се исплатат. Почувствував дека сум на вистинскиот пат и дека можам веднаш да почнам да правам разлика во една компанија.“
„Најбрзо почнав да ја користам вештината за организирање и оптимизирање на HR процеси, особено во административниот дел, но со фокус на подобрување на искуството на вработените. Од алатките, тоа беа Excel и дигиталните HR системи што ги запознав на Академијата.“
„Ако сакате работа што комбинира стратегија, креативност и вистинска човечка поврзаност - HR е одличен избор. Не се плашете од промената, затоа што HR-от ви овозможува да влијаете на културата на компанијата и да им помогнете на луѓето да напредуваат. И што е најважно - вложувајте во учење, бидејќи ова е област што постојано се развива.“
И ти можеш да ја започнеш својата приказна!
Запиши се на Академијата за Човечки ресурси во Семос Едукација и направи го првиот чекор кон професија што навистина прави разлика.